Македонија
Раселените од Арачиново бараат Врховен суд да не им ги земе парите

Пред Врховниот суд во Скопје 50-тина раселени македонци од Арачиново кои 2001 беа протерани од скопското село, протестираа и бараа прием кај претседателот на судот
Причината за протестот е одлуката на државниот правобранител пресудите со кои тие добиле паричен надомест за претрпена штета да бидат укинати и повторно вратени на почеток во основните судови.„Се плашиме дека ќе останеме и без тоа што го добивме. Бараме судот да одлучува по законот и да ни ги потврди досегашните пресуди”, вели водачот на раселените , Јана Петрушевска. Во 2001 година од 176 куќи биле раселени 650 македонци од кои десетина проценти починале, загинале во воениот конфликт или извршиле самоубиство. Пет проценти се сместени во стречки домови а половината од нив од страв ги продале куќите и се населиле во околните села. Со судски постапки добиле 14 правосилни пресуди за отштета од по 30 илјади евра. Апелациониот суд им го одбил барањето за надомест на штета за претрпен стрес, повреда на честа и намалена животна способност. Во образложението е наведено дека не настапила смрт или телесна повреда па затоа не можат да добијат отштета. Раселените бараат правична одлука од Врховниот токму на денот кога биле избркани од Арачиново пред десет години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар