Политика
Јовановски: Власта да се откаже од „Скопје 2014“ во позла на стечајците
Потпретседателот на СДСМ тврди дека во Буџетот има пари за решавање на проблемот на стечајците, но владејачката партија требало да се откаже од скапиот проект „Скопје 2014“ и да не манипулира со нив за политички поени
„Денес е тажен ден во Република Македонија. По толку многу фалби за економските реформи на Владата, за тоа дека сме биле втори и трети во Европа, денес сме сведоци дека стечајците од повеќе градови од нашата земја протестираат пред зградата на Владата. Бараат парче леб. Ништо друго не им преостана, тотално игнорирани од владините министри, оставени да прегладнат до крај во онаа мала собичка во Куманово. За каков проблем станува збор? Според евиденцијата на институциите во нашата земја се регистрирани 9.600 стечајци. Според самите стечајци нив ги има околу 12 илјади. Тие за секој стечаец бараат финансиска поддршка од 90 евра месечно, сé до нивно повторно вработување или пензионирање. За државното ќесе тоа е издаток од помалку од 13 милиони евра годишно за сите 12.000 стечајци.“, рече Зоран Јовановски, потпретседател за економски на опозициската СДСМ на денешна прес-конференција. Тој на премиерот Никола Груевски му советуваше да на стечајците да има ја даде финансиската поддршка што ја бараат, бидејќи според Јовановски во Буџетот имало пари за ова, но би требало власта да се откаже од, како што нагласи “мегаломански проект ’Скопје 2014’“.„Второ, обезбедете механизам да се скрати времетраењето на стечајните постапки. Конечно нека завршат стечајните постапки што траат со години. Нека знаат стечајците на што се.“, додаде Јовановски барајќи од владејачката партија на денешната негова прес-конференција да биде одговорено за „м Немојте да одговарате на оваа прес конференција „со обвинувања за тоа каков бил СДСМ, Бранко Црвенковски, Зоран Јовановски.“, зато аштп спроед него тоа е замајување на јавноста што никому нема да му помогне. „ВМРО-ДПМНЕ е дел од проблемот и тоа е факт. Само во Куманово, во периодот од 1998 до 2002 г., кога власта ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, стечајни постапки беа отворени за ЗИК Куманово, ЧИК Куманово, Киро Фетак, Искра, Цигланата, Кожарата, Ангро снабдител, Текстил Промет, Агро сервис, Први мај, Жито мел, КЕН Куманово, и многу други фирми. Во истиот период во Прилеп стечајни постапки беа отворени за Билјана предилница, Агро Мариово, Политекс, Димче Бањарот, Партизан Прилеп и десетици други фирми. Такви случаи има уште многу во другите градови. Илјадници луѓе останаа на улица.“, рече Јовановски.Тој му порача на Груевски дека проблемот со стечајците не е проблем за политички поени. „Тоа е проблем на напатени и заборавени човечки судбини. Не им се лутете на луѓето. Заедно ги киневте јажињата од шаторите во паркот пред Собранието и потпишувавте договори со стечајците. Луѓето гласаа за вас, а сега се чувствуваат излажани“, рече Јовановски тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ ја губи довербата на граѓаните, што според него е нормално. „И конечно, премиере Груевски, кажете им на стечајците директно в лице зошто досега не ги посетивте, зошто досега не сакавте да им го решите проблемот и што имате намера понатаму да направите. Објаснете им на стечајците како можат шмизлите, биковите, коњите, лавовите, барокот и восочните фигури да бидат поважни од живите луѓе кои гладуваат.“, порача потпретседателот на опозициските социјалдемократи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.