Скопје
МОСТ со свои набљудувачи на сите гласачки места
Претстојниот референдум во Општина Центар Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи со 111 набљудувачи, при што ќе бидат опфатени сите гласачки места.
Претстојниот референдум во Општина Центар Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи со 111 набљудувачи, при што ќе бидат опфатени сите гласачки места.
Набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе распореди и четири мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ја набљудуваат атмосферата надвор од гласачките места.
Жолтите маици, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано “Мониторинг 2015“, овластувањата од МОСТ и акредитациите од Општинската изборна комисија – Центар, истакнати на видно место, ќе бидат препознатливиот белег на граѓаните, кои како домашни набљудувачи се дел од тимот за набљудување на Граѓанската асоцијација МОСТ. Обележјата на набљудувачите оваа година се разликуваат од тие од претходните години. МОСТ потенцира дека набљудувач на организацијата е единствено оној граѓанин кој носи маица и овластување исклучиво за овој референдум.
Во текот на денот ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080 на која граѓаните ќе можат да пријават евентуални нерегуларности. Доколку граѓаните не се сигурни на кое гласачко место гласаат, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страницата izbirackispisok.gov.mk.
Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на гласањето, МОСТ ќе ги соопшти на три конференции за јавност, кои ќе се одржат во 11.30, 14.30 и 17.30 часот. По затворањето на гласачките места ќе биде закажана дополнителна прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од програмата за паралелно пребројување на гласовите.
Граѓанската асоцијација МОСТ укажува дека одржување на фер и слободен референдум е неопходност. На секој граѓанин треба да му биде овозможено самостојно да одлучи дали ќе излезе да гласа или не, а оние што ќе гласаат да се произнесат по сопствена волја „за“ или „против“ референдумското прашање. МОСТ посочува дека сите засегнати страни треба да демострираат почитување на демократските вредности, особено што во овој случај се работи за референдум – најважниот облик на непосредна или директна демократија.
Инаку, Општина Центар, во недела, организира референдум за изгледот на Градскиот трговски центар, кој беше планиран да се реновира и да му се постави барокна фасада, а оптината сака да се задржи постоечкиот изглед./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви 334 записници во текот на минатата година
Во периодот јануари – декември 2024 година екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.
Како резултат на овие активности од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број записници, вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир. Во текот на минатата година екопатролата реализира и секојдневни интервентни патролни дежурства на таканаречените црни точки – локации на кои е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Повеќето од овие локации се наоѓаат во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.
„Во општина Чаир секојдневно непрописно се одлага отпад на булеварите Никола Карев (пластичарската улица, на аголот со улицата Максут Садик) и Крсте Мисирков (до ‘Зегин’ на Бит-пазар), како и улиците Џон Кенеди (до ООУ ‘Васил Главинов’) и Славеј Планина (во непосредна близина на скопското Теќе), а во општина Ѓорче Петров станува збор за повеќе локации на улиците Лука Геров, Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев и Македонска војска“, велат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Скопје
Дел од Кисела Вода и Карпош без струја
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– од 8 до 13 часот дел од корисниците од улицата Св. Наум Охридски, Црниче (општина Кисела Вода);
– од 10 до 14 часот дел од корисниците од булеварот Илинден, реонот кај раскрсницата со улицата Коле Неделковски (општина Карпош).
Скопје
Отстранети 50 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Ѓорче Петров и Карпош
Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Карпош.
„Отстранети се 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа и петнаесетина автомобилски гуми одложени на јавна површина на улицата Војдан Чернодрински, како и 10 кубни метри кабаст отпад одложен на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) во скопската општина Чаир. Во општината Карпош се подигнати приближно 10 кубни метри кабаст отпад одложен на сообраќајна површина на улицата Загребска, во населбата Козле. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати 15 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Ѓорче Петров“, посочија од ЈП Комунална хигиена Скопје.