Свет
Иран монтира нови побрзи центрифуги за збогатување ураниум

Иран почна со поставувањето нови побрзи центрифуги во неговите постројки за збогатување ураниум објави во вторникот министерството за надворешни работи во Техеран, истакнувајќи дека Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) е „известена“ за тоа.
Иран почна со поставувањето нови побрзи центрифуги во неговите постројки за збогатување ураниум објави во вторникот министерството за надворешни работи во Техеран, истакнувајќи дека Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) е „известена“ за тоа. „Нашите мирнодобски нуклеарни активности продолжуваат со поставувањето на нови центрифуги, побрзи и поефикасни. Тоа и’ го соопштивме на Агенцијата којашто ги надгледува ваквите активности. Тоа го подржува успехот на Исламската Република во своите нуклеарни активности “, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Рамин Махманпараст на средба со иранските новинари. Минатиот месец првиот човек на иранската нуклеарна програма Ферејдун Абази Давани најави дека Иран ќе го прошири производството на збогатување уран за 20 отсто.Иран подолго време произведува ниско збогатен ураниум до ниво од 3,5 отсто, но од февруари 2010 година почна со производство и високо збогатен ураниум до ниво од 20 отсто, што претставува најчувствителен дел од неговата нуклеарната програма, бидејќи би можел да се употребува за изработка на атомски бомби. Досега против иран Светот за безбедност при Обединетите нации изгласа шест резолуции кои подразбираат строги меѓународни санкции поради контроверзната нуклеарна програма на оваа земја, особено поради програмата за збогатување на ураниум за која Западот смета дека е во насока на производство нуклеарно оружје, додека, додека Техеран е упорен во тврдењето дека овие постројки се потребни за производство на електрична енергија и во медицински цели./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Силен земјотрес го погоди Авганистан: „Стравуваме дека стотици луѓе загинаа“

Се стравува дека стотици луѓе се мртви и повредени откако земјотрес со јачина од 6,0 степени ја погоди суровата североисточна покраина Кунар во Авганистан, соопштија властите во понеделник, додека спасувачите пребаруваа низ урнатините на домовите за преживеани.
Првичните извештаи покажуваат дека бројот на жртви во едно село е 30, соопшти Министерството за здравство, но додаде дека точниот број на жртви сè уште не е утврден во областа на расфрланите населби со долга историја на земјотреси и поплави. „Бројот на мртви и повредени е голем, но бидејќи областа е тешко достапна, нашите тимови се сè уште на терен“, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Шарафат Заман.
د کنړ څوکۍ ولسوالۍ دیوه ګل دره کې اوس هم د زلزلې ټکانونه دي.#AfghanistanEarthquake pic.twitter.com/JlvssLrf9x
— Sohail Noor Khan (@sohailnoorkhan) September 1, 2025
Стотици повредени лица се однесени во болница, изјави портпаролот на покраината Наџибулах Ханиф, а бројот на повредени веројатно ќе се зголеми со доаѓањето на извештаи од оддалечените области. Спасувачите работеа во неколку области на планинската покраина каде што се случи полноќниот земјотрес на длабочина од 10 километри, соопштија официјални лица.
Авганистан е склон кон смртоносни земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча. Серија земјотреси на запад минатата година одзедоа повеќе од 1.000 животи, што ја истакнува ранливоста на една од најсиромашните земји во светот на природни катастрофи.
фото: принтскрин
Свет
САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата.
Ограничувањата се построги од оние што претходно ги објави администрацијата на претседателот Доналд Трамп за посетителите од Газа. Тие ќе им забранат на Палестинците да патуваат во САД за медицински третман, колеџ или работа, објави весникот, повикувајќи се на неименувани претставници.
Стејт департментот пред две недели најави дека ќе прекине да издава визи за лица од Газа додека не спроведе „целосна“ ревизија, што беше осудено од пропалестинските групи.
фото: принтскрин
Свет
Вашингтон пост: Новиот план предвидува САД да ги раселат жителите на Газа и да ја контролираат

Целото население на Газа ќе биде преместено, а САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија според план што го разгледува администрацијата на Трамп, објави „Вашингтон пост“.
Енклавата, која Израел целосно ја уништи во војната со Хамас, ќе биде претворена во протекторат управуван од САД најмалку 10 години, објави весникот.
Една од целите на планот, моделиран според претходно зацртаната визија на Трамп, е да ја претвори Газа во „Блискоисточна ривиера“, туристичко одморалиште и технолошки центар, според „Вашингтон пост“, кој виде документ од 38 страници во кој се опишува иницијативата.
Во него се бара барем привремено преместување на сите два милиони жители на Газа или „доброволно заминување“ во друга земја или во ограничени безбедносни зони во рамките на енклавата за време на реконструкцијата, се вели во весникот.
На жителите на Газа кои поседуваат земјиште ќе им биде даден „дигитален токен“ во замена за правото да го развиваат своето земјиште.
Примателите би можеле да го користат „токенот“ за да започнат живот на друго место или потенцијално да го заменат за стан во еден од шест до осум нови „паметни градови напојувани од вештачка интелигенција“ што се планира да се изградат во Газа.
„Вашингтон пост“ цитираше луѓе запознаени со плановите и размислувањата на администрацијата за судбината на повоената Газа.
Трамп претходно го шокираше светот кога предложи САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа, да ги иселат сите луѓе и да изградат недвижнини на брегот таму. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пофали предлогот, кој беше остро критикуван од многу европски и арапски земји.
Трамп претседаваше со состанок минатата недела за повоените планови за Газа, но Белата куќа не издаде никакво официјално соопштение ниту објави некакви одлуки.
Телото што ќе управува со Газа според планот што сега се разгледува ќе се вика GREAT Trust.
„Вашингтон пост“ објави дека предлогот го развиваат некои од Израелците кои го основаа американско-израелскиот хуманитарен фонд за Газа (GHF), кој дистрибуира храна во енклавата и е критикуван од многу групи за човекови права, како и од Обединетите нации.
На 22 јули, Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека израелските сили убиле повеќе од 1.000 Палестинци кои се обидувале да добијат помош за храна во Газа откако започнале операциите на GHF, при што речиси три четвртини од нив се убиени во близина на местата за дистрибуција на GHF.
фото: принтскрин