Свет
Безредија во Киргистан, полицијата употебила солзавец

Во северен Киргистaн избилe големи безредија на кои демонстрантите ги запалиле институциите на локалната власт во градот Талас а полицијата се обидела со солзавец да ги растера
Според извештаите на странските новински агенции, засега не може да се потврди шпекулацијата дека е грабнат локалниот гувернер. Лидерот на локалната опозиција и очевидци изјавиле дека гувернерот Беишен Болотбеков бил грабнат при упаѓањето на демонстрантите во владината зграда, пренесе Reuters. Додека, пак, AFP, повикувајќи се на очевидци пренесува дека демонстрантите во освоената зграда веќе именувале свој гувернер. „Опозициските демонстранти одбиваат да ја прифатат власта која ја именуваше претседателот на државата и го именуваа својот гувернер Коисун Курмаљев“, изјавил телефонски за AFP претставника на органзиацијата за заштита на човековите права, Шамил Мурат кој се наоѓа во владината зграда.Киргишкиот премиер Данијар Уседов во главниот град Бишкек, го негирал грабнувањето на гувернерот, иако потврдил дека демоснтрантите се влезени во владината зграда. Тој најавил дека владата во Талас ќе сирпати уште стотина полицајци и ќе ги употреби сите дозволени средства за да воспостви мир, предупредувајќи ја опозицијата да не ја дестабилизира државата.„Секој уривачки обид ќе биде најстрого казнет“, ја пренесува изјавата на Уседов, германската агенција DPA.Агенцијата јавува дека силите за ред употребиле солзавец за да растерат околу илјада демонстранти. Опозицијата јавно ја повика власта да не употребува сила за да се пресмета со демонстрантите.Судирите во Талас се случија три дена откако генералниот секретар на Обединетите нации, Бан ки-Мун ја посети земјата и во Бишкек ги повика властите да ги штитат човековите права. Можноста безредијата да го зафатат целиот Киргистан предизвикуваат страхувања кај меѓународната заедница, бидејќи на нејзина територија се наоѓа воздухопловната база преку која се снабдуваат меѓународните сили во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“