Контакт

Свет

Бучковски ја призна даночната пирамида

Објавено пред

Им дишеме во врат на фирмите вплеткани во пирамидата на даночно затајување, изјави вчера во Кавадарци премиерот Владо Бучковски.

dobivaj vesti na viber

ФИРМИТЕ ГИ ИЗБЕГНУВААТ ДАНОЦИТЕ според НЕКОЛКУ ШЕМИ

Им дишеме во врат на фирмите вплеткани во пирамидата на даночно затајување, изјави вчера во Кавадарци премиерот Владо Бучковски. Со ова тој ги потврди изјавите на министерот за финансии Никола Поповски дека Финансиската полиција и Управата за јавни приходи прибираат докази за педесетина фирми, кои имаат разработено шема за избегнување на даночните обврски.

– По тримесечна макотрпна работа на повеќе владини институции, ќе се направат обиди да се урне пирамидата. Таа веќе има фатено корени. Вчера изутрина МВР презеде и конкретни чекори, а сега на потег во борба против овој софистициран облик на организиран криминал е Јавното обвинителство – рече Бучковски.

Тој е оптимист дека пирамидата ќе се урне и истакна дека преку неа стотици милиони евра годишно се одлеваат од државата. Тој не сакаше да ги каже имињата на фирмите, велејќи дека сами ќе се препознаат и нема мирно да спијат.

Во МВР велат дека нивни инспектори не ја водат акцијата, туку неа ја спроведува Финансиската полиција, а тие само помагале. Во Министерството за финансии, во чии рамки работи Финансиската полиција, не сакаат да дадат никаква изјава.

Стопанствениците велат дека државната каса е оштетена од фирми за околу 50 милиони евра годишно поради избегнување на обврската да плаќаат ДДВ и акциза, а кај холдинг-компании, кои имаат многу мали и фиктивни фирми, се вртат дури 40 милиони евра, кои ниедна државна институција не ги евидентира.

Поповски неодамна посочи дека даночната пирамида ја чинат околу 50 фирми на познати бизнисмени, кои високо котираат во општествениот живот. “Дневник” по разговорот со неколку бизнисмени ги открива шемите по кои се прават најголемите даночни малверзации за прикривање на данокот на добивка, ДДВ, акциза и персонален данок. Тие укажуваат на неколку разработени системи за избегнување на даночните обврски, кои најчесто ги применуваат поголемите компании, но не им се непознати и на малите фирми. Како поттикнувач на овие злоупотреби бизнисмените ја сметаат и државата, која им дава даночни привилегии на одредени фирми, а потоа не го контролира нивното работење.

– Многу фирми ќаруваат на можноста да бидат ослободени со 50 отсто од данокот на добивка за инвестирање во екологија, како и странските инвестиции кои државата целосно ги ослободува од овој данок дури и до 10 години. Во вториот случај тие прикажуваат огромни разлики во цени, големите добивки ги пренесуваат надвор и не прават никакви инвестирања во земјава. Државата не пројавува моќ за да им застане на патот, а им дава многу погодни услови како евтина струја и работна сила и им ги продава фабриките по багателни цени – коментираат стопанственици.

Во бизнис круговите прилично разработена шема се оф шор фирмите во странство, кои најчесто им припаѓаат на домашни фирми во кои е влезен странски капитал и преку кои ги пеглаат добивките и плаќаат малку данок на профит.

– При увоз на репроматеријали оф шор фирмите фактурираат нереално големи вредности. Тоа ги зголемува вкупните производни трошоци и на крај нема добивка. Само кај нас фирмите може да имаат огромен годишен промет, а да пријават минорни добивки – велат бизнисмените. Според нив, финансиските малверзации со оф шор фирмите никогаш нема да се откријат. Тие ги потсетуваат надлежните институции да го проверат потеклото на парите на елитните бизнисмени во земјава.

– Така ќе можат да ги прашаат од каде им се парите за скапите коли, куќи, станови, викендички, кога нивните фирми пријавуваат годишна добивка од 10.000 евра, а некогаш и загуба. Само кај нас им се исплати на фирмите да работат со загуба, а во секоја нормална држава веднаш пропаѓаат – укажуваат во бизнис круговите. Стопанственици посочуваат дека при увозот на суровини се прават малверзации и со пониска фактурирана вредност од реалната за да се избегнат царинските и даночните обврски. Во овие случаи се користеле сефовите што ги имале македонски бизнисмени во странски банки, од каде дел од цената на суровините ја плаќале во готово. Голем дел од добивката фирми пеглале и преку консултантски услуги, во што признаваат стопанствениците, дека многу им се наоѓаат адвокатите и маркетинг агенциите.

– Адвокатите мора да станат даночни обврзници, а не да плаќаат годишен паушал. Многу од нив често наплаќаат непостојни услуги, парите им ги враќаат на клиентите во готово и им помагаат да ја намалат добивката – велат нашите извори.

На врвот на даночната пирамида во земјава се посочуваат компаниите што секојдневно регистрираат “роднински” фирми, кои на големи даночни обврзници им пуштаат лажни фактури. Доброупатените кажуваат дека токму така се вртат парите и не се плаќа ДДВ. Според нив, голема вина за овие појави сноси судството, кое им дозволува на исти луѓе постојано да регистрираат фирми што не вршат никаква дејност. Овие фирми во Бугарија се нарекуваат пилот-фирми бидејќи имаат краток живот или откако ќе си ја одиграат улогата, се држат на нула додека законски не згаснат. Слична е и шемата со локалните фирми што ги отвораат поголемите производители, а кои им служат како дистрибутери.

– Преку овие фирми се врши класично продавање на црно бидејќи производителот наплаќа многу ниска излезна цена, а на дистрибутерот му дозволува половина и повеќе од стоката да ја продава на црно. Така се избегнува и ДДВ и акциза – велат стопанственици.

Тие сметаат дека за да се стави ред, мора итно да се спроведе фискализацијата целосно, надлежните институции да сакаат да го следат текот на парите во банките и да вршат неселективни контроли, а судството да го среди хаосот со регистрација на фирми.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Маж нападна полицаец со нож во Париз

Објавено пред

Од

Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.

Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време

Објавено пред

Од

Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.

dobivaj vesti na viber

„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.

Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.

„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.

„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.

Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп

Објавено пред

Од

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.

dobivaj vesti na viber

Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.

„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.

Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.

На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.

„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.

Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.

Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ9 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија9 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија10 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија11 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија12 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион12 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија13 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија13 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет14 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет14 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа15 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет15 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет15 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа15 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...