Контакт

Спорт

Работнички загуби со алиби игра без обид за погодок

Објавено пред

Работнички – Ливерпул 0:2 (0:1). Одлуката на Рој Хоџсон да ги изостави ѕвездите на тимот на првиот меч во Скопје се покажа исправна

dobivaj vesti na viber

Единствено гледачите жалеа што немаа можност во живо да ги видат Торес, Џерард, Џо Кол, Пепе Реина, Маскерано, Џејми Карагер и останатите. Но се покажа дека и овој тим на Ливерпул е доволен за победа во Скопје и спокоен реванш дома.Првите петнаесетина минути минаа во колку толку рамноправна игра без некои поголеми шанси за погодок, освен во 12 минута кога Богатинов со истрчување надвор од 16 – те метри мораше да спречи контра. Но, само пет минути подоцна по голема грешка на одбраната на Работнички, откако Лопес и Богатинов се размислуваа кој да ја исфрли уфрлената топка во шеснаесетникот, Давид Нгог ја искористи нерешителноста на овие двајца, само ги префрли и ја спроведе топката во голот.И вториот гол е дело на истиот играч во 58 минута бидејки нафрлената топка од десната страна ја прифати сам непречен од никого како да не постоеше одбрана на Работнички, и постигна гол од четири метри што е уметност да се промаши, со што го реши прашањето на победникот.Ливерпул не бриљираше. Можеби играше и со половина гас, но тоа не е оправдување за играта на Работнички. Едноставно тие во целиот меч упатија само еден удар во рамките на голот и тој беше повеќе како додавање топка на голманот.Фудбалерите во црвено или беа премногу импресионирани, или со задржувањето на топката во своите нозе што подолго време, сакаа да загубат со што помала разлика. Ваква алиби игра, без желба за погодок предизвика свирежи од 20 илјадата публика која бараше да види барем еднаш да се затресе мрежата на славниот Ливерпул, па макар загубиле и со 5:1. Како и да е годинешната одисеја на нашите клубови во УЕФА Европа лигата завршува наредната недела.„По примениот прв гол моите фудбалери паднаа на психолошки план. Играчите го дадоа својот максимум, но беа премногу фасцинирани од големината на противникот. Ливерпул без оглед со кои играчи настапува, пак е Ливерпул, и тоа го покажа на овој меч. Генерално задоволни сме од постигнатото оваа година во Лигата на Европа“, изјави тренерот на Работнички Зоран Стратев.„Настапивме со играчи кои досега многу малку имаа можност да играат за првиот тим и со неколкумина кои имаа само две три недели тренинг по одморите. Но шансата ја искористија, посебно Нгог, кој што на тренинзите силно работеше и тоа го материјализира со два гола“, рече Рој Хоџсон, тренер на Ливерпул.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов

Објавено пред

Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.

Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.

Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.

Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Макаби ја преживеа тројката на Димитријевиќ

Објавено пред

Макаби во трилер-меч по едно продолжение го победи Баерн со 111:106. Мечот во регуларниот дел заврши 99:99.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот полн со пресврти, на крајот беше решен во последните девет секунди. Приводство на Макаби 98:95, Ненад Димитирјевиќ погоди тројка под фаул, го реализира и дополнителното слободно фрлање. На две секунди до крајот Брисет беше фаулран, но погоди само едно слободно фрлање.

Потоа во дополнителните пет минути, играчите на Макаби имаа повеќе сила и концетрација и ја забележаа третата победа по ред.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл, 15 поени и 10 асистенции. Блескаше кај Баерн, Андреас Обст со 33 поени (постигна осум тројки од 13 обиди). Кај Макаби се истакнаа Роман Соркин со 21 и Тамир Блат со 20 поени.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Арсенал кај Брентфорд остави два бода

Објавено пред

Последниот натпревар од 26-то коло од Премиер лигата на стадионот „Брентфорд Комунити“, меѓу домашниот тим и лидерот Арсенал заврши со 1:1 (0:0).

dobivaj vesti na viber

Арсенал, во Брентфорд имаше расположен ривал, кој потврди дека е во врвна форма.

Првото полувреме помина во тактичко надмудрување од страна на двајца менаџери, Кит Ендрус (Брентфорд) и Микел Артета (Арсенал). Без многу возбудувања пред двата гола.

Брентфорд ја имаше единствената вистинска шанса. Матијас Јенсен центрираше, а, Игор Тиаго со глава упати удар со глава, но голманот на „Топџиите“, Давид Раја, реагираше брилијантно и спречи водство на „пчелите“.

Лидерот во Премиер лигата не упати ниту еден удар во голот на Брентфорд во првото полувреме, а успеа да ја материјализира првата вистинска шанса во 61-та минута:

Пјеро Инкапие совршено центрираше од левата страна, а Нони Мадуеке скокна уште подобро и го совлада Ирецот Келехер.

Тој гол не ги обесхрабри домашните фудбалери. Напротив, тие тргнаа уште порешително кон голот на Арсенал и создадоа неколку опасни ситуации преку Кин Луис Потер и Игор Тијаго. Изедначија десет минути подцна.

По еден удар од далечина, Ван ден Берг ја упати топката со глава, а Луис Потер на ист начин го доби дуелот со Мартин Едегор и ја смести топката зад грбот на Раја.

Домашните фудбалери имаа одлична можност за целосен пресврт во 87-та минута. Игор Тијаго првично го надигра Москера, но кога требаше да шутира, младиот Шпанец се искупи со фантастична интервенција и ја елиминираше опасноста.

Бразилецот имаше уште една шанса во 90+2 минута, а потоа неговиот сонародник Габриел Мартинели на спротивната страна од теренот не успеа да му донесе победа на Арсенал.

Беше сам пред Келехер, но не постигна гол.

„Топџиите“, се први на табелата со 57 бода, четири повеќе од Манчестер Сити. Брентфорд е на одлично седмо место со 40 бода.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија56 минути

„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку...

Македонија1 час

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион2 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија3 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија3 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет4 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет4 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа5 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет5 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет5 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа5 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион14 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија15 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет17 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија20 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија23 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија23 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...