Македонија
Македонија и Косово заинтересирани за соработка во воената едукација и образование
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/db162ced-86d4-4757-a9f1-d80cf810cee3.jpeg)
Соработката во воената едукација и образование била главна тема на разговорите меѓу Заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев и министерот за Косовските безбедносни сили, Агим Чеку.
Во рамки на еднодневната посета на Косово, Димитриев и Чеку акцент ставија на школувањето на питомците од Косовските безбедносни сили – припадници на етничките заедници во Косово, на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, школување кое се реализира во моментов и кое со несмалено темпо ќе продолжи и во иднина.
Воедно, од косовска страна беше изразена подготвеност за соработка во контекст на понудата до Република Македонија за користење на капацитетите на Центарот за барање и спасување на Косово кој е во самиот крај на своето формирање, а е финансиран од страна на Соединетите Американски Држави.
Во текот на посетата, заменик-министерот Димитриев, заедно со заменикот на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини и деканот на Воената академија, полковникот Росе Смилевски, оствари средба со заменикот-министер за Косовските безбедносни сили, Славиша Филиповиќ и со началникот на Косовските безбедносни сили, генерал-мајор Кадри Кастрати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Сиљановска-Давкова на средба со амбасадорот Килијан Вал: Час поскоро, измените на Изборниот законик да се најдат на дневен ред на Собранието
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Foto-2-1.jpeg)
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Амбасадорот ја запозна претседателката со планираните активности на Мисијата во 2025 година, посочувајќи ги, како приоритетни следните области: владеење на правото, основните човекови права и социјалната кохезија, доброто управување, младинските политики и родовата еднаквост.
Претседателката го информира за новоформираните тела: Советот за безбедност, Советот за млади, Комисијата за помилување и Комисијата за доделување одликувања и признанија. Објасни дека при номинацијата, најпрво се водела од компетентноста, стручноста и интегритетот, без да ги запостави правичната и соодветна застапеност, како и половата и родовата димензија.
Исто така, таа му ја презентираше нивната досегашна успешна работа и можноста за взаемна соработка за прашања во кои веќе сме соработувале, но и во нови области.
Соговорниците се согласија дека е добро, час поскоро, измените на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија да се најдат на дневен ред на Собранието.
Исто така, претседателката и амбасадорот разменија ставови и се усогласија околу моделот и форматот на одбележувањето на „Осми Март – Денот на жената“.
Средбата заврши со изразена спремност за организирање заеднички активности.
Македонија
Сиљановска-Давковa: Време е жена да застане на кормилото на Организацијата на Обединетите Нации
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/siljanovska-davkova.jpg)
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваше на настанот „Глобален женски појадок 2025“, што се одржа на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Поврзување за одржлива иднина“.
„Глобалниот женски појадок 2025“ го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, во рамките на иницијативата на IUPAC (Меѓународна унија за чиста и применета хемија). Се одржа по повод 11 февруари – Меѓународен ден на девојките и жените во науката.
На настанот, покрај претседателката, се обратија: проф. д-р Наташа Ристовска, раководителка на Институтот за хемија, проф. д-р Марина Стефова, од Институтот за хемија, проф. д-р Светлана Мојсов, од Универзитетот Рокфелер, Њујорк (преку видео) и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.
Во обраќањето, претседателката Сиљановска-Давкова ја потенцираше важноста на зајакнувањето на улогата на жените во науката и општеството за светскиот мир и развој, посакувајќи, жена да застане на кормилото на Организацијата на Обединетите Нации, 80 години по нивното основање. Потенцирајќи го женскиот тежок и трнлив пат во науката, таа потсети на зборовите на Марија Склодовска – Кири: „Животот не е лесен за никој од нас, но што со тоа? Мора да бидеме упорни и да имаме верба во себе. Мора да веруваме дека сме надарени за нешто за тоа да се оствари“.
Времето зад нас и со нас го означи како машко, воинствено и воено, диктирарано од богот Марс и повика на ново, мирно доба, водено од Венера, од Атина, со маслиново гранче, а не со оружје.
Во духот на одржливата иднина, укажа на актуелноста на „Природниот договор“ на Мишел Сера, склучен меѓу човекот и Земјата како неразделни и рамноправни партнери.
Потенцирајќи дека нема одржлива иднина без решавање на еколошките проблеми, информираше дека за прв пат во Советот за безбедност вклучила експерт за климатски промени, професорот д-р Владо Спиридонов, кој ќе го води Советодавното тело за климатски предизвици и безбедност, составено од исклучителни познавачи на оваа проблематика, кои во дијалог со претставниците на еколошките организации ќе помогнат во креирањето решенија за справување со загадувањето и климатските промени.
Посебна тежина на духовниот карактер на појадокот му даде светски познатата американска професорка од македонско потекло, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ , Њујорк, САД, која преку видео ги запозна присутните со своето патување до научните врвови.
Скопје
Герасимовски: Забраната за мобилни во основните училишта во Центар функционира одлично, учениците се пофокусирани на наставата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/gerasimovski1-1.jpg)
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека забраната за употреба на мобилни телефони за време на наставата функционира одлично во сите осум основни училишта.
„Забраната за користење мобилни телефони за време на часовите дава резултати. Оваа мерка ја имплементираме две години во основното училиште “Св.Кирил и Методиј” и има бенефит. Учениците, целосно се посветуваат на учењето и се подобрува квалитетот на образовниот процес. Со препораките коишто ги прифатија сите осум основни училишта во Центар обезбедуваме подобри услови во учењето и придонесуваме за развој на позитивна училишна атмосфера. Со редуцирање на употребата на мобилните телефони за време на часовите, учениците ќе се научат на важноста на личната дисциплина и ќе имаат поголема социјализација со своите врсници“, истакнува Герасимовски.
Општина Центар е првата општина во државата што почна со имплементирање на ваква мерка. Препораките за забрана на користење на мобилните телефони се прифатени и во образовниот процес во дел од европските земји, велат од општината.