Македонија
Нови станови за лица со интелектуална попреченост

Две станбени единици за самостојно живеење со поддршка на лица со интелектуална попреченост ќе бидат отворени денеска напладне во Неготино.
Две станбени единици за самостојно живеење со поддршка на лица со интелектуална попреченост ќе бидат отворени денеска напладне во Неготино.
Согласно со Националната стратегија за деинституционализација 2008-2018 и потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Иницијатива за ментално здравје од Будимпешта, досега вакви станбени единици се отворени во Скопје (две), во Демир Капија (две) и Неготино (шест), односно вкупно десет.
Во секоја станбена единица се сместени по четири лица или вкупно 40 лица со интелектуална попреченост од Специјалниот завод Демир Капија, а до крајот на 2009 година се планира отворање на 24 станбени единици во коишто ќе бидат сместени 96 лица. За лицата со интелектуална попреченост во станбените единици 24 часа на ден се грижат по три вработени стручни лица. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Марш за ангелите“ – семејствата на жртвите во пожарот во Кочани на протест во Скопје

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за денеска најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје.
„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со ‘фати, па пушти’, без да има јасно образложение за таа законска процедура и што се создава во нашите мисли, кои се на работ на себеуништување“, се истакнува во писменото известување од семејствата.
Во повикот е нагласено дека тие и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.
Маршот, според најавите, ќе почне пред Oбвинителството во Скопје во 12.05 часот како симболика за задоцнетата реакција на институциите, а ќе продолжи кон плоштадот Македонија и ќе заврши пред Собранието.
Македонија
Сончево време со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде поведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Денеска и во среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Побожје, Бродец, Малино, Танушевци, Брест во општина Чучер Сандево.