Македонија
Бериша – Тачи: Да не се даваат етнички конотации на инцидентите
Петкратното убиство кај Смилковци да не биде причина за поттикнување конфликти и на него да не се гледа низ етничка призма, побараа во одделни изјави премиерите на Албанија и Косово, Сали Бериша и Хашим Тачи.
Бериша повика македонските власти да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Убиството на петмината рибари е злосторство, но е неприфатлива и проекцијата за колективно обвинување. Сторителите да се пронајдат и да се изведат пред лицето на правдата. Овие инциденти не смеат да бидат причина за поттикнување конфликти“, изјави Бериша.
Тачи, пак, побара македонските граѓани да не потпаѓаат под провокации и апелираше за мудрост, зрелост и меѓуграѓанска толеранција.
„Мојата порака за сите граѓани на Македонија е за мир, стабилност, за соработка и под никакви услови да не дозволи политиката да биде жртва на поединци, групи или структури кои сакаат дестабилизација на Македонија и на целиот регион“, вели косовскиот премиер. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

