Контакт

Свет

Сенатори бараат од Обама појаснување за целта во Либија

Објавено пред

Двајца виши американски законодавци Линдзи Грем и Џо Либерман го повикаа претседателот Барак Обама на американската јавност и на Конгресот јасно да каже што сакаат САД да постигнат во Либија.

dobivaj vesti na viber

Двајца виши американски законодавци Линдзи Грем и Џо Либерман го повикаа претседателот Барак Обама на американската јавност и на Конгресот јасно да каже што сакаат САД да постигнат во Либија. Сенаторот Либерман рече дека ако претседателот Обама е појасен за американските цели во Либија, ќе добие поголема конгресна поддршка за американското учество во воената кампања на НАТО.

Републиканците и демократите се лути на претседателот Обама затоа што не побарал конгресно одобрување пред интервенцијата во Либија.

На крајот од минатиот месец, лутината беше изразена во форма на гласање во Претставничкиот дом кој е под контрола на Републиканците – еднаш да се авторизира американската воена акција во Либија и втор пат, да престане финансирањето на американските воени операции во таа земја.

Обете мерки доживеаја неуспех. Но, во вторник се очекува уште едно гласање во Конгресот на истата тема.Зборувајќи за неделната програма на Фокс Њуз, сенаторот Џо Либерман, независен демократ од Конектикат, вели дека администрацијата на Обама треба појасно да ги претстави целите на мисијата во Либија:

„Иако во повеќе наврати актуелната администрација соопшти дека не е заинтересирана за смена на либискиот лидер Моамар Гадафи, изгледа се работи токму за тоа. Се работи за смена на режим и ослободување на либискиот народ од брутално диктаторство“, кажа тој.Либерман верува дека либискиот лидер Моамар Гадафи ќе се повлече од функцијата ако САД цврсто застанат зад напорите на НАТО, и додаде дека тоа би бил вистински чекор напред: „Комликувано е. Но, немаше да има толку противење за нашата акција во Либија, ако имаше силен аргумент зошто сме во Либија“, додава Либерман.

Републиканскиот сенатор Линдзи Грем од Јужна Каролина исто така се појави во емисијата на Фокс Њуз и рече дека смената на Моамар Гадафи од власт е мошне важен елемент:

„Ако целта е да се заштити либискиот народ и нивните основни човекови права, најдобар начин да се` стори тоа е да се раскине внатрешниот круг околу Гадафи и да се отстрани самиот тој“, вели сенаторот од Јужна Каролина.

Републиканскиот сенатор Џон Корнин од Тексас во истата емисија рече дека политичка и воена цел треба да биде смена на либискиот лидер:

“Потребен ни е план од претседателот – не префрлање на НАТО, како тоа да не е наш проблем. Потребно е американскиот народ да ја знае целта, со што ќе бидеме пообединети зад напорите“, цени сенаторот од Тексас.

Бунтовништвото во Либија за смена на Моамар Гадафи за ставање крај на четиридецениското автократското владеење влегува во петиот месец и нема знаци за брзо окончување. Западните сили ги поддржаа бунтовниците во барањата за смета на режимот на Гадафи и одобрија воздушни напади на НАТО за да спречат напади од неговиот сили врз либиски цивили.

На крајот од јуни, анкета на Галуп покажа дека 46 проценти Американци не одобруваат воена акција во Либија, додека со неа се согласуваат 36 отсто. Петнаесет проценти испитаници немаат мислење за ова прашање. крај/воа/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери

Објавено пред

Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.

dobivaj vesti na viber

Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.

Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.

Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.

Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Експлозив фрлен во близина на опозициска пратеничка во Хондурас

Објавено пред

Опозициската политичарка од Хондурас, Гладис Аурора Лопез, е повредена кога во нејзина близина била фрлена експлозивна направа во Националниот конгрес во Тегусигалпа.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението на Националната партија, експлозивот детонирал на само неколку сантиметри од Лопез, при што таа се здобила со повреди на грбот.

Видео до кое дојде „Ројтерс“ го прикажува моментот кога предметот бил фрлен додека Лопез се приближувала за да разговара со претставници на медиумите, по што дошло до експлозија.

Инцидентот се случил во период на политичка недоверба по изборите, на кои центристичкиот кандидат Салвадор Насраља поднел жалба до Изборниот правосуден трибунал, барајќи повторно пребројување на гласовите во повеќе департмани, откако изборното тело го прогласило кандидатот на Националната партија, Насри Асфура, за победник, со разлика помала од еден процент од гласовите.

Двајцата настојувале да ја соборат од власт левичарската партија Либре на претседателката Ксиомара Кастро, чија кандидатка Рикси Монкада на изборите завршила на третото место.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Го откажав вториот напад во Венецуела

Објавено пред

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад во земјата минатата сабота.

dobivaj vesti na viber

Трамп денеска изјави дека САД и Венецуела добро соработуваат, особено кога станува збор за обновата, „во многу поголема, подобра и помодерна форма“, на нивната нафтена и гасна инфраструктура.

„Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, кој се чини дека нема да биде потребен. Сепак, сите бродови ќе останат на позициите од безбедносни причини“, додаде Трамп.

Претходно, венецуелската влада соопшти дека започнала со ослободување на притворени лица кои се сметаат за политички затвореници, што официјалните претставници го опишаа како гест на добра волја.

Нивното ослободување долго време беше барање на САД.

Министерството за надворешни работи на Шпанија потврди дека пет нејзини државјани се пуштени на слобода, меѓу кои и истакнатата венецуелско-шпанска активистка за човекови права Росио Сан Мигел.

Хорхе Родригез, претседател на Народното собрание на Венецуела и брат на нејзината привремена претседателка Делси Родригез, изјави дека привремената влада ги ослободува притворените во интерес на „националното единство и мирниот соживот“.

Се верува дека во озлогласениот затвор Ел Хеликоиде, за кој Трамп по апсењето на Мадуро најави дека ќе биде затворен, се наоѓаат до 80 затвореници.

Трамп, исто така, тврдеше дека нафтените компании, со многу од нив тој денеска треба да се сретне во Белата куќа, ќе инвестираат „најмалку 100 милијарди долари“.

Фото:Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

ДПМНЕ да не бега од сопственото ветување за една изборна единица, бара Левица

„Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, сметајќи дека истата нема...

Македонија1 час

(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“

Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од...

Економија1 час

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија2 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ2 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа3 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет3 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет4 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет5 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа5 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија5 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија5 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија17 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија19 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија21 час

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија22 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија23 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ23 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија23 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...