Контакт

Македонија

ЕУ – ни се тера ни се води

Објавено пред

Избори 2009

dobivaj vesti na viber

Со ваквите резултати ЕПП продолжува да биде власт во Парламентот. Жозе Мануел Баросо, кој најверојатно ќе “брка” втор мандат за претседател на  Европската комисија, уште во неделата вечерта им заблагодари на гласачите ширум Европа, но им вети и дека нивната волја изразена на изборите ќе биде почитуванаПишува: Катерина НЕШКОВАПобеда на десницата. Зелените повеќе не се маргиналци. Баросо ќе се бори за втор мандат во Комисијата… Маратонските избори за Европскиот парламент (ЕП) најпосле завршија. Но, ниту тоа што траеја четири дена, ниту тоа што беа најголемите наднационални избори во историјата на човештвото, не ги направи успешни.Повеќе од 375 милиони Европејци во 27 држави имаа можност да гласаат, но дури ни половината од нив не го направија тоа. Изборите кои завршија во неделата беа европски избори со најмала излезност до сега. На изборите се изгласаа 736 членови на ЕП со петгодишен мандат, што е помалку од претходните избори во 2004 г. кога беа избрани 785 европски парламентарци.Избирачите главно гласаа за кандидатите од националните партии, кои, пак, по формирањето на Парламентот ќе се вклучат во парламентарните групи што се формираат од идеолошки блиските партии. Десниот центар преку Европската народна партија и по овие избори ќе биде најдоминантната група во ЕП со 267 пратеници. Левиот центар, пак, освои 159 места, а либералите 81.Инаку, секоја држава донесе различен број пратеници. Најмногу има Германија – 99, додека, пак, Малта само пет. Овој сооднос помеѓу големите и малите сили во ЕУ ќе биде променет доколку биде доратификувана Лисабонската спогодба. Тогаш бројот на пратениците ќе биде фиксиран на 751. Со тоа Германија би загубила три места во ЕП (сепак, оваа држава ќе си го задржи бројот на парламентарци сè до 2014 г.), додека Малта и Словенија би добиле уште по еден пратеник. Инаку, европските пратеници немаат правна обврска за тоа чии интереси повеќе ќе ги застапуваат во ЕП: европските или националните. Практиката покажува дека често пратениците се залагаат и за двата типа интереси. Дури и тогаш кога некој пратеник доаѓа од национална партија (а не европска, какви што ги има неколку) станува дел од парламентарните групи на ЕП. Групите гласаат во блок кога тоа е возможно. Иако ЕП се чини како најзапоставен орган во Унијата, сепак тој е единствениот од трите главни органи (Парламентот, Советот и Комисијата) кој се избира директно од гласачите во државите-членки. Неговата улога, освен советодавна, т.е. во давањето мислења, е и легислативна и е дел од процедурата за создавање т.н. европско право.ДЕСНО НАСОЧЕНА ЕВРОПАДесниот центар е дефинитивниот победник на овие избори. Крајно десните и антиимиграциските партии исто така имаат напредок. Лабуристите од кралска Велика Британија и социјалдемократите од развиена Германија доживеаја историски пораз.Со ваквите резултати ЕПП продолжува да биде власт во Парламентот. Жозе Мануел Баросо, кој веројатно ќе “брка” втор мандат за претседател на  Европската комисија, уште во неделата вечерта им заблагодари на гласачите ширум Европа, но им вети и дека нивната волја изразена на изборите ќе биде почитувана.“Резултатите покажуваа неспорна победа на сите партии и кандидати кои го поддржуваат европскиот проект и кои сакаат да ја видат Европската Унија како испорачува политика која ќе биде одговор на секојдневните потреби”, изјави Баросо.Лидерот на социјалистите Мартин Шулц смета дека поразот на целата левоориентирана политика треба да биде длабоко анализиран.“Ова е тажна вечер за социјалдемократијата во Европа. Навистина сме разочарани. Толку горка вечер!”, изјави Шулц по објавувањето на резултатите.Се чини дека најмногу “профитираа” маргиналните групи со крајно десна ориентација и антиимиграциските партии кои освоија места во Холандија, Австрија, Данска Словачка и Унгарија. Британската национална партија освои две пратенички места и тоа за прв пат во историјата на наднационалните избори. Многумина аналитичари предупредуваат дека ваквите резултатите мора сериозно да се земат предвид бидејќи Европа сè повеќе се радикализира.За рамнотежа, како победа може да се сметаат и освоените гласови на Зелените, т.е. на Зелената европска слободна алијанса (ГЕФА) која освои 50 пратеници, а досега имаше 43. Зголемувањето не е само бројчано, туку е уште поголемо поради тоа што е намален вкупниот број пратеници во ЕП.Шведската пиратска партија, којашто се залага за слободен проток на податоци на интернет, освои седум проценти од националните гласови, што ì донесоа еден пратеник од 18-те што ги има Шведска.Иако на домашен терен критикувани за тоа како се справуваат со глобалната економска криза, германската и француската власт не претрпеа штета.Германскиот канцелар Ангела Меркел го опиша надгласувањето на нејзините демохристијани над социјалдемократите како “сензационално” и дека тоа ги зголемува шансите за победа и на националните избори во септември.ЗЕЛЕНИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ВО МАЛЦИНСКОТО ГЕТОЕвропските зелени партии ги слават резултатите што ги постигнаа во неделата бидејќи екологијата им овозможи да добијат дури 50 места во ЕП. Зелените најмногу придобивки добија поради малиот одзив од симпатизерите на веќе етаблираните партии, но и поради тоа што тие немаа решение за климатските промени кои се важно прашање за обичните луѓе.“Од една страна, мислам дека срамота една партија целосно да се посвети само на екологијата. Но, од друга страна, пак, мислам дека сите партии во себе треба да имаат еколошки елемент бидејќи тоа е од интерес на секого. Европските Зелени добро работеа и тоа ни дава надеж дека ќе има вистинска дебата во Парламентот”, вели еден од гласачите.Лидерот на најголемата Француска зелена партија Даниел Кон-Бендит верува дека движењето сега дури е во состојба да ја контролира европската политика во делот на еколошките прашања.“Постои можност за здружување на независните групи во Европскиот парламент со цел да се даде една политичка насока при носењето одлуки, на пример при собирањето мнозинство против Баросо. Тоа се планира да се случи, ние го обезбедуваме таквото мнозинство”, вели Кон-Бендит.Во Германија, Зелените водени до Клаудија Рут, се традиционално силни и стабилни. Освоија 12 отсто од националните гласови.ЛИСАБОНСКАТА СПОГОДБА НА СТЕНД-БАЈОна што лебди како приказна од европските избори секако е неизвесната иднина на Лисабонската спогодба. Граѓанските демократи од Чешката Република во неделата победија и со тоа се придружуваат на главно антифедералистичка група во Европскиот парламент. Чешка е една од трите држави кои ниту ја одбиле Лисабонската спогодба, но ниту ја ратификувале.Останатите две се Ирска и Полска. Ирска го чека вториот референдум во септември, додека, пак, полскиот претседател Вацлав Клаус вели дека нема да ја потпише Спогодбата додека Ирците не кажат “да” за неа.Владејачката Граѓанска платформа се јави со порака, но откако видоа дека излезноста е мала. Тие ги победија конзервативците (Партија за право и правда) на близнаците Кацзински кои се евроскептици и кои исто така за да ја потпишат Спогодбата би ја чекале одлуката од Ирска наесен.Ваквиот исход го подобруваат и шансите на британските конзервативци да формираат нова група десни антифедералисти во Брисел и во Стразбур со поддршка токму на Граѓанските демократи и Партијата за право и правда. Конзервативците веќе го напуштија десниот центар на ЕПП-групата која ќе доминира во новиот парламент, но за да формираат група ќе им требаат пратениците од уште најмалку четири држави.

Што направи големата шесторка? ФРАНЦИЈА – 72 пратенициНеделата вечер беше добра ноќ за францускиот претседател Николас Саркози кога неговата партија УМП (десен центар) освои 28,5 отсто од француските гласови на изборите за Европскиот парламент, оставајќи ја опозицијата т.е. социјалистите со рејтинг од 17 проценти.Резултатот беше уште подобредојден за претседателот бидејќи последните неколку месеци порасна гневот на јавноста околу начинот на кој тој се справува со последиците од економската криза.Најголемо изненадување сепак беше зелената Европска екологистичка партија, којашто го освои третото место освојувајќи 16 отсто од гласовите. Излезноста на овие избори во Франција е најниска од сите досегашни европски избори. Само 40 отсто од 44 милиони избирачи во неделата го искористија своето право на глас.ГЕРМАНИЈА – 99 пратенициКонзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел на европските избори успеаја да ги “избуткаат” нивните централно-леви ривали, што беше еден од најголемите тестови за јавното мислење пред националните парламентарни избори што ја чекаат Германија во септември.Христијанско-демократската партија (ЦДУ) освои близу 38 проценти од германските гласови, што е помалку од 44,5 отсто што ги освои на претходните европски избори во 2004 г. Сепак, победата е голема поради тоа што поразот на социјалдемократите е голем. Тие освоија 21 процент од гласовите, што за нив е најлош резултат на кои да е избори. Вистински победници се најверојатно помалите партии, како што се Слободните демократи кои освоија 12 отсто и Зелените кои освоија 11 отсто од гласовите.Излезноста во Германија беше малку нас европскиот просек. На гласање излегоа само 44 отсто од полнолетните Германци.ИТАЛИЈА – 72 пратенициНиту папарацо-фотографиите од забавата со разголени девојки не го спречи премиерот Силвио Берлускони со неговата десноориентирана партија да освои 35 проценти од гласовите во Италија и да победи на изборите.  Сепак, Берлускони не успеа да ги освои зацртаните 40 отсто, што според аналитичарите се должи токму на серијата лични скандали на италијанскиот премиер непосредно пред изборите.Добро помина и Северната лига, антиимиграциска партија која освои 11 отсто од гласовите, што е три проценти повеќе од ланските парламентарни избори. Второпласиран е левиот центар со освоени 28 проценти.Италијанците на овие избори беа дисциплинирани и излезноста изнесуваше околу 64 проценти, што е една од највисоките во ЕУ.ПОЛСКА – 50 пратенициВладејачката десничарска партија Граѓанска платформа е победник на европските избори во Полска освојувајќи 45 отсто. Премиерот Доналд Таск ваквата победа ја протолкува како да му е дадена “нова доверба” на неговиот кабинет. Високиот процент освоени гласови, според аналитичарите, се должи на тоа што Полска досега е најмалку погодена држава од економската криза. Евроскептиците освоија 30 отсто, а Социјалдемократската алијанса – 13 проценти од гласовите. Одзивот на гласачите беше само 27 проценти, што е повеќе од 20-те отсто од европските избори во 2004 г., но никако споредливи со речиси 54 отсто од последните парламентарни избори.ШПАНИЈА – 50 пратенициСоцијалистичкиот премиер Јосе Луис Родригез Запатеро изгуби на европските избори во Шпанија. Неговата партија освои 38,5 отсто од шпанските гласови, наспроти десничарската опозиција која освои 42,25 проценти. Шест пратенички места освоија и помалите партии од Каталонија и Баскија.Најголема причина за поразот е економската криза што ја зафати оваа европска држава и што предизвика најголема невработеност после Шпанската граѓанска војна во триесетите години на минатиот век.Единствената надеж за Запатеро е што наредните национални избори се дури за три години.ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – 72 пратенициТоа навистина беше една од најлошите ноќи на владејачката Лабуристичка партија која освои минимални 15,3 отсто – што е најлош резултат на оваа партија по Втората светска волја. Лабуристите се дури трети на листата партии кои влегоа во ЕП.Најголем се смета успехот на крајно десната Британска национална партија, која освои две места во Брисел. Сепак, најмногу гласови освои Конзервативната партија – 28,6 отсто. Резултатите од изборите се уште еден дополнителен притисок врз премиерот Гордон Браун, кој се соочува со проблеми и внатре во партијата и кому тројца министри веќе му дадоа оставка.ОдзивПросечниот одзив на европските избори кои завршија во неделата е 43 отсто, што е најниска излезност на избори во ЕУ досега. Најмалку излезени гласачи имаше во Словачка (19,6%) и Литванија (20,9%). Најголем одзив имаше во Луксембург (91%) и во Белгија (85,9%), со тоа што и во двете држави гласањето е задолжително.подрамче1979 – 62%1984 – 59%1989 – 58%1994 – 57%1999 – 50%2004 – 45%2009 – 43%Баросо “се моли” за уште еден моментПретседателот на Европската комисија (ЕК) Жосе Мануел Баросо се надева дека победата на европските изборите му е потврда за втор мандат во телото кое ги создава политиките на ЕУ. Но, и покрај силната победа на Десницата од која доаѓа и Баросо, според новите правила во Парламентот ако Лисабонската спогодба помине пред септември (кога ќе се формира ЕК), за да стане претседател ќе му треба апсолутно мнозинство, т.е. гласовите од 369 парламентарци.Поддржувачите на Баросо, ЕПП и Либералната алијанса, не можат да седат мирни поради тоа што е тешко да се најдат нови сојузници, особено во опозицијата на Баросо во која се и Зелените на силниот Даниел Кон-Бендит. Левите стојат настрана и поради поразот не се подготвени на компромиси.Преговорите веќе се во тек, и тоа ЕПП ги убедува социјалистите за поддршка на Баросо во замена да го добијат претседателствувањето со Парламентот. Од друга страна, и Кон-Бендит ги убедува социјалистите да се здружат со неговите Зелени.Баросо може разумно да се надева на успех, но иста така странските известувачи јавуваат дека социјалистите како да најавуваат нова алтернатива за претседател на Комисијата, поранешниот белгиски премиер Гај Верхофтадт, кој во 2004 г. го изгуби изборот поради ветото на Тони Блер.Како и да е, номинацијата на Баросо веќе е најавена дека ќе се случи во наредните неколку недели. Потврдата за него и останатите членови на Комисијата, Парламентот ќе ја направи во ноември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп

Објавено пред

Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Објавено пред

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.

dobivaj vesti na viber

„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија7 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ8 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија10 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија11 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија11 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ11 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија11 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија11 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет13 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа13 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет15 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет15 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет15 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет16 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа16 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...