Економија
Цените на нафтата стабилни пред самитот на ЕУ

Цените на нафтата се стабилизираа во петокот на лондонскиот пазар над нивото од 109 долари, како резултата на тоа што финансиските пазари г исчекуваат решенијата од двата клучни самита на кои европските челници треба да ги договорат решенијата за надминување на должничката криза во еврозоната.
Цените на нафтата се стабилизираа во петокот на лондонскиот пазар над нивото од 109 долари, како резултата на тоа што финансиските пазари г исчекуваат решенијата од двата клучни самита на кои европските челници треба да ги договорат решенијата за надминување на должничката криза во еврозоната. Цената на барелот сирова нафта во Лондон остана речиси неизменета на 109,66 долари, откако во петокот наутро го достигна највисокото ниво од 110.00 долари. На американскиот пазар цената на барелот беше во позитива од 35 центи, па се продаваше за 86,42 долари.Германија и Франција соопштија дека европските лидери во недела детално ќе го испитаат сеопфатното решение за кризата и ќе настојуваат да го усвојат најдоцна до идната среда. Тешкотиите во постигнувањето на договорот ја нагризува довербата во Европа. Така, германската деловна клима во октомври се влошила четири месеци по ред, спуштајќи се на најниското ниво од средината на 2010 година, што ги поддржува стравувањата дека најголемото европско стопанство е на прагот на острото забавување. „Големиот ризик за пазарите е што челниците на ЕУ можеби нема да го сторат она што од нив се очекува, а тоа е решението на должничката криза. Ако не се појави знак дека претстои конечно решение, несклоноста кон ризиците ќе се зголеми уште повеќе а трговијата со стоки ќе ослаби“, вели Карстен Фритч од франкфуртската „Commerzbank“.Инвеститорите се плашат дека длабоката поделеност меѓу Германиј аи Франција би можела да значи дека нема да биде постигнат поголем напредок во зајакнувањето на овластувањата на Европскиот фонд за финансиска стабилност – EFSF. Главната точка на разидувањето е модусот за зголемување на капацитетот на овој фонд, кој моментално изнесува 440 милијарди евра. Франција стравува дека изборот на понеповолниот модус би можел да го загрози нејзиниот кредите рејтинг. На американскиот пазар цените ги поддржа очекувањето на постудената зима во САД, поради што се очекува раст на побарувачката на масло за греење. Организацијата на земјите извознички на нафта – OPEC, во меѓувреме на својата интернет страница објави дека цената барел од референтната кошничка нејзина нафта во четвртокот изнесувала 108,65 долари, што значи дека за 1,46 долари повисока отколку во средата./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Иран остана без гас бидејќи Ирак го запре вентилот по наредба на САД

Ирак денеска ќе го запре увозот на гас од Иран како дел од условите што ги постави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа одлука беше поздравена од страна на Стејт департментот на САД, кој ја потврди потребата од елиминирање на енергетската зависност од Иран.
Ирачката влада ќе мора да најде алтернативен извор на гас за да ја задоволи потребата за енергија, но некои пратеници ја изразија својата загриженост, посочувајќи дека во моментов нема јасна алтернатива за задоволување на потребите на земјата.
„Ирак дневно увезуваше 50 милиони кубни метри гас од Иран за напојување на своите електрани“, пренесува Асарак ал Авсат. Властите во Багдад сега се соочуваат со предизвик да обезбедат нови извори на енергија.
Портпаролката на Стејт департментот ја поздрави посветеноста на ирачкиот премиер во напорите да ја зголеми енергетската независност на земјата: „Повикуваме Ирак да ја елиминира зависноста од иранските енергетски извори што е можно поскоро“.
Со оваа мерка, САД дополнително го засилуваат притисокот врз Багдад да дозволи извоз на сурова нафта од Курдистан преку Турција, што е дел од пошироката стратегија за економска изолација на Иран и намалување на приходите од нафтата, кои служат за финансирање на нуклеарната програма на Иран.
Свет
(Видео) Хаос во Цирих, полицијата користеше гумени кушруми и созавец врз демонстрантите
Оваа сабота, на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, во Цирих беше најавена неовластена демонстрација на левичарските екстремисти за правата на жените, која се одржа и на крајот настана целосен хаос!
Расположението на собирниот плоштад првично беше мирно, но полицијата постави блокади на патиштата. Полицијата беше вооружена со штитови и пушки и најави дека ова е неовластена демонстрација која ќе ја толерира се додека е мирна.
Сепак, набрзо избувна хаос. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите и ги турна назад со палки, а некои од демонстрантите мораа да побараат лекарска помош.
Zürich: Nicht bewilligte #Demonstration zum #Weltfrauentag. Die Polizei setzt Reizgas und Schlagstöcke ein. Zur #Demo gegen «Vereinzelung, Krieg und Patriarchat» aufgerufen haben linksradikale Gruppierungen. #Frauentag #InternationalWomensDay #IWD2025 #WomansDay #WorldWomensDay pic.twitter.com/PBtVf5HDKR
— LIVE1 (@LIVE1TV) March 8, 2025
Еден демонстрант претрпел оштетување на слухот.
За време на демонстрациите во Цирих имаше и материјална штета, при што некои згради беа обоени во црвено и фрлани јајца.
Според еден од присутните, полицијата го започнала насилството: „Полицијата едноставно ги нападна демонстрантите со гумени куршуми, палки и пепер спреј“.
Еден полицаец паднал на земја, но не е повреден.
Економија
УЈП воведува нови функционалности за поднесување барања за кодови за пресметка на плати

Управата за јавни приходи (УЈП) ја заврши надградбата на системот за е-Даночни услуги со нова функционалност, која овозможува поднесување барање за издавање на код за идентификација на МПИН пресметките за плати. Оваа новина ги информира даночните обврзници и сметководителите за новите процедури.
„Даночните обврзници кои се соочуваат со проблеми во врска со кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките, треба да поднесат барање за нов код преку системот е-Даночни услуги. Барањето се наоѓа во менито „Прегледи и извештаи“ под подменито „Барање за издавање на клуч за спремање на плати“. Издадените кодови ќе бидат достапни на профилите на корисниците во соодветното мени“, соопштуваат од УЈП.
Дополнително, УЈП потсетува дека оние кои одлучиле да ги користат МПИН пресметките преку системот е-Даночни услуги, согласно со последното соопштение од 6 март 2025 година, нема потреба да поднесуваат барање за издавање нов клуч за пресметка на платите.
„Скоро ќе излеземе со дополнително соопштение кога целосно ќе започне да се користи новиот систем за пресметка на плати“, велат од УЈП.