Македонија
Адеми: Ситуацијата нема да се промени, доколку нема промена на метеоролошките услови
Во вакви метеоролошки услови, ние и да забраниме сè, ситуацијата нема да се промени во следните 10 дена, доколку немаме промена на метеоролошките услови. Сè има влијание, меѓутоа најголемо влијание имаат метеоролошките услови, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми во Неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Мора прво да имаме предвид дека ова не се случува поради градежните активности, ова се случува поради грејната сезона и поради метеоролошките услови, потенцирал тој.
Според Адеми, поголемите индустриски капацитети кои подлежат на А интегрирани дозволи во Скопје не работат во моментов, а работат само оние кои имаат еколошки стандарди и исто така и тие работат со помал капацитет, така што не може да се извлечат констатации врз основа на податоците од мерните единици кои некогаш имаат некој пик.
Доколку воведуваме целосна забрана во сообраќајот, треба да се исполнат некои други предуслови, истакнува министерот. Мора да имаме посебни паркинзи надвор од Скопје или надвор од Тетово, мора да имаме добро организиран јавен превоз кој ќе ги транспортира патниците од тие паркинзи до централното градско подрачје и со тоа може да создаваме други жаришта. Целта на владата не е да се помести лошиот квалитет на воздухот од центарот кон друго населено место. Се размислува за воведување на „пар -непар“, кој на некој начин би го намалил сообраќајот барем до 50 отсто, но тоа како мерка може да не потсети на некои претходни периоди кога се воведуваше „пар -непар“, но во тие години се воведуваше поради недостиг на нафта. Мора сите мерки кои ќе се предложат да немаат негативни ефекти во други територии и врз населението, изјави министерот Адеми во интервјуто за Радио Слободна Европа./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

