Скопје
Референдум за зачувување на изгледот на ГТЦ
Општина Центар, во недела, спроведува референдум на кој жителите на Центар ќе одговараат на референдумското прашање „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“.
Советот на Општина Центар донесе одлука за распишување референдум за задржување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар, а советниците од коалицијата предводена од СДСМ гласаа за тоа на граѓаните на Центар да им се даде право самите да одлучат за изгледот на ГТЦ, додека советниците на коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ гласаа воздржано.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој до Советот ја поднесе предлог одлуката за распишување референдум за ГТЦ, рече дека ова е историски ден за општина Центар и се надева дека ова ќе стане пракса и во другите општини.
Осумдесет проценти од граѓаните во Центар ја поддржуваат можноста за референдум и веруваат дека и тие треба да бидат вклучени во одлучувањето. Поддршка за овој референдум има и од 17 невладини организации.
„Референдумот ги обединува граѓаните, ја зголемува довербата во институциите и е коректив на одлуките на властите. Да ги оставиме партиските интереси, политиката не треба да доминира, оваа одлука е во интерес на граѓаните. Го сакам ГТЦ“, изјави Жерновски, прои донесувањето на одлуката.
Одлуката на референдумот ќе се смета за донесена ако гласале половина од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список на оваа општина, а бројот на гласачи во избирачкиот список кој се регистрирани е 43.560, што е за околу 750 гласачи повеќе од последните организирани избори.
Во врска со престојниот референдум бројот на баратели за набљудување на изборниот процес во Општина Центар е 597 а меѓу нив покрај ДИК се и невладината МОСТ, ОБСЕ и поголем број невладини.
ГТЦ ќе се заштити по одлука на граѓаните ако за задржување на сегашниот изглед гласале мнозинството од оние кои излегле да гласаат.
Средствата за распишување на тендерот се обезбедени од буџетот на Општината. Жерновски вели дека се потребни од два до три милиони денари и дека овие пари се веќе испланирани со буџетот за 2015 година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви 334 записници во текот на минатата година
Во периодот јануари – декември 2024 година екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.
Како резултат на овие активности од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број записници, вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир. Во текот на минатата година екопатролата реализира и секојдневни интервентни патролни дежурства на таканаречените црни точки – локации на кои е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Повеќето од овие локации се наоѓаат во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.
„Во општина Чаир секојдневно непрописно се одлага отпад на булеварите Никола Карев (пластичарската улица, на аголот со улицата Максут Садик) и Крсте Мисирков (до ‘Зегин’ на Бит-пазар), како и улиците Џон Кенеди (до ООУ ‘Васил Главинов’) и Славеј Планина (во непосредна близина на скопското Теќе), а во општина Ѓорче Петров станува збор за повеќе локации на улиците Лука Геров, Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев и Македонска војска“, велат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Скопје
Дел од Кисела Вода и Карпош без струја
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– од 8 до 13 часот дел од корисниците од улицата Св. Наум Охридски, Црниче (општина Кисела Вода);
– од 10 до 14 часот дел од корисниците од булеварот Илинден, реонот кај раскрсницата со улицата Коле Неделковски (општина Карпош).
Скопје
Отстранети 50 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Ѓорче Петров и Карпош
Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Карпош.
„Отстранети се 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа и петнаесетина автомобилски гуми одложени на јавна површина на улицата Војдан Чернодрински, како и 10 кубни метри кабаст отпад одложен на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) во скопската општина Чаир. Во општината Карпош се подигнати приближно 10 кубни метри кабаст отпад одложен на сообраќајна површина на улицата Загребска, во населбата Козле. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати 15 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Ѓорче Петров“, посочија од ЈП Комунална хигиена Скопје.