Контакт

Свет

Русија и Грција разговара со Либија за примирје

Објавено пред

Претстаници на Русија и Грција разговарале со либиската влада за спроведување на прекин на огнот, соопшти државната либиска агенција JANA, откако силите на режимот на Моемер ел-Гадафи почнаа повлекување од опсадената Мисрата.

dobivaj vesti na viber

Претстаници на Русија и Грција разговарале со либиската влада за спроведување на прекин на огнот, соопшти државната либиска агенција JANA, откако силите на режимот на Моемер ел-Гадафи почнаа повлекување од опсадената Мисрата. Либиската агенција соопшти дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на либискиот премиер Ал Багдади Ал-Махмуди во саботата навечер му рекол дека Москва може да испрати набљудувачи кои би го надгледувале примирјето и би отвориле пат кон изнаоѓањето на мирно решение на судирот во Либија.Според JANA, Лавров овој предлог на ал-Махмуди му го соопштил во телефонски разговор, а според агенцијата Лавров рекол „Русија е со либискиот народ“.Лавров и Махмуди во разговорот го истакнале  спроведувањето на примирјето што го најави Либија, додава агенцијата во својот извештај.„Ставот на Русија е насочено на мирно решавање и на нејзината подготвеност да испрати набљудувачи за надзор на примирјето. Лавров истакнал дека Русија за тоа ги известила Обединетите нации“, пишува JANA. Москва инаку не го коментираше сѐ уште.Либиската државна агенција дека премиерот Махмуди разговарал и со грчкиот колега Јоргос Папандреу и „ја повторил либиската посветеност на резолуцијата 1973 на Советот за безбедност на Обединетите нации“, како и на мировната иницијатива на Африканската унија. Извори од грчката влада за Reuters го потврдил контактот додавајќи дека до него дошло по иницијатива на либиската страна./крај/ро/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шефот на ОН го осуди терористичкиот напад во Индија

Објавено пред

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш остро го осуди нападот врз туристи во индиски Кашмир во кој вчера загинаа најмалку 26 лица, изјави неговиот портпарол.

dobivaj vesti na viber

„Генералниот секретар нагласува дека нападите врз цивили се неприфатливи под никакви околности“, додаде тој, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите кои беа жртви на вооружен напад.

Милитанти отворија оган врз туристи во Пахалгам, на околу 90 километри од Сринагар на индиската територија Џаму и Кашмир, при што загинаа најмалку 26 лица.

Повеќето од загинатите се туристи, наводно од различни региони на Индија, а според најавата на првиот министер за Џаму и Кашмир, Омар Абдула, бројот на загинатите се уште се утврдува.

Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Кашмирски отпор.

Прикажи повеќе...

Свет

Американскиот државен секретар го откажа учеството во мировните преговори за Украина

Објавено пред

Американскиот државен секретар Марко Рубио нема да учествува на разговорите во Лондон со цел да се стави крај на војната во Украина, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.

dobivaj vesti na viber

По разговорот со својот британски колега, на социјалната мрежа Икс Рубио најави дека ќе го одложи патувањето и ќе го посети Обединетото Кралство во наредните месеци.

Разговорите ќе продолжат, а на нив ќе присуствува и пратеникот на претседателот Доналд Трамп за Украина, генералот Кит Келог, додаде тој.

Сепак, не е јасно дали неговото отсуство значи дека Трамп ги намалил очекувањата на Вашингтон за состанокот во Лондон, откако во неделата рече дека се надева оти Москва и Киев ќе постигнат договор оваа недела за ставање крај на конфликтот во Украина.

„Во овој момент, додека се уште траат состаноците во Лондон, тој нема да биде присутен. Сепак, оваа изјава не се однесува на самите состаноци, туку на логистички прашања во неговиот распоред“, изјави Брус за новинарите на редовниот брифинг. „Генералот Келог е таму и тој ќе учествува во разговорите“, додаде таа.

Одлуката уследи по предупредувањето дека САД ќе се повлечат од напорите за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина доколку наскоро нема јасни знаци за напредок.

Прикажи повеќе...

Европа

Телото на папата Франциско денеска ќе биде преместено во базиликата

Објавено пред

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан.

dobivaj vesti na viber

Телото на папата моментално е положено во ковчег во капелата на Домот Света Марта, каде што живеел за време на неговото папство.

Ватикан вчера соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим.

На последното збогување ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и странски лидери како американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на...

Европа1 час

Телото на папата Франциско денеска ќе биде преместено во базиликата

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан. Телото...

Европа1 час

Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини „киевскиот режим“ дека користи жив штит, објави Медуза

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќе пати напаѓала цивилни цели во Украина, тврдејќи дека цел на овие напади...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Значително ќе ги намалиме царините за Кина, но тие нема да одат на нула

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските...

Свет2 часа

Израелската војска: Од Јемен е истрелана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел. Поради лансирањето на ракетата, прогласена...

Македонија15 часа

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Судот ја одби гаранцијата од еден милион евра на бизнисменот Асмир Јахоски, осомничен за перење пари, во замена да биде пуштен...

Македонија18 часа

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија20 часа

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет22 часа

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ22 часа

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој Пресека: неколкумина повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...

Европа23 часа

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројници

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...

Македонија23 часа

ДУИ: Институциите го деградираат користењето на албанскиот јазик на ниво пред усвојувањето на Законот за јазиците

„ДУИ изразува длабока загриженост поради систематското непочитување на албанскиот јазик на официјалните веб-страници на министерствата на Владата на Република Северна...

Свет1 ден

(Фото/Видео) Најпознатите градби во светот блескаат за папата Франциско

Откако вчера беше објавена веста за смртта на папата Франциско, бројни светски метрополи и верски заедници му оддадоа почит со...

Свет1 ден

„Харвард“ ја тужи администрацијата на Трамп поради замрзнување на финансирањето

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да го спречи замрзнувањето на повеќе од 2 милијарди...

Македонија1 ден

На Табановце и на Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа1 ден

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет1 ден

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет1 ден

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...