Македонија
Цената на сите садници е околу 70.000.000 денари

Цената на сите садници е околу 70.000.000 денари, а останатите активности во поголем дел се на некој начин бесплатни донации, соопшти премиерот Никола Груевски кој на „Денот на дрвото“, засади дрво кај Милениумскиот крст на Водно.
„Цената на сите садници е околу 70.000.000 денари, останатите активности во поголем дел се на некој начин бесплатни донации, вклучени се многу институции, невладини организации, државни органи и мислам дека тоа е прениска цена за еден ваков потфат, кој што здружението „Ден на дрвото“ заедно со Владата, и „Македонски шуми“, кои се фронтмен на оваа акција вложува во нешто што навистина се исплати, во нешто што е видливо и допрва ќе стане видливо“ изјави Груевски.
Вкупно, од март 2008 година, кога започна акцијата па до денеска се засадени 35.000.000 дрвца. Според Груевски, годишно се садат по 15.000.000 дрвца.
„Оваа година акцентот е повеќе ставен на парк -шумата Водно. Со оваа акција сметаме дека се придонесува за подобрување на шумскиот фонд на парк-шумата Водно. Инаку, парк- шумата „Водно“ ја одржува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Континуирано има присутни луѓе, ги направивме видиковците, сега ќе се уредува просторот околу Милениумскиот крст, со единствена цел луѓето да ги доведеме да доаѓаат на Водно“ изјави градоначалникот на Скопје,. Коце Трајановски.
Акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“ се одржува по шестипат во Македонија./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.