Контакт

Естрада

Елтон Џон наседнал на 'повик' од Путин

Објавено пред

Двајца познати руски комичари телефонски го повикале Елтон Џон и му се претставиле како претседателот Владимир Путин и неговиот портпарол, во што славниот британски музичар потполно поверувал.

dobivaj vesti na viber

Владимир Краснов и Алексеј Столјаров му се јавиле на Елтон Џон, откако овој неодамна изјави дека би сакал директно да разговара со претседателот Владимир Путин за правата на хомосексуалците во Русија, пишува во четвртокот Комсомолска Правда.

Елтон Џон минатиот викенд за BBC изјави дека би сакал разговара за темата со Путин Тој ја изложи ремата за толеранцијата и правата на луѓето, вклучително и во Украина, на форумот Јалтска европска стратегија (YES) во Киев.

„Мислевме дека Путин веројатно нема да го повика или ќе се сретне со него, но испадна дека Елтон навистина го очекувал тој повик, па брзо проверуваше дали повикот е вистински“, изјави Столјаров, кој одлично зборува англиски па се претставил како портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Краснов притоа го глумел Путин.

Елтон Џон веднаш на својот профил на Instragram јавно му се заблагодари на Путин за повикот. „Се радувам на скориот состанок во четири очи и разговорот за ЛГБТ правата“, напиша музичарот.

Кремљ набрзо демантираше дека бил воден телефонски разговор. „Не знаеме кој му се јавил на господин Елтон Џон, но претседателот Путин сигурно не“, изјави вистинскиот Дмитриј Песков.

Инаку Елтон Џон не е првата жртва на двајцата комичари. Слична измама им приредија, меѓу другите, и на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, сега ангажиран во украинскиот русојазичен пристанишен град Одеса, на градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и на белорускиот претседател Александр Лукашенко./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Естрада

Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Објавено пред

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.

Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.

Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за...

Свет3 часа

(Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички...

Македонија4 часа

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Битола во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври која...

Македонија5 часа

(Видео) Петрушевски: СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која...

Македонија5 часа

(Видео) Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Кандидатот за советник во Град Скопје од СДСМ, Емил Николовски, денеска на прес-конференција го критикуваше кандидатот за градоначалник на Град...

Свет5 часа

(Видео) Бурата Ејми предизвика бројни проблеми: илјадници без струја, откажани летови, затворени железнички линии

Сите осум кралски паркови во Лондон, вклучувајќи ги Хајд Парк и Ричмонд Парк, денеска се затворени поради силни ветрови предизвикани...

Регион6 часа

Трагедија во Хрватска: маж почина од убоди на стршлени додека сечел дрва за огрев

Додека сечел дрва во шума, 54-годишен маж бил нападнат од стршлени. И покрај брзата лекарска интервенција, починал на самото место....

Свет8 часа

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ослободи заложници

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас делумно го прифати...

Македонија22 часа

Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија, зошто секогаш кога се власт се случуваат грешки како прифаќањето на бугарскиот ултиматум

На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Топ1 ден

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот...

Македонија1 ден

Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани  

 „Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за...

Топ1 ден

Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода. Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје,...

Македонија1 ден

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени...

Македонија1 ден

Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во...

Македонија1 ден

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети, кој е на црната листа на САД

Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, од функцијата. Инаку, тој во декември минатата година, заедно...

Македонија1 ден

Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии, објави Арсовска

Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето...

Свет1 ден

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...

Свет1 ден

Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат...

Европа1 ден

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол...

Европа2 дена

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...