Црна хроника
Двајца повредени во две сообраќајки во Прилеп
Во две одделни сообраќајни незгоди во Прилеп и околината, двајца биле тешко повредени, односно еден има скршеници на ребрата, а девојче има скршена нога.
Имено, во неделата опколу 17.45 часот на патот Прилеп-Македонски Брод се случила сообраќајна незгода во која В.Т.(27) од Прилеп управувајќи возило „фиат браво“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво. Во незгодата, сопатникот А.С.(29) од Прилеп се здобил со скршеници на ребра, кој е пренесен и задржан на лекување во болницата во Прилеп. Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Прилеп.Истиот ден, во 19 часот во Прилеп на крстосницата со улиците „Тризла“, „Београдска“ и „11-ти Октомври“, се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(41) од село Лабуништа, и мотоцикл „лингбен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(22) од Прилеп. Во незгодата, 14-годишна сопатничка од мотоциклот се здобила со скршеница на лева нога и по укажаната лекарска помош во болницата во Прилеп е префрлена во Ургентниот центар Скопје за понатамошно лекување. Увид на лице место извршила екипа од полициската станица Прилеп./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пијан, 65-годишник од Свети Николе им се заканувал на синовите и го нападнал едниот
65-годишен жител на Свети Николе бил приведен откако во семејниот дом им се заканувал на своите двајца синови со остар предмет, а едниот од нив и физички го нападнал.
Инцидентот се случил на 7 февруари околу 21:30 часот, а полицијата интервенирала истата вечер во 22:45 часот. По приведувањето било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол – измерени му биле 2,16 промили во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен маж во струшката болница, aгресивно се однесувал со медицинските лица
Утрово околу 01:40 часот, во Општата болница во Струга бил приведен 59-годишниот М.А. од селото Делогожда, поради агресивно и непримерно однесување кон медицинскиот персонал.
Како што информира МВР, лицето со гласно викање и агресија го нарушило јавниот ред и мир и ја загрозило сигурноста на здравствените работници.
По интервенција на полицијата, тој бил приведен, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен велешанец кој со 3,06 промили алкохол се јавил во полициска станица и навредувал полицајци, потоа бил агресивен, велат од МВР
Велешката полиција синоќа го приведе 52-годишниот М.У. од Велес, откако најпрво се јавил во полициска станица и ги омаловажувал службените лица, а потоа и на улицата „Јовче Тикваров“ агресивно се однесувал кон полицајци кои биле на терен и вршеле службени дејствија.
Според СВР Велес, настанот се случил синоќа околу 20:30 часот. При приведувањето, кај М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе следуваат соодветни пријави по целосно документирање на случајот, најави полицијата.

