Економија
Оптимизам во врска со еврокризата, најголеми добитници банките

решение ма кризата во еврозоната на самитот во среда, при што најголеми добитници беа банките поради одлуката за нивна докапитализација.
Европските берзански индекси денеска беа стабилни, а поддршката ја црпеа од очекувањето на сеопфатното решение ма кризата во еврозоната на самитот во среда, при што најголеми добитници беа банките поради одлуката за нивна докапитализација.
Лондонскиот индекс Ftse зајакна за 0,29 проценти, на 5.504 бодови, франкфуртскиот DAX за 0,05 проценти, на 5.973 бодови, а парискиот CAC за 0,08 проценти, на 3.173 бодови.
Вчера европските челници ги одобрија главните црти на планот за докапитализација на банките, која се очекува да достигне од 100 до 110 милијарди евра и била доволна за компензирање на веројатните загуби од грчките обврзници, но и од оние од други земји – членки на еврозоната.
Сепак, за конечната одлука за тоа треба да се почека вториот вонреден самит на ЕУ, закажан за в среда. Аналитичарите предупредуваат дека план кој е наменет исклучиво за банките би бил безвреден ако кон тоа не додаде и сеопфатното решение за должничката криза.
„Дури и да добиеме 200, 300 милијарди евра, докапитализацијата е само дел од поширокиот контекст. Сите ја чекаат среда, а прашање е и колку е веродостоен планот за Европски фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ). На многу прашања и натаму нема одговор, така што постои опасност пазарот да биде незадоволен од она што ќе се случи во среда“, вели банкарскиот аналитичар Номури Јон Пис.
Детаљите за сумите кои ќе им бидат доделени на одделни банки, како и кои банки ќе бидат докапитализирани ќе бидат обелоденети во среда. Најголемиот дел од капиталот, најверојатно, ќе замине во банките во Грција, Шпанија и во Португалија.
Француските банки Societe General и BNP Paribas, германските Deutche и Banka Commerzbanka, како и италијанската UniCredit, најверојатно ќе имаат потреба од неколку милијарди евра секоја, но аналитичарите сметаат дека банките тие суми ќе ги обезбедат по приватни канали.
Во европскиот банкарски сектор акциите скокнаа во просек за 1,1 процент.
Најголеми добитници беа акциите на Societe General, Deutche Banka и Commerzbaka, кои пораснаа во рамките на 1,5 до два процента. Акциите на BNP Paribas и UniCredit остварија добивка од околу 0,5 проценти.
Од друга страна, големи загуби претрпеа акциите на грчките банки, кои потона за дури 13 проценти, заради стравувањата дека поголемите отписи на грчките државни обврзници кои се во рацете на приватниот сектор би ги присилил заемодавците на делумна национализација. На грчките банки најверојатно ќе им бидат потребни повеќе од 30 милијарди евра.
Добивка остварија и акциите на рударскиот сектор, поддржани од добрите вести од кинескиот производен сектор. Акциите на Kazakhmysa и Antofagast скокнаа за дури 5,4 проценти, следејќи го растот на цените на основните метали заради оптимизмот во врска со побарувачката во тој сектор.
Индексот на токијската берза Nikkei порасна за 1,9 проценти и тргувањето го заврши со 8.843 бодови. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Иран остана без гас бидејќи Ирак го запре вентилот по наредба на САД

Ирак денеска ќе го запре увозот на гас од Иран како дел од условите што ги постави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа одлука беше поздравена од страна на Стејт департментот на САД, кој ја потврди потребата од елиминирање на енергетската зависност од Иран.
Ирачката влада ќе мора да најде алтернативен извор на гас за да ја задоволи потребата за енергија, но некои пратеници ја изразија својата загриженост, посочувајќи дека во моментов нема јасна алтернатива за задоволување на потребите на земјата.
„Ирак дневно увезуваше 50 милиони кубни метри гас од Иран за напојување на своите електрани“, пренесува Асарак ал Авсат. Властите во Багдад сега се соочуваат со предизвик да обезбедат нови извори на енергија.
Портпаролката на Стејт департментот ја поздрави посветеноста на ирачкиот премиер во напорите да ја зголеми енергетската независност на земјата: „Повикуваме Ирак да ја елиминира зависноста од иранските енергетски извори што е можно поскоро“.
Со оваа мерка, САД дополнително го засилуваат притисокот врз Багдад да дозволи извоз на сурова нафта од Курдистан преку Турција, што е дел од пошироката стратегија за економска изолација на Иран и намалување на приходите од нафтата, кои служат за финансирање на нуклеарната програма на Иран.
Свет
(Видео) Хаос во Цирих, полицијата користеше гумени кушруми и созавец врз демонстрантите
Оваа сабота, на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, во Цирих беше најавена неовластена демонстрација на левичарските екстремисти за правата на жените, која се одржа и на крајот настана целосен хаос!
Расположението на собирниот плоштад првично беше мирно, но полицијата постави блокади на патиштата. Полицијата беше вооружена со штитови и пушки и најави дека ова е неовластена демонстрација која ќе ја толерира се додека е мирна.
Сепак, набрзо избувна хаос. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите и ги турна назад со палки, а некои од демонстрантите мораа да побараат лекарска помош.
Zürich: Nicht bewilligte #Demonstration zum #Weltfrauentag. Die Polizei setzt Reizgas und Schlagstöcke ein. Zur #Demo gegen «Vereinzelung, Krieg und Patriarchat» aufgerufen haben linksradikale Gruppierungen. #Frauentag #InternationalWomensDay #IWD2025 #WomansDay #WorldWomensDay pic.twitter.com/PBtVf5HDKR
— LIVE1 (@LIVE1TV) March 8, 2025
Еден демонстрант претрпел оштетување на слухот.
За време на демонстрациите во Цирих имаше и материјална штета, при што некои згради беа обоени во црвено и фрлани јајца.
Според еден од присутните, полицијата го започнала насилството: „Полицијата едноставно ги нападна демонстрантите со гумени куршуми, палки и пепер спреј“.
Еден полицаец паднал на земја, но не е повреден.
Економија
УЈП воведува нови функционалности за поднесување барања за кодови за пресметка на плати

Управата за јавни приходи (УЈП) ја заврши надградбата на системот за е-Даночни услуги со нова функционалност, која овозможува поднесување барање за издавање на код за идентификација на МПИН пресметките за плати. Оваа новина ги информира даночните обврзници и сметководителите за новите процедури.
„Даночните обврзници кои се соочуваат со проблеми во врска со кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките, треба да поднесат барање за нов код преку системот е-Даночни услуги. Барањето се наоѓа во менито „Прегледи и извештаи“ под подменито „Барање за издавање на клуч за спремање на плати“. Издадените кодови ќе бидат достапни на профилите на корисниците во соодветното мени“, соопштуваат од УЈП.
Дополнително, УЈП потсетува дека оние кои одлучиле да ги користат МПИН пресметките преку системот е-Даночни услуги, согласно со последното соопштение од 6 март 2025 година, нема потреба да поднесуваат барање за издавање нов клуч за пресметка на платите.
„Скоро ќе излеземе со дополнително соопштение кога целосно ќе започне да се користи новиот систем за пресметка на плати“, велат од УЈП.