Македонија
Трибина на Форум и Конрад Аденауер
По повод 20 години од падот на Берлинскиот ѕид и 18 години независност државата, Фондацијата Конрад Аденауер и Форум во петок во хотелот Александар палас,организираат панел-дискусија на која ќе се води дискусија на темата предизвици во современата надворешна политика
На панел-дискусијата ќе бидат разгледувани достигнувањата и предизвиците на носителите на надворешната политика во изминатите две декади, по завршувањето на Студената војна и осамостојувањето на Република Македонија. Исто така, ќе биде дискутирано и за актуелните случувања во контекст на глобалните безбедносни закани и проширувањето на Европската Унија и НАТО. На дискусиите своето учество го потврдија Анри Боне, претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија; Улрике Мариа Кнотц, амбасадор на СР Германија во Македонија; Едуард Линтнер, член на Бундестагот (ЦДУ/ЦСУ) и член на Комисијата за надворешна политика; Александар Димитров, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија (1998-2000); Димитар Мирчев, поранешен македонски амбасадор во Словенија и Ватикан, професор на универзитетот ФОН; Дејвид Виснер, професор по меѓународни односи и директор на катедрата Михаел С. Дукакис за јавни политики и услуги, Американски колеџ во Солун; Љубомир Фрчкоски, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија (1996-1997), професор на Правниот факултет; Васил Тупурковски, поранешен Специјален пратеник на Македонија во САД, професор на Правниот факултет; Атанас Кировски, новинар во магазинот Форум; Снежана Османли, шеф на кабинет на првиот Претседател на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерство за здравство: Активиран модул за изразување интерес за соработка на лекари од странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

