Свет
Рогозин: со кампањата против Сирија, НАТО ја стега јамката околу Иран
НАТО планира воена кампања против Сирија за да помогне во рушењето од власт на режимот на претседателот Башар ал-Асад, со долгорочна цел да си обезбеди мостобран за напад врз Иран, изјави денеска рускиот претставник во НАТО, Дмитри Рогозин.
НАТО планира воена кампања против Сирија за да помогне во рушењето од власт на режимот на претседателот Башар ал-Асад, со долгорочна цел да си обезбеди мостобран за напад врз Иран, изјави денеска рускиот претставник во НАТО, Дмитри Рогозин.Во средата Советот за безбедност на ОН ја осуди употребата на сила против демонстрантите во Сирија, но НАТО веднаш потоа излезе со став дека ситуацијата не е созреана за интервенција на Алијансата во оваа земја, како што стори во Либија. „Оваа изјава значи дека подготовките наголемо се спроведуваат. Тоа би била логична завршница на воените и пропагандните операции, кои одредени западни земји ги изведоа во Северна Африка“, смета Рогозин.Рускиот дипломат го посочи фактот дека Алијансата цели да интервенира само кај оние режими „чии гледишта не се поистоветуваат со оние на Западот“. Рогозин се согласува со ставовите на некои експерти дека Сирија, а потоа и Јемен би биле последните чекори на НАТО пред конечниот напад врз Иран.„Јамката околу Иран се повеќе се затегнува. Военото планирање против Иран наголемо е во тек. А ние сме многу загрижени поради можноста за ескалација на голема војна во овој регион“,,вели Рогозин.Откако ја научи лекцијата од Либија, Русија „ќе продолжи да се спротиставува на сличната резолуција и против Сирија“, рече Рогозин и додава дека последиците од голем конфликт на северот на Африка ќе бидат уништувачки за целиот свет. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.