Македонија
Груевски–Притисок за решение за името и влез во НАТО

Македонија и Грција се под притисок од „сите надворешни фактори“ што побрзо да го решат прашањето за името и државата да влезе во НАТО
Македонија и Грција се под притисок од „сите надворешни фактори“ што побрзо да го решат прашањето за името и државата да влезе во НАТО, истакна македонскиот премиер.
„Има притисок и до Грција и до Македонија што побрзо да се реши прашањето за Македонија да влезе во НАТО, во ЕУ и да се затвори спорот“, рече премиерот Никола Груевски.
Премиерот рече дека не се поставуваат рокови за решавање на спорот, но и дека меѓународната заедница бара „што побрзо да се реши“.
Груевски порача дека Македонија очекува да види што ќе понуди медијаторот на ОН, Метју Нимиц, што ќе има влијание врз градењето на натамошните чекори.
Грчките медиуми најавија дека Нимиц во јуни ќе пристигне во посета на Атина и Скопје. Посетата на Нимиц е планирана по завршувањето на изборите за европскиот парламент во Грција, закажани за 7. јуни./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.