Економија
За изградба на делницата Демир Капија – Смоквица пријавени 15 компании

Петнаесет компании денеска поднесоа понуди за изведување на градежни работи за проектот “Изградба на нова автопатска делница Демир Капија – Смоквица, дел од Пан-Европскиот Коридор 10“.
Петнаесет компании денеска поднесоа понуди за изведување на градежни работи за проектот “Изградба на нова автопатска делница Демир Капија – Смоквица, дел од Пан-Европскиот Коридор 10“.
До крајниот рок за доставување на понудите во Министерството за финансии, што истече денеска напладне, се пријавија следните фирми/конзорциуми: „Јoint Venture, JIP AVAX-Athena“ – Грција, „Acciona-PST“ – Шпанија, „Imresa Pizzaroti I.C.G.P.A.“ – Италија, „Тoto S.P.A. Construzioni Generali“- Италија, „Actor“ – Грција, „Strabac A.G.“- Австрија, „Joint Venture Porr-Terna“ – Австрија, „Condotte-Kolin“ – Италија, „Todini Costruzioni Generali SPA“ – Италија, „Alpine BAU GMBH“ – Австрија, „MAPA Insaat ve ticaret A.S“ – Турција, „Hochtief Solutions AG“ – Германија, „CWE-CRI“ – Кина, „Cengiz-TAV-MAКYOL“ – Турција, „Joint Venture OHL-Trace-OHL ZS-INVALL“ – Шпанија.
Меѓу останатите пропишани критериуми, понудувачите мора да обезбедат гаранција од 3.000.000 евра, а вкупниот просечен годишен обрт за градежни работи во текот на последните 3 години треба да изнесува најмалку 150.000.000 евра.
Од понудувачите се бара да исполнат и критериуми кои се однесуваат на искуството во реализацијата на слични проекти, односно да имаат завршено изградба на најмалку еден автопат со вредност на договорот од 250.000.000 евра, или пак да имаат активен договор за проект во истата вредност, чиј степен на реализација е најмалку 60%. Исто така, понудувачите треба да имаат искуство во изградбата на тунели и мостови и да ги поседуваат сите соодветни професионални дозволи.
По завршувањето на оценувањето на понудите, ќе се потпише Договорот за градежни работи, што се очекува да се случи во првиот квартал на 2012 година, а изградбата ќе трае 4 години.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА) – во висина од 45 милиони евра, од Европската Инвестициона Банка – 130 милиони евра, од Европска Банка за Обнова и Развој – 90 милиони евра и од Агенција за државни патишта – средства во висина 6 милиони евра.
Новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица, како дел од Пан-европскиот Коридор 10 која е во должина од 28, 2 километри ќе се реализира како целосно автопатско решение. Предвидено е овој автопат да содржи 2+2 коловозни ленти во широчина од 3.50 метри за секој правец, физички одвоени со средна лента од 3 метри, а предвидената дозволена брзина ќе биде 110 km/h постојано по целата лента.
На трасата предвиденo е да има 6 двоколовозни мостови (вкупно 4,55 km сметани едноколовно), 2 двоцевни тунела (вкупно 4.94 км сметани едноцевно), 2 клучки, од кои едната кај населеното место Миравци, а другата кај населеното место Смоквица, 5 натпатници (вклучувајќи ги и оние на клучките), 7 потпатника и секундарна патна мрежа од15 km (локални и пристапни патишта). /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.