Свет
САД ја поддржуваат истрагата за трговијата со органи на Косово
Американскиот Стејт департмент во петокот навечер ја повтори поддршката за истрага која ќе се спроведува по обвинувањата во извештајот на Советот на Европа за трговија со човечки органи на Кoсово, велејќи дека такви обвинувања имало и порано, при што се оценува дека тоа нема да го промени односот на САД кон Косово.По прашањето за извештајот за нелегална трговија со човечки органи на Косово, портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули во петокот на редовниот брифинг со новинарите рекол дека „некои од тие прашања и порано беа под истрага“, но и дека во обемот во кој ова известување дава нова димензија на нив „треба да бидат истражени до крај“.На прашањето дали американската администрација контактирала со владата на Косово на оваа тема, Кроули рекол дека не е запознат со такво нешто. „Не мислам дека тоа значајно ќе ги измени односите на САД и Косово… тие односи се базираат на двостраните интереси а не на одредени личности“, додал Кроули.На прашањето дали гледа проблеми во продолжувањето на односите со косовските функционери, особено со косовскиот премиер Хашим Тачи, портпаролот на американскиот Стејт департмент одговорил дека секој е невин додека не му биде докажана вината. „Засега, имајќи предвид дека секој поединец е невин секаде во светот додека не му се докаже вината, тој е актуелен премиер на владата, и ние ќе продолжиме да соработуваме со таа влада“, рекол Кроули.Меѓутоа, како што известуваат американските медиуми, новинарите направиле паралела со претседателите на Судан и на Зимбамве, Омар Башир односно Роберт Мугабе, со кои САД не соработуваат иако уште не се осудени за ништо, така што сметаат дека Хашим Тачи е во одредена „повластена“ положба. На ова Кроули одговорил дека „САД никому не даваат пропусница“, повторувајќи дека треба во целост да се истражат новите информации кои ги открива специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти за трговија со органи на Косово. Швајцарскиот парламентарец Марти во вторникот го објави извештајот во кој раководството на Ослободителната војска на Косово е обвинето дека на српските затворениците на Косово и на северот од Албанија им ги ваделе органите и ги продавале за трансплантација. Според извештајот таа група била раководена од актуелниот косовски премиер Хашим Тачи, кој како и властите во Тирана овој извештај го карактеризираа како конструкција, лаги и скандалозно./крај/ро/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа за Иран: Трамп ја следи ситуацијата, може да има сериозни последици
Американскиот претседател Доналд Трамп внимателно ја следи ситуацијата на терен во Иран, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Таа додаде дека Трамп и неговиот тим го предупредиле Техеран дека ќе има „тешки последици ако продолжат убиствата поврзани со владината репресија“, пренесува Ројтерс.
Трамп вчера изјави дека му било кажано дека убиствата како дел од иранската репресија на протестите низ целата земја се намалуваат и дека верува дека во моментов нема план за масовни егзекуции, иако тензиите меѓу Техеран и Вашингтон остануваат високи.
„Ќе бидеме многу вознемирени ако егзекуциите продолжат“, рече Трамп.
Тој не ја исклучи воената акција на САД, велејќи дека ќе „следи како се одвива процесот“, истакнувајќи дека американската администрација добила „многу охрабрувачка порака“ од Иран.
Протестите во Иран започнаа на 28 декември 2025 година поради девалвацијата на локалната валута, иранскиот риал, а на 8 јануари, по повикот на Реза Пахлави, син на шахот на Иран, кој беше соборен во 1979 година, протестните маршеви се интензивираа низ целата земја.
Истиот ден, интернетот беше исклучен, а во неколку ирански градови протестите се претворија во судири со полицијата и беа придружени со скандирања против иранскиот политички систем.
Беше објавено дека имало жртви и меѓу безбедносните сили и меѓу демонстрантите.
Иранските власти, обвинувајќи ги САД и Израел за организирање на немирите, на 12 јануари објавија дека ситуацијата е ставена под контрола.
Свет
(Видео) Мерц: Русија е европска земја, стабилните односи со неа се клучни за иднината на ЕУ
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва.
Зборувајќи пред бизнисмени на новогодишен прием во Хале, Мерц рече дека стабилноста во односите со најголемиот сосед на Европа е клучна за иднината на Европа и Германија, пренесуваат медиумите.
Germany's Merz:
Russia is a European country, our largest neighbor.
If we succeed, in the longer term, in once again finding a balance with Russia—if peace prevails, if freedom is guaranteed—if we succeed in all of this, ladies and gentlemen, then the European Union, and we in… pic.twitter.com/zYBfxawgr9
— Clash Report (@clashreport) January 15, 2026
„Ако успееме да го вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно најдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, зборувам за Русија, ако владее мир и ако се обезбеди слобода, ако успееме во сето ова, тогаш Европската Унија, а со тоа и ние во Германија, ќе го положиме следниот тест и по 2026 година ќе можеме да гледаме кон иднината со доверба“, рече Мерц.
Канцеларот, според написите, нагласил дека неговата изјава не е поврзана со фактот дека се наоѓа во источниот дел на Германија.
„Го велам тоа каде и да сум во Германија“, рече Мерц, додавајќи дека „Русија е европска земја“.
Фото: ЕПА
Свет
Претседателот на Чешка: Американското преземање на Гренланд би претставувало сериозна закана за НАТО
Претседателот на Чешка, Петр Павел, денес предупреди дека нема прашање за безбедноста на Гренланд што не може да се реши со разговори на сојузниците во рамките на НАТО и дека американската анексија на тој дански остров би значела сериозна закана за кредибилитетот на западниот воен сојуз и принципите врз кои е основан.
„Кога едната страна е целосно отворена за разговори, нема смисла да се преземаат какви било присилни мерки. Какви и да се приговорите на САД во врска со Гренланд и одбраната, тие можат да се решат преку преговори на сојузниците“, рече Павел за време на неговата посета на Украина.
Павел рече дека Данска е отворена за разговори за посилно американско присуство и почести воени вежби, вклучително и користење на минералното богатство на островот, и предупреди дека секое воено решение веднаш ќе биде искористено од непријателите на Западниот сојуз.
„Тоа навистина би им било од рака и верувам дека ниту европските сојузници ниту САД не го сакаат тоа“, рече чешкиот претседател.
Павел, кој утре во Киев ќе се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дојде по трет пат од почетокот на руската инвазија на Украина, каде што разговараше за можна соработка во областа на противвоздушната одбрана, како што направи и новиот чешки министер за надворешни работи Петр Мацинка една недела претходно.
И двајцата им потврдија на украинските претставници дека меѓународната иницијатива „Муниција за Украина“, која ја координира Чешка, нема да биде суспендирана, иако партиите што ја сочинуваат новата чешка влада претходно се заканија дека ќе го сторат тоа кога ќе дојдат на власт.

