Спорт
Руни го врати Јунајтед од изгубена позиција
Иако 31-то коло во Премиершип според распоредот не ветуваше интересни мечеви, лидерот Манчестер јунајтед со голем презвврт дојде до бодовите, Арсенал и Челзи ремизираа а Ливепрул беше поразен
Вест хем беше на прагот на големо изненадување поведувајќи против лидерот Маненчестер јунајтед со 2:0 а тогаш се појави Вејн Руни и резултатот се претвори во 2:4. Арсенал пак ремизираше дома против Белкбур, додека Ливерпул е поразен кај ВБАБездруго сер Алекс Фергусон на полувремето, кога гостите водеа со 2:0 максимално го вложил својот авторитет во соблекувалната на „црвените ѓаволи“, зашто сепак иако станува збор за фудбалскиот гигант Манчестер јунајт, тешко е за една екипа да се врати од загубена позиција, и тоа на теренот на противникот кој се бори за опстанок. Тогаш нозете обично тежат како олово, но изгледа кај Вејн Руни има уште многу динамит – тој беше креаторот на величенствениот пресврт, постигнувајќи хет-трик (со што ја достигна бројката 101 гол во Премиершип) со кој Манечстер јунајтед поцврсто се движи кон титулата, особено имајќи предвид дека најголемито ривал Арсенал одигра без голови на својто „Емирати“ против Блекбурн.Двата гола за Вест хем ги постигна Марк Нобл, и двата од пенал во 11. и во 25. минута, иако „црвените ѓаволи“ и во овој период од играта беа доминантни на теренот, имаа многу повеќе од поседот на топката и создадоа повеќе и поздрели можност за постигнување гол. Во првиот случај Патрис Евра играше со рака во својот 16-ник, а во вториот Немања Видиќ фаулираше домашен напаѓач, но оваа одлука на судијата Ли Мејсон може да се смета и дискутабилна, бидејќи се доби впечаток дека прекршок српскиот фудбалер го направи пред линијата од својот казнет простор. Во секој случај водството за домаќинот беше заслужено.Сепак темпото на Јунајтед беше пресилно за да може да го следат играчите на Аврам Грент, па во второто полуврме само се очекуваше моментот кога гостите ќе ја погодат мрежаат на Вест хем. ПРво тоа го стори Вејн Руни во 65. Минута со убав гол од слободен удар. Потоа Руни во 73. минута исто така со убав гол го израмни резултатот на 2:2, а веќе во 79. минута откако Апсон во својот казнет простор играше со рака, од пенал го постигна својот хет-трик и водството на Манчестер јунајтед. Конечниот резултат од 4:2 за Манчестер јунајтед го постигна Хавиер Хернандез во 84. минута кога само подметна нога на шутот на својот соиграч Рајан Гигс.Манчестер јунајтед е прв на табелата со 66 бодови, седум повеќе од вторито Арсенал но и меч повеќе. Ова беше прва победа на „црвените ѓаволи“ на гости по двата пораза против Ливерпул и Челзи. Вест хем, пак, по серијата од четири меча без пораз во кои од можни 12 освои 8 бодови, се најде на 18 позиција која води во понискиот ранг од англискиот професионален фудбал со 32 бодови и е во групата загрозени клубови од последното 20-то каде што е Виган со 31 место до 12-то каде е Вест бромвич албион со 36 бодови. Фудбалерите на Арсенал кои пред мечот во саботата во британските медиуми даваа изјави дека годинава може да дојдат до титулата, одиграа без голови на домашен терен против Блекбурн со што го зголемија своето заостанување зад Јунајтед.На „Емирати“ што се однесува до бројот создадени шанси и штутеви (22-7), како и поседот на топката од 68 отсто, „топчиите“ ја оправдаа улогат ана голем фаворит, но стрелците беа многу депримиран. Арсенал, дури, од 76. минута имаше и играч предност, откако кај гостите беш исклучен Стивен Н’Зонзи.Како што по веднаш по саботниот меч призна менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти, по денешното реми кај Сток сити од 1:1, лондонските „сини“ најверојатно дефинитивно се простија од титулата. На седум кола пред крајот Челзи зад Манчестер јунајтед сега заостанува големи 11 бодови. Стрелци беа Џонатан Валтерс во 8. и Дидие Дрогба во 33. минута. Сток сити со овој бод останува на безбедното 10-то место со 38 бодови.Иако Ливерпул имаше подобра игра во текот на целиот меч и дури водство од 50. минута со голот на Мартин Шкртел, Вест бромвич албион со двата погодока на Креис Брант во 62. и 88. минута и двата од пенал. Во завршницата „редсите“ пропуштија голем број ткн. стопроцентни шанси за постигнување погодок, од кои најголемата во судискот продолжение ја испушти токму сстрелецот Шкртел.Ливерпул и покрај поразот останува со шанси за излез во европските натпреварувања, на 6-то место е со 45 бодови, но пред него е Тотенхем со 50 бодови кој ремизираше во саботата со последниот Виган без голови.Другиот клуб од Ливепрул, Евертон одигра 2:2 на домашен терен со Астон вила. Евертон иако поведе во 38. минута со голот на Лион Осман, на крајот откако гостите преку Дарент Бент во 47.и 68. минута направија пресврт, спаси бод со погодокот на Лејтон Бејнс во 83. минута од пенал. Евертон е 7-ми со четири бодови помалку од градскито ривал Ливерпул (41), додека Астон вила има 34 бодови и сѐ уште е во опасната зона на 15-то место. Њукасл високо со 4:1 го совлада Вулверхемптон. Стрелци за домашните беа Кевин Нола во 22., Шола Амеоби во 45., Питер Ловеркандс во 50. и Џонас Гитуерез во 90+3 минута, додека Силвејн Ибенкс-Блејк во 58. минута погоди за Вулверхемтон. Њукасл е 9-ти со 39 бодови, додека Вулверхемптон е претпоследен со 32 бода.Во борбата за опстанок Бирмингем го совлада со 2:1 Болтон. Домашните поводоа преку Кевин Филипс во 4. и Крег Гарднер во 59., а гостите намалија преку Џон Иландер во 71. минута. Бирмингем се искачи на 14-та позиција со 34 бодови, додека Болтон е осми со 40 бодови. Во недела 31-то коло од Премиершип ќе биде заокружено со средбите Фулам – Блекпул и Манчестер сити – Сандерленд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арбелоа: Знам кој ги организира акциите за да го ослабне Реал
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција пред натпреварот од Лигата на шампионите против Монако, кој ќе се игра вечерва во 21 часот.
Коментирајќи ги свирежите на дел од публиката на „Сантијаго Бернабеу“, Арбелоа застана во одбрана на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор.
„Сакам и очекувам поддршка од „Бернабеу“ за сите играчи, а пред сè за Винисиус“, рече тренерот. Тој ја нагласи важноста на навивачите за неговата игра, додавајќи дека „му е потребен „Бернабеу“ за да ја даде својата најдобра верзија“.
Арбелоа го опиша Винисиус како играч со „огромно срце“, кој е многу емотивен, што се рефлектира во неговиот фудбал. Тој ја отфрли можноста да го остави надвор од тимот за да го заштити.
„Тој секогаш ќе биде на теренот кога е достапен и кога настапува вака. Како тренер на Реал, ако сакам да имам шанса да победам, потребен ми е Винисиус на теренот“, заклучи тој.
Арбелоа ги изнесе обвинувањата, тврдејќи дека има организирани напади врз клубот.
„Знам дека има акции за ослабување на Реал Мадрид и знам кој ги организира“, рече тој, но не сакаше да открие повеќе детали.
Кога еден новинар го праша да ги разјасни своите тврдења, тој кратко одговори: „Вие сте новинари. Јас сум тренер на Реал Мадрид и сум фокусиран на натпреварот против Монако. Ја вложувам целата моја енергија и ентузијазам во тоа“.
Спорт
Џеко се сели во Шалке
Един Џеко (39) постигнал договор со Шалке, објави новинарот на „Билд“, Флоријан Плетенберг. Инсајдерот открива дека сега ќе мора да се договорат водечкиот тим во германската втора лига и Фиорентина.
Един Џеко ѝ се придружи ова лето, но одигра 18 натпревари (722 минути) главно како резерва и сега сака да си замине. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната.
Плетенберг додава дека спортскиот директор Франк Бауман и тренерот Мирон Муслиќ успеале да го убедат Џеко да дојде и да им помогне да го задржат првото место, што им гарантира пласман во Бундес лигата.
Џеко е еден од најдобрите напаѓачи на 21 век и најголемиот фудбалер во историјата на Босна и Херцеговина. Играше за Железничар, Теплице и Усти над Лабем во Чешка, Волфсбург, Манчестер Сити, Рома, Интер и Фенербахче.
Вкупно, постигна повеќе од 400 гола во својата кариера, а со заминувањето во Шалке, ќе се врати во Германија по 15 години, кога го напушти Волфсбург.
Спорт
Јувентус се договорил со Матета, сега треба да се договори со Кристал Палас
Жан-Филип Матета постигна договор со Јувентус и го чека исходот од преговорите меѓу Кристал Палас и „старата дама“.
Италијанските медиуми открија дека Матета ја прифатил понудата на Јувентус, според која ќе заработува 4.000.000 годишно, но сега следува потешкиот дел од преговорите.
Наводно, Палас сака да собере 35.000.000 евра и бонуси, додека Јувентус нуди опција за позајмица до крајот на летото со задолжителен откуп за 28-30.000.000 евра. Оваа понуда клубот од Лондон ја одбил.
Матета врши притисок врз Палас, кој нема многу простор за маневар, поради што медиумите тврдат дека трансферот, на овој или оној начин, ќе биде договорен во наредните 48 часа.
Матета има договор до летото 2027 година и влегува во последната сезона во јуни, па Палас сигурно ќе профитира од него.
Палас за трансферот на ;Матета од Мајнц, во 2022 година, плати 11.000.000 евра.
Јасно е дека Матета доаѓа како замена за Душан Влаховиќ, кој ќе го напушти Торино како слободен играч следното лето.
Foto/ depositphotos

