Свет
Израелските воени авиони нападнаа цели во северниот дел на Газа

Авионите на израелското воено воздухопловство извршија напади на северните области во појасот Газа, потврди портпаролка на израелската армија за AFP.
Авионите на израелското воено воздухопловство извршија напади на северните области во појасот Газа, потврди портпаролка на израелската армија за AFP.
Неименуваниот израелски воен претставник за агенцијата тврди дека воените авиони ракетирале осиромашен крајбрежен појас во средата наутро како одмазда за истрелани проектили од палестинска страна врз окупираните територии под контрола на Израел. Нема информации за жртви или за материјална штета. Нападот се случи два дена откако двајца Палестинци беа ранети во израелски воздушен напад врз јужниот дел на појасот Газа, источно од градот Кан Јунис. Денешниот напад е третиот воздушен удар врз палестинската енклава Газа во последните осум дена. Во меѓувреме, во неделата, палестински медицински лица соопштија дека во друг воздушен напад биле ранети седум лица. Израелската армија ги негираше овие информации. Израелската армија презема воздушни напади во појасот Газа, тврдејќи дека станува збор за удари против милитантни цели. Сепак, организациите за човекови права наведуваат дека многу често во овие напади Тел Авив употребува прекумерна сила и дека жртви има меѓу цивилното население. Газа е под израелска блокада од 2007 година, што предизвика продлабочување на сиромаштијата и најголемо светско ниво на невработеноста./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.
Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025