Спорт
Јунајтед гостува кај Виган
NULL
Викендов ќе се одигра некомплетното 28 коло во англиската Премиер лига. Колото е некомплетно поради одигрувањето на финалниот натпревар во Лига купот, помеѓу Арсенал и Бирмигмен. Дуелот е на програмата во недела во 17 часот. Лидерот на табелата Манчестер Јунајтед патува во Виган кај екипата која се бори за опстанок, но која во последните три кола нема пораз. Градскиот ривал Сити на домашен терен ќе игра со Фулам, екипа која како и Виган три кола не знае за пораз. Во дербито на екипите кои се борат за опстанок внимание привлекува натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Блекпул. Комплетни двојки:Сабота, 26 февруариАстон Вила-БлекбурнЕвертон-СандерлендЊукасл-БолтонВиган-Манчестер ЈунајтедВулверхемптон-БлекпулНедела, 27 февруариВест Хем-ЛиверпулМанчестер Сити-ФуламПонеделник, 28 февруариСтоук-ВБА. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
Фудбалерот на Манчестер сити, Фил Фоден, е избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2023/24 според гласовите на спортските новинари.
Фудбалерот на „Граѓаните“ во досегашниот дел од сезоната одигра 31 натпревар во Премиер лигата, постигна 16 гола и запиша седум асистенции.
Во ФА купот одигра четири натпревари на кои постигна два гола, додека во Лигата на шампионите одигра осум натпревари, забележа пет гола и три асистенции.
Манчестер сити го заврши учеството во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Реал Мадрид, но се уште има шанса да се бори за титулата во Премиер лигата.
Арсенал моментално е прв на табелата во англиското фудбалско првенство со 80 бодови, додека Сити има бод, но и натпревар помалку, па финишот на сезоната ќе биде неизвесен.
Избраниците на Пеп Гвардиола на 25 мај ќе се борат за трофејот во ФА Купот против Манчестер Јунајтед во финалето.
Спорт
(Видео) Брансон ја испрати Филаделфија на летен одмор, Милвоки без Јанис немоќни против Индијана
Кошаркарите на Њујорк Никс и Индијана Пејсер се изборија за меѓусебна пресметка во полуфиналето на Источна конференција, во НБА лигата. Изминатата ноќ Никс и Пејсер ги забележаа победите број 4 против Филаделфија односно Милвоки.
Пред една деценија, Филаделфија го избра Џоел Ембид како прв пик на драфтот. Со него Сиксерси се уште немаат финале на Истокот.
Брилијантниот Џејлен Брансон го предводеше Њујорк до победата 118:115 во шестиот натпревар.
Брансон забележа 41 поен и 12 асистенции (трет последователен натпревар со најмалку 40 поени), Донте ДиВинченцо постигна 23 поени со седум асистенции, а О Џи Ануноби имаше 19 поени и девет скока.
Џош Харт додаде 16 поени, 14 скока и седум асистенции и ја постигна клучната тројка за победа на 24,4 секунди до крајот.
Во тимот од Филаделфија најефикасен беше Џоел Ембиид со 39 поени и 13 скока. Бади Хилд додаде 20 поени, Тајрис Макси имаше 17 поени, пет скока и пет асистенции, Кели Оубре имаше 17 поени и пет скока, а Николас Батум заврши со 16 поени и седум скока.
Индијана Пејсерс славеше против Милвоки 120:98 за вкупни 4:2 во серијата. Без Јанис Адетокумбо и со повредениот Демијан Лилард, Милвоки немаа шанса против Индијана. Шестиот меч го решија играчите од клупата. Резервите на Индијана постигнаа 40 поени.
Оби Торпин со 21, Ти-Џеј Меконел со 20 поени и девет асистенции, односно Паскал Сијакам со 19 ја предводеа Индијана.
На спротивната страна Лилард, кој го припушти претходниот меч постигна 28 поени, Боби Портис додаде 20 поени и 15 скока, а Брук Лопез 20 поени.
Спорт
Тонали повторно е казнет поради обложување
Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали (23), повторно е казнет за нелегално обложување.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го казни со двомесечна суспензија условно и 20.000 фунти поради кршење на правилата поврзани со забраната за обложување во Англија.
Оваа казна значи дека Тонали ќе може да се врати на терените откако ќе му истече 10-месечната забрана што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) на 27 октомври минатата година, со услов да не направи нов прекршок.
Минатата есен, ФИГЦ го казни Тонали за обложување на натпревари во Италија, а поради тоа овој талентиран играч за врска нема да може да игра на Европското првенство во Германија, каде Италија ќе ја брани шампионската титула.
Тонали на почетокот на оваа сезона се пресели од Милан во Њукасл за 70 милиони фунти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „страчките“.
Сепак, набрзо следеше суспензијата на ФИГЦ, па младиот Италијанец забележа само осум настапи, на кои постигна еден гол во дресот на Њукасл.