Македонија
Средби на Вељаноски со Слипер, Хог и Ханфрис и Симкинс
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во рамки на својот престој во Авралија се сретна со претседателот на Претставничкиот дом Питер Слипер, претседателот на Сенатот Џон Хог, како и со сенаторорите во Горниот дом на Парламентот Гери Ханфрис и Лук Симкинс.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во рамки на својот престој во Авралија се сретна со претседателот на Претставничкиот дом Питер Слипер, претседателот на Сенатот Џон Хог, како и со сенаторорите во Горниот дом на Парламентот Гери Ханфрис и Лук Симкинс.
Вељаноски упати признание до Министерството за надворешни работи на Австралија за исфрлувањето на терминот „славо-македонски“, што, соопштуваат од Собранието, претставува огромен исчекор напред во севкупните односи меѓу Австралија и Македонија.
Првиот парламентарец се осврнал и на прашањето за олеснување на визниот режим за граѓаните на Македонија, како и за отворање амбасада на Австралија во Скопје.
Дополнително, претседателот Вељаноски изразил заинтересираност за соработката со Парламентот на Австралија на ниво на комисии, парламентарни групи, пратеници и стручната служба.
Претседателот Вељаноски, исто така, ја истакнал и значајната улога на македонските војници распоредени во Авганистан кои се рамо до рамо со своите сојузници – членовите на воените сили на Австралија.
За жал, рекол Вељаноски, и покрај огромниот придонес на Република Македонија во мировните мисии на НАТО и Коалицијата против тероризам, земјата сè уште не е членка на НАТО од добро познати причини.
Слипер упатил благодарност до Македонската заедница во Австралија, која брои над 100.000 граѓани за нивната лојалност и придонес во општествениот и социјалниот живот на Австралија. Тој, исто така, бил заинтересиран и за поддршката на македонските граѓани за членство во НАТО и ЕУ и оддал признание за активното учество на нашите војници во мировните мисии на НАТО.
На средбата станало збор и за можностите за проширување на економската соработка меѓу Македонија и Австралија.
Претседателот на Сенатот, Хог, од своја страна се согласил дека постојат одлични можности за проширување на соработката на парламентарно ниво, особено во сферата на ИКТ.
Вељаноски упатил покана до двата претседатели на Парламентот на Австралија да ја посетат Македонија, која со задоволство е прифатена од нивна страна.
На средбата со Ханфрис станало збор за билатералната употреба на уставното име на Република Македонија во комуникацијата со Австралија. Вељаноски подвлекол дека, во насока на подобрување и јакнење на соработката двете земји, потребно е отворање на амбасада на Австралија во Македонија и олеснување на визниот режим за македонските граѓани при патување во Австралија.
Ханфрис, како што се соопштува, се согласил дека олеснувањето на визниот режим несомнено ќе придонесе за јакнење на односите меѓу двете земји. Во однос на прашањето за името истакнал дека ова прашање не е само дипломатски документ, туку станува збор за идентитет на еден народ. Според Ханфис, позицијата на Австралија е нелогична и истата треба да се смени.
Прашањето за името била тема за која се разговарала и на средбата со Симкинс, при тој истакнал дека на Македонија никој не може да ѝ каже како ќе се вика – пријателите треба да се обраќаат еден кон друг со името кое им е дадено од раѓање, а не со името кое им го дала третата страна. Тој истакна дека при неговата посета на земјава заклучил дека Македонците не се злонамерни кон Грција, туку единствено се решени да постигнат напредок и развој на својата држава.
Дополнително Симкинс истакнал дека Македонија треба да добие јавно признание за напредокот кој досега го постигнала и за учеството во мировните мисии на НАТО. Соговорниците се согласиле дека зголемениот број возвратни посети ќе придонесат за зајакнување на односите меѓу Австралија и Македонија во сферата на култура, политика, економија и меѓучовечките односи.
Претседателот на Собранието Вељаноски оствари средба и со Австралиско-македонската група за пријателство предводена од нејзиниот претседател, Стефан Џонс. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

