Контакт

Спорт

НБА: Вашингтон сеуште без победа

Објавено пред

Минесота и Орландо забележаа победи на гостински терен, во шестте натпревари кои се одиграа во НБА лигата. Минесота во главниот град на САД, го совлада Вашингтон со 93:72 и на домаќинот му го нанесе осмиот пораз во исто толку одиграни средби во новата сезона.

dobivaj vesti na viber

Минесота и Орландо забележаа победи на гостински терен, во шестте натпревари кои се одиграа во НБА лигата. Минесота во главниот град на САД, го совлада Вашингтон со 93:72 и на домаќинот му го нанесе осмиот пораз во исто толку одиграни средби во новата сезона. Вашингтон од почетокот на сезоната е единствената екипа без победа во лигата. Рики Рубио и Кевин Лов се најзаслужни за победата на Минесота, двајцата имаа двоен ефект, Лов 20 поени и 16 скока, а Рубио 13 поени и 13 асистенции. Орландо предводен од Џејсон Ричардсон (22 поени) и Глен Дејвис (20 поени) забележа победа од 104:97. Триото Брајант-Бајнам-Гасол искомбинира 54 поени и 32 скока, а Лејкерси го совладаа Мемфис со 90:82. Брајант постигна 26 поени, а центарскиот тандем заврши со двоен ефект: Бајнам 15 поени и 15 скока, Гасол 13 поени и 15 скока. Оклахома до осмата победа во десетиот натпревар стигна на натпреварот со Сан Антонио. Оклахома победи со 108:96, во натпревар, во кој шестмина кошаркари на овој тим постигнаа двоцифрен број на поени, најмногу Кевин Дурент 21. Портланд лесно го совлада Кливленд со 98:78, Ламаркус Олдриџ постигна 28, а Весли Метјуз 24 поени. До четвртата победа во осмиот меч сезонава стигна Феникс откако го победи Милвоки со 109:93. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Танго Аргентино на „Метрополитано“ – Атлетикого декласира Хетафе

Објавено пред

Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист на шпанскиот Кралски куп по убедливата победа над Хетафе. Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во шпанската престолнина заврши со резултат 5:0 (3:0).

dobivaj vesti na viber

Прашањето околу конечниот победник „јорганџиите“ го решија во првото полувреме кога дојдоа до недостижни три гола предност.

Блескаше синот на тренерот Диего Симеоне, 22-годишниот Џулијано.

Најмладиот син Чоло ги постигна првите два гола во воведните 17 минути и најави убедлив триумф. Прво во осмата минута по комбинација со Хави Галан, а потоа во 17. по најубавата акција на натпреварот во која учествуваа тројца Аргентинци: Хулијан Алварез, Родриго Де Пол и стрелецот Џулијано Симеоне.

Третиот гол го постигна Бразилецот Самуел Лино во 42. минута.

Џулијано Симеоне можеше да постигне хет-трик, но неговиот гол беше поништен поради офсајд на почетокот на вториот дел.

Во останатиот дел од натпреварот, фудбалерите на Атлетико рутински си ја завршија работата, фокусирани на следниот натпревар, бидејќи викендов на „Бернабеу“ му гостуваат на градскиот ривал Реал.

Четвртиот гол го постигна уште еден Аргентинец, Анхел Кореа, од 20 метри со силен и прецизен удар во 78. минута, а конечниот резултат осум минути подоцна го постави Норвежанецот Александар Серлот на асистенција на Кореа.

Тоа беше првиот четвртфинален натпревар од Купот на кралот. Леганес и Реал Мадрид играат во среда, а за четврток се закажани два натпревари: Реал Сосиедад – Осасуна и Валенсија – Барселона.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Болоња ја изненади Аталанта во Бергамо и се пласира во полуфиналето

Објавено пред

Фудбалерите на Болоња се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија со победата од 1:0 (0:0) над Аталанта во Бергамо.

dobivaj vesti na viber

Иако се работи за две екипи кои учествуваа во Лигата на шампионите, овој исход е изненадување, со оглед на формата, па дури и квалитетот што го покажаа оваа сезона.

Болоња ги издржа сите напади на „божицата“ и во 80. минута ја шокираше и ја елиминира од натпреварувањето.

Тогаш голот со кој Болоња се пласираше во полуфиналето го постигна Сантијаго Кастро, Аргентинецот погоди по центаршутот на Ликојанис од слободен удар.

Болоња во полуфиналето ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Јувентус и Емполи.

Другата полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од дуелите Милан – Рома и Лацио – Интер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април

Објавено пред

Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го шокира кошаркарскиот свет, Добнчиќ се пресели во Лејкерси и Ентони Дејвис во Далас.

dobivaj vesti na viber

Лос Анџелес Лејкерс го претставија како нов играч и веднаш беше прашан дали знаел за трејдот и како ќе ги коментира приказните дека не сакал да прифати договор од Далас во 2026 година.

„Тоа е нивна одлука и немам коментар за тоа. Не знам што направија. Апсолутно ниту една приказна дека нема да го прифатам договорот не е вистинита“, изјави Дончиќ.

Дали има што да докажува?

„Да. Ја сакам титулата. Не доаѓате овде за ништо друго. Имам се да покажам и докажам и ја сакам титулата”, рекол Лука.

Пред неколку години во подкаст рече дека би сакал да си игра со Леброн, а сега ќе игра со него, а тренер ќе му биде Џеј Џеј Редик, авторот на тој подкаст.

„Остварен сон. Отсекогаш му се восхитував на Леброн и има многу што можам да научам од него… Мислам дека двајцата ќе ги подобриме нашите соиграчи, ќе им помогнеме на сите затоа што сме исклучително интелигентни кошаркари. Возбуден сум што ќе работиме заедно и ќе се подобруваме секој ден“.

Мислеше дека цела кариера ќе ја игра во Далас, но …

„Искрено, на почетокот беше тешко, се чувствував како да помина еден месец иако поминаа само два. Беше многу емотивно и тешко, а денес е многу подобро и среќен сум што сум тука. Ова се Лејкерс. Еден од најдобрите тимови во историјата на кошарката“, рече Словенецот и дополни.

„Сите беа изненадени, а можете да замислите колку јас бев изненаден. Кога се разбудив не можев да верувам и мислев дека е 1. април. Ова се тешки моменти за мене, но имам можност да играм за најголемиот клуб во светот и мислам дека ова е одлична можност за мене“.

Леброн го сака Дончиќ, што е исто така важно, а што му кажа?

„Веднаш ми се јави. Беше во Њујорк и не разговаравме многу бидејќи ми рекоа дека знае како се чувствувам и ми беше убаво што веднаш ми се јави и ми посака добредојде во Лос Анџелес“, вели Дончиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...

Топ12 часа

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија12 часа

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија12 часа

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ12 часа

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија14 часа

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Регион16 часа

Грција не престанува да се тресе: најсилниот земјотрес утрово со јачина од 4,9 степени, десетици семејства чекаат на пристаништето во Санторини

Утрово четири земјотреси се регистрирани во морското подрачје југозападно од Санторини, од кои најсилниот бил со јачина од 4,9 степени...

Македонија16 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа17 часа

Фон дер Лајен: Ќе ги релаксираме правилата за задолжување доколку земјите членки трошат за одбрана

Европската комисија е подготвена да примени флексибилност во примената на Пактот за стабилност и раст, кој пропишува фискална дисциплина, доколку...

Свет17 часа

(Видео) Ел Салвадор ќе ги прифати депортираните опасни криминалци од САД

Ел Салвадор вчера им понуди на Соединетите Држави да ги прифатат депортираните „опасни криминалци“ во нивните затвори, изјави американскиот државен...

Свет17 часа

Америка има нов министер за енергетика: претходно не се занимавал со политика, туку со нафта

Американскиот сенат синоќа го потврди Крис Рајт, директор на нафтена компанија без политичко искуство, за нов секретар за енергетика во...

Македонија1 ден

Обвинителството тврди дека Палевски го возeл „реното“ на денот на грабнувањето на Вања, одбраната негира

На денешното рочиште за грабнувањето и убиството на 14-годишната, Вања Ѓорчевска и убиството на велешанецот Панче Жежовски, Обвинителството прикажа снимка...

Македонија1 ден

Нема договор за минималната плата, ќе се дефинира официјална потрошувачка кошница, велат од Организацијата на работодавачите

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,...

Македонија1 ден

Филков ја разреши судијката Алексовска-Стојановска од работната група за измени на Кривичниот законик: Да се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина

Министерот за правда Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алаксовска-Стојановска од членство во работната група за измени на Кривичниот законик,...

Македонија1 ден

Трајкоска-Стрезоски за случајот со прегазената Фросина: Одговорност на судијката не би требало да има, лично ја познавам

Претседателката на Академијата за судии и обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, оценува дека судиите се професионалци, кои работат во согласност со законот,...

Македонија2 дена

Не би сакал во вакви моменти на чувства да се носат избрзани одлуки, вели Камбовски за случајот на смртно прегазената Фросина

Судскиот совет будно го следи случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино, уверува претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски....

Македонија2 дена

Секоја година од рак на грлото на матката заболуваат речиси 200 жени, Владата итно да ги зголеми средствата, бараат здруженијата

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), по повод Светскиот ден за борба против ракот, ги повикува Владата...

Македонија2 дена

Се проширува истрагата во „Адитив“- осомничени осум нови лица, а тројца претходно осомничени се товарат и за перење пари

Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство...

Топ2 дена

(Видео) Претреси на повеќе локации во Скопје, Велес и Прилеп, уапсени 10 лица, запленети 500.000 евра: МВР објави снимка

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните...

Македонија2 дена

Мицевски: Поднесовме барање за јавна расправа во Собранието за законски измени и зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и...