Свет
Кумановскиот комбинат работи според системот тргни-застани
Вчера Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи од Штип го извести Бордот директори на Тутунскиот комбинат “Боро Петрушевски – Папучар° од Куманово дека привремено ја деблокира сметката на комбинатот што беше блокирана пред дваесетина дена.
Многу игри околу работата на “Боро Петрушевски-Папучар° од Куманово
Сметката на комбинатот е деблокирана сў до 10 август 2005 година, кога следува нова блокада
СТОЛЕ БОЖИНОВСКИ
КУМАНОВО – Вчера Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи од Штип го извести Бордот директори на Тутунскиот комбинат “Боро Петрушевски – Папучар° од Куманово дека привремено ја деблокира сметката на комбинатот што беше блокирана пред дваесетина дена. Деблокадата на сметката ќе важи до 10 август 2005 година, пишува во решението на УЈП.
Вчера во Куманово никому не му беше јасно од што ќе зависи дали и до кога кумановскиот тутунски комбинат ќе се соочува со блокади на сметката, што претставуваат попречување на производството и на програмата за рестартирање на фирмата од страна на нејзиниот нов сопственик Василис Морфопулос преку неговата компанија †БИД холдинг лимититти од Њујорк, регистрирана на Кипар.
Првиот човек на Бордот директори на тутунскиот комбинат, Виктор Бен Кнан, вчера одржа прес-конференција на која на новинарите им врачи решение на Апелациониот суд во Скопје со кое се поништува решението на Основниот суд Скопје 1, со кое пак регистрацијата на кумановскиот тутунски комбинат во судскиот регистар се прогласува за неважечка врз основа на тужба поднесена од поранешниот Управен одбор на комбинатот на чело со тогашниот претседател Данило Јаневски.
Веднаш по донесувањето на ова решение на првостепениот суд следуваше блокада на сметката на комбинатот и запирање на процесот на производството. “Погоните не работат 20 дена со што на фирмата во старт Ј е нанесена голема материјална штета, бидејќи не е реализирано планираното производство од 28 тони цигари. Очигледно, некому во Куманово и во поширокото опкружување не му е во интерес кумановскиот тутунски комбинат да застане на нозе°, рече Пуниша Лучиќ, еден од членовите на Бордот директори. Тој дообјасни дека главната причина за блокирање на финансиската сметка на комбинатот не се т.н. пинг-понг игри на правосудните органи со носење неиздржани судски пресуди и нивно поништување, туку станува збор за договори и преговори со надлежните министерства на владата за начинот на репрограмирање на долговите спрема државата и спрема другите доверители. Најновото решение на Министерството за финансии преку Управата за јавни приходи за деблокада на сметката е токму резултат на договорот за преговори околу долговите што ќе се вршат интензивно до 10 август, а за тоа време ќе продолжи процесот на производството и ќе се создаваат услови за исплата на заостанатите и тековните плати на работниците, беше речено вчера во кумановскиот тутунски комбинат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

