Македонија
Средбата Груевски – Папандреу очекувано без прогрес
Македонија и Грција, како што и се очекуваше не ги приближија дијаметрално спротивставените позиции околу разликите за името, по денешната директна средба на премиерско ниво.
Македонија и Грција, како што и се очекуваше не ги приближија дијаметрално спротивставените позиции околу разликите за името, по денешната директна средба на премиерско ниво.
Oд двете страни, сепак, се испратени пораки дека добро е што има дијалог и оти тој нов бран може да доведе до решавање на билатералните проблеми.
Македонскиот премиер Никола Груевски по вечерашната средба во Пили со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу, изјави дека ваквите директни разговори, кои се водат паралелно со официјалните преговори, под покровителство на ОН, се чекор напред во изнаоѓањето заедничко прифатливо решение.
Груевски апелираше Грција да размисли околу наметнувањето вето на состанокот на Советот на министри а ЕУ, на седми декември, на кој Македонија очекува да добие датум за преговори со Унијата.
Грција со уцени и блокади не постигнува ништо, рече Груевски, посочувајќи како доказ дека по ветото на Самитот на НАТО во Букурешт, односите меѓу двете држави се влошиле.
Груевски изјави дека Папандреу на средбата ги повторил истите позиции за името и идентитетот, што беа презентирани пред медијаторот Метју Нимиц, а кој македонската влада експресно ги оцени како максималистички.
Грчкиот премиер Папандреу во изјавата дадена само за грчките новинари, изјавил дека е оптимист во поглед на решавањето на спорот со Македонија.
„Едно прашање, кое трае 18 години не може да се реши за неколку дена. Има надеж дека е можно решение во наредните неколку месеци или една година“, изјави Папандреу по средбата со Груевски, додавајќи дека процесот на решавање на спорот продолжува под мандатот на ОН. /крај/ил/ег/мс
Предходни вести:
(17:58) Македонските новинари спречени да земат изјава од Папандреу>> Грчки официјални лица вечерва на претставници на македонските медиуми не им дозволија да присуствуваат на изјавата која грчкиот премиер ја даде по средбата со неговиот македонски колега
(17:40) Груевски: Грција да размисли околу ветото>> – побара македонскиот премиер Никола Груевски на вечерашната средба во Пили со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу.
(16:25) Почна средбата Папандреу-Груевски>> Започна средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу.
(15:53) Средбата на Груевски и Папандреу е „добар почеток“>> -„Добар почеток“ е коментарот на грчки официјални претставници за денешната средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу, јави репортерот на Макфакс.
(14:52) Почна трилатералната средба, Папандреу и Груевски се ракуваа>>-Македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу попладнево пријателски се ракуваа и разменија пригодни подароци во Пили, Мала Преспа, јави репортерот на Макфакс.
(14:25) Папандреу пристигна во Пили>> -Грчкиот премиер Јоргос Папандреу попладнето пристигна во Пили, Мала Преспа, каде треба да започне трилатерална средба на која ќе учествуваат и македонскиот и албанскиот премиер Никола Груевски и Сали Бериша.
Фотографии од средбата тука>> (за превземање на фотографиите контактирајте ја редакцијата на Макфакс 023110125, 023227127)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

