Контакт

Спорт

Италијанецот Пањоли најдобар параглајдерист првиот ден во Крушево

Објавено пред

Италијанецот Лучијано Пањоли, оствари најдобар резултат на првиот натпреварувачки ден на „PRE PWC“ претстветскиот куп во параглајдерство во Крушево

dobivaj vesti na viber

Со првиот од петте предвидени прелети започна Предсветскиот куп во чии рамки се и Украина Опен 2010 и Македонија Опен 2010 во дисциплината прелети.Од стартот во близина на Мечкин Камен полетаа сите пријавени 96 параглајдеристи од 14 земји.  На првата трка параглајдеристите летаа на небото над Пелагонија кон Могила и Меџитлија со крајна цел битолското село Породин – маршута на летање во вкупна должина од  67,1 километар.На оваа делница најдобар резултат оствари италијанецот Лучијано Пањоли (2 часа и 44 минути), пред Јуриј Мишанин и Андреј Витченко (Украина), додека најдобар од македонските параглајдеристи беше Горан Димишковски на 4-тото место.Меѓу овие четворица, нашите репрезентативци Владимир Неделковски, Игор Тодевски  и Мартин Јованоски како и украинецот Никола Струк ќе се бара и победникот на овој Предсветски куп.  Првиот натпреварувачки ден параглајдеристите имаа идеални услови кои по којзнае кој пат го потврдија фактот дека Крушево има одлична термика неопходна за овој извонредно атрактивен спорт.Бројните гости во Крушево, кои во текот на денот доаѓаа на стартот, одушевени од несекојдневната глетка – 100-тина параглајдеристи на небото, се заджуваа и повеќе од планираното за да уживаат во Шаренилото од параглајдери на небото.  Предсветскиот куп продолжува и денес со втората трка и полетувања од Мечкин Камен околу 12 часот.Организатори на „PRE PWC„ се ПК „Делта“ од Прилеп и украинскиот клуб „Hear Birds“од Киев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Розениор тренер на Челзи до 2032 година

Објавено пред

Досегашниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, е назначен за тренер на Челзи.

dobivaj vesti na viber

41-годишниот Англичанец ќе го замени Енцо Мареска, кој го напушти клубот на Нова година. Розениор и Челзи договорија соработка до 2032 година.

„Не можев да ја одбијам оваа можност да се приклучам на неверојатен клуб и неверојатен тим кој го освои Светското клупско првенство“, рече Розениор.

Стразбур е дел од групацијата „BluCo“, во сопственост на Тод Боли и „Клирлејк Капитал“, која исто така управува со Челзи.

„Ќе го сакам овој клуб до крајот на животот, но не можам да го одбијам Челзи“, рече новиот стратег на двократните европски шампиони.

Лиам Розениор претходно го водеше Хал Сити и беше привремен менаџер во Дерби Каунти. Својата тренерска кариера ја започна како тренер на младинскиот тим на Брајтон.

Како фудбалер играше во Бристол Сити, Фулам, Рединг, Хал и Брајтон.

Челзи моментално е на петтото место во Премиер лигата.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Португалец и Аргентинец го засилија нападот на Вест Хем

Објавено пред

Вест Хем Јунајтед вложи 50 милиони евра во двајца напаѓачи, во обид да избори опстанок во Премиер лигата. „Чеканите“ се 18-ти на табелата, со 14 поени и само три победи во првите 20 натпревари.

dobivaj vesti na viber

Нови играчи на Вест Хем се Валентин Тати Кастељанос и Пабло Фелипе.

Трансферот на Кастељанос од Лацио ги чини „чеканите“ 29 милиони евра. Овој напаѓач е еден од ретките што испеал против Реал Мадрид да постигне четири гола. Тоа беше во периодот кога играше во Џирона.

Од Џирона се пресели во Лацио, каде не успеа да се наметне. На 98 натпреври за небесносините постигна само 22 гола.

Пабло Фелипе е 22-годишник кој пристигна од редовите на Жил Висенте. Со 10 гола во 13 натпревари, тој ги одведе до четвртото место во лигата, резултат што ги надмина сите очекувања.

Тимот од главниот град на Англија плати 23 милиони евра за португалскиот играч, што е висока цена за некој што постигнал само 15 гола во својата професионална кариера до оваа сезона.

Прикажи повеќе...

Спорт

Росениор потврди дека е новиот тренер на Челзи

Објавено пред

Лиам Розениор ќе стане новиот менаџер на Челзи.

dobivaj vesti na viber

Сега веќе поранешниот тренер на Стразбур, ова го потврди за медиумите, дури и пред официјалното соопштение од „Стемфорд Бриџ“.

„Ова беше неверојатна можност да бидам во неверојатен клуб, кој е светски шампион и едноставно не можев да ја одбијам. А сега конечно можам да си одам дома, да ги видам моите деца. Жртвував многу за да бидам толку далеку од нив. Последните 18 месеци во Стразбур се најдобриот период од мојата кариера. Во текот на последните 18 месеци од мојата кариера во Стразбур запознав некои неверојатни луѓе и ништо од ова немаше да се случи без напорната работа на сите во клубот. Немав понуда само од Челзи, имаше и други од Лигата на шампионите, но не можев да ја одбијам оваа можност“, подвлече Розениор.

Се очекува новиот менаџер да дебитира за време на викендот во ФА Купот против Чарлтон.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија52 минути

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа1 час

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија4 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ4 часа

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа5 часа

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија6 часа

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ7 часа

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...

Свет8 часа

(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за...

Свет10 часа

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...

Свет10 часа

Трамп: Нема да има избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја средиме земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Ќе потрае некое време“...

Свет10 часа

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа...

Свет1 ден

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ...

Економија1 ден

Директорката на УЈП не призна грешка во испратените решенија за данок од работа во странство, но повика секој што има доказ дека е платен, да го достави

Решенија за оданочување на доход од странство за 2020 година Управата за јавни приходи (УЈП) законски морала да ги испрати...

Македонија1 ден

Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането

Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Цела структура на ВМРО во „Алта Банка“, Неделкова, баџанакот на Тошковски, Кадиевска-Војновиќ

Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател, се враќа фокусот...

Македонија1 ден

МНР: Наместо неаргументирани коментари, од Бугарија очекуваме европско однесување и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик

Република Северна Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување...

Македонија1 ден

Бугарското МНР: Скопје повторно отстапува, прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците е внатрешно

Бугарија изразува загриженост за отстапувањата на Скопje од Европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавија...

Свет1 ден

Орбан: Пред нас се уште понестабилни, непредвидливи и опасни години

Американските акции против Венецуела дадоа дополнителен доказ дека сегашниот глобален поредок се распаѓа, додека новиот свет сè уште не е...