Контакт

Скопје

Пролетен базар на домашни ракотворби во Скопје

Објавено пред

Пролетен базар на домашни ракотворби, на кој ќе бидат изложени домашни ракотворби и практично претставени голем број занаети, како  и нивното значење и влијание врз квалитетот на живеењето на граѓаните се одржува во четврток и петок на Плоштадот Филип Втори.

dobivaj vesti na viber

 

 

Во рамки на оваа традиционална манифестација годинава ќе се промовираат грнчарскиот занает, изработка на филигран, народни носии, изработки од камен,  шишиња, изработки на кукли, икони, филц, накит, музички инструменти, цртање на чаши со македонски мотиви, папучарскиот занает, изработка на свеќи од восок, аранжирање на цвеќе и икебани.

 

Целта на овој настан е да се истакне значењето на овие кадри  за занаетчиството и стопанството, средното  стручно образование, практичната обука и стекнувањето  вештини и компетенции, а се со цел поттикнување на младите  да се запишуваат  во средните стручни училишта.

 

Исто така, да се промовираат занаетчиските занимања  кои нудат перспектива и можност за вработување, како и да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производството и поттикне размената на искуства и знаење на занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските  производи и услуги и зголемување на туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Град Скопје./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Мицкоски од Ѓорче Петров: Започна изградбата на нова детска градинка во населба Дексион

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на почетокот на изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион во Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

„Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата да тоа коешто претставува акутен проблем би рекол, а тоа е обезбедување на услови за дечињата да бидат сместени во градинките да се решава. Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска листата на чекање веќе нема да биде листа на чекање туку секое дете коешто ќе сака да оди во градинка, односно коешто ќе има потреба од сместувачки капацитет ќе го има и истиот, и тоа е во насока на пролајф или про семејните политики на оваа Влада, бидејќи вие не можете да работите на кампања за зголемување на фертилитетот, а од друга страна да не ги овозможите сите услови за да можат дечињата да одат во градинка.

Така што продолжуваме и понатаму да се залагаме за тие про семејни политики и вредности“, кажа Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Изградбата на водоводот за Љубанци и Љуботен напредува со одлична динамика, известуваат од Општина Бутел

Објавено пред

Денеска градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на систем за водоснабдување на граѓаните на село Љубанци и село Љуботен.

dobivaj vesti na viber

„Историскиот проект – изградба на водовод за Љубанци и Љуботен денес е реалност. Поставени се 400 метри цевковод на двата крака на трасата.

Истовремено, се поставуваат цевки на вториот крак на водоводот, на резервоарот Љуботен. Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски обезбеди 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти – систем за водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен, со чиста вода за пиење од градскиот водовод“, известуваат од Општината

„Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, за големата поддршка за овој исклучително значаен проект. Воедно, градоначалникот истакна дека иако многумина политичари не се ни обидоа и не веруваа, а некои политички противници сè уште го оспоруваат и се противат на проектот, граѓаните на Љубанци и Љуботен ќе имаат постојано водоснабдување со здрава и кавалитетна вода за пиење“, додаваат од Општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Голема акција за чистење во општина Кисела Вода

Објавено пред

Од утрово, во координирана заедничка акција на Општина Кисела Вода, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, се спроведува големо чистење на јавните површини на територијата на општината. Акцијата го опфаќа потегот од крстосницата помеѓу „Народни херои“ и булеварот Борис Трајковски до кружниот тек во населбата Драчево.

dobivaj vesti na viber

„Со помош на метли, тримери и телескопски пили се чистат зелените појаси, се кастрат гранките и се коси нараснатата тревна површина, а тротоарите и коловозите се метат со специјални метларки. Во рамките на акцијата, преку Секторот за месна самоуправа, Кисела Вода ангажира 40 сезонски работници, кои активно се вклучени на терен“, велат од Општината.

„Хигиената во општина Кисела Вода мора и ќе биде на високо ниво. Ваквите координирани акции ќе станат редовна пракса бидејќи грижата за јавниот простор е наша обврска и одговорност. Денес, на терен се вклучени сите – општинските служби, јавните претпријатија и сезонските работници – затоа што кога работиме заедно, ефектите се очигледни и опипливи. Но, грижата за чиста и уредна општина не завршува тука. Ги повикувам граѓаните да внимаваат на хигиената, да не фрлаат отпад и да се однесуваат одговорно затоа што Кисела Вода е нашиот дом. Грижата за чистотата е грижа за самите себе, за нашето здравје и за квалитетот на животот што сите го заслужуваме“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија48 минути

(Видео) Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и неговиот тим имаа...

Македонија1 час

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија1 час

(Фото) Голема акција за чистење во општина Кисела Вода

Од утрово, во координирана заедничка акција на Општина Кисела Вода, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, се спроведува...

Македонија2 часа

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија3 часа

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Македонија4 часа

Трето судење за „Пулс“: нов обид за воведни зборови на одбраната

Судењето за дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 лица и речиси 200 беа повредени, продолжува денеска со трето рочиште. Се...

Свет4 часа

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет4 часа

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет5 часа

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...

Регион5 часа

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа13 часа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет14 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија17 часа

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија17 часа

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија20 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија1 ден

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија1 ден

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија1 ден

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет1 ден

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...