Контакт

Свет

Книга сведоштво за убиството на Осама бин Ладен

Објавено пред

Пензионираниот припадник на специјалната единица на американската армија – Фоки, Мет Бисонет, во книгата „No Easy Day“ опишува до детали како ланскиот мај го убил лидерот на глобалната терористичка организација Ал Каеда, Осама бин Ладен.

dobivaj vesti na viber

Според самиот Мет Бисонет, тој го застрелал Осама бин Ладен со истрел во главата, во моментот кога најбараниот терорист на светот ѕиркал од вратата на неговата соба во куќата во Аботебад, во близина на пакистанската престолнина Исламабад, а вдовиците на лидерот на Ал Каеда сето тоа го гледале и потоа плачеле врз неговото мртво тело.

Триесет ишестгодишниот Бисонет дава детален опис на акцијата спроведена од американските маринци, иако правните застапници на американското министерство за одбрана со сите средства се трудат да го спречат објавувањето на книгата.

Маринецот кој книгата ја напишал под псевдоним Марк Овен, сега се соочува со обвинение за кршење на заклевата за молчење, која ја положил кога во април годинава ја напуштил американската армија, но и со смртни закани кои му ги упатуваат исламистичките фундаменталисти од целиот свет.

Тој вели дека припадниците на Фоките во Пакистан тргнале со три хеликоптера, о кои биле по три специјалци. Знаеле дека во засолништвото на бин Ладен освен него ќе бидат и неговите двјаца курири, браќата Абрар ал-Кивајти и Алмед ал-Кувајти.

Според Бисонет, операцијата била осмислена така специјалците да се спуштат од хеликоптерите и да го убијат бин Ладен, но се комплицирала кога хеликоптерот во кој бил самиот тој се урнал во дворот од куќата на водачот на Ал Каеда.

Вториот хеликоптер кој требало да се спушти на покривот од куќата, сепак слетал надвор од дворот заграден со висок ѕид кога пилотите виделе дека првото летало се урнало. Потоа нив ги пуштиле во дворот неповредените војници од хеликоптерот кој се урнал.

Буката од леталата ги разбудила бин Ладен и другите во куќата, а еден од нив Ахмед ал-Кувајти отворил оган врз маринците од автомат Ак-47. Во моментот кога се подготвувале да отворат оган на вратата се појавила жената на Ал-Кувајти со децата од кое едно бебе што го држела во рацете. Жената рекла дека нејзиниот маж е убиен, а кога Бисонет видел спружени нозе тргнал кон просторијата за која знаел дека се наоѓа бин Ладен.

Со специјалните очила за гледање во темнина, маринците влегле во куќата и прво го чистеле првиот кат, а потоа тргнале кон вториот, на кој според нивните информации се криел лидерот на Ал Каеда.

Тогаш врз нив отворил оган Анрар ал-Кувајти, братот на Ахмед, но веднаш бил ликвидиран, како и неговата жена, која скокнала пред него за да го заштити. Во аголот од собата седеле деца и една жена.

Потоа Фоките тргнале кон вториот кат каде со експлозив разнеле метална врата којашто го делела катот од приземјето. Веднаш потоа пукале врз човекот за кој претпоставувале дека е Калид, еден од синовите на Осама бин Ладен, кој не пукал во самоодбрана.

„Очекувавме повеќе борба. Од сите тие приказни за умирање за Алах и самоубиствените елеци, само еден од браќата ал-Кувајти истрела цел шаржер“, пишува Бисонет.

Вели дека додека се приближувал кон третиот кат, слушнал звук на полнење пушка. Тогаш следел рафал. Бисонет стрелал кон човекот кој отворил оган од зад вратата, а веднаш по рафалот тој се повлекол.

Маринците влетале во просторијата и таму нашле две жени како плачат врз тело на мртов маж. Според Бисонет, мажот бил застрелан во десната страна од главата.

„Крв и делови од мозок беа расурани покрај неговата глава. Додека сѐ уште беше во претсмртна агонија, телото му се грчеше“, пишува Бисонет.

Тој и негов соборец истрелале уште неколку рафали во градите на човекот додека не престанел да се движи. Најмалку три деца биле сведоци на настанот и биле целосно во шок.

Бисонет пишува и дека кога маринците му пришле на телото и установиле дека целата десна страна од главата му е разнесена со куршум кој му минал низ челото, а градите биле разорени од погодоците од автоматска пушка.

„Мислам дека ова е нашето момче“, рекол еден од членовите на тимот маринци, кој Бисонет го претставува како „Том“, пренесува Блиц.

Пентагон предупред дека ја разгледува можноста за тужба против поранешниот маринец, поради прекршувањето на договорот за доверливост кога ја напишал книгата за операцијата во која е убиен Осама бин Ладен.

Притоа адвокатот на Пентагон наведува дека се разгледува и можнсот за тужба против секој кој помагал во објавувањето на книгата, како и дека државата може да бара заработка од книгата./крај/бл/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд.

dobivaj vesti na viber

„Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје.

Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ќе го зголемат притисокот врз Данска, на која формално ѝ припаѓа островот.

Неговата изјава доаѓа по состанокот во Белата куќа во средата, на кој присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.

Истиот ден, Врховниот суд на САД објави дека очекува во вторник да донесе долгоочекувана одлука за легалноста на царините на Трамп. Прашањето е дали претседателот може сам да воведе царини или за тоа е потребно одобрение од Конгресот.

Трамп зборуваше на состанок кој формално беше посветен на инвестиции во руралните средини, но за време на говорот, како што е неговиот обичај, тој се осврна и на други политички теми.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Макрон и Мелони предлагаат разговори со Путин, Стармер не сака

Објавено пред

Од

Британскиот премиер Кир Стармер „нема планови“ да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што предложија францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, изјави денес портпарол на Даунинг стрит.

dobivaj vesti na viber

„Премиерот нема планови да разговара со претседателот Путин. Неговата цел е јасно да ја поддржи Украина во постигнувањето праведен и траен мир и да ја стави земјата во најсилната можна позиција да ја продолжи борбата и да се движи кон мировни разговори“, изјави портпаролот за новинарите.

Портпаролот додаде дека рускиот претседател „досега не покажал знаци“ дека сака да ја заврши војната во Украина. Тој исто така нагласи дека британската влада има „редовен“ контакт со руската влада, особено преку нејзината амбасада во Москва.

Кремљ претходно го оцени како „позитивен“ фактот што некои европски земји изразија подготвеност да го продолжат дијалогот прекинат по почетокот на рускиот напад врз Украина во 2022 година. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ја критикуваше позицијата на Обединетото Кралство, велејќи дека „засега останува на радикални позиции“ и „не сака да придонесе за воспоставување мир“.

„Ставот на Лондон е деструктивен по природа“, рече Песков.

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, изјави на почетокот на јануари дека „дојде време кога Европа треба да разговара и со Русија“, залагајќи се за европски „специјален претставник“ кој ќе им овозможи да зборуваат со еден глас.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во декември 2025 година изјави дека Европејците „ќе имаат корист од повторното разговарање со Владимир Путин“ како дел од „сеопфатен дијалог со Русија“, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц потврди во средата дека „наоѓањето долгорочна рамнотежа со Русија“ ќе ѝ овозможи на Европската Унија „да гледа кон иднината со поголема доверба“.

Со оглед на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп го обнови контактот со својот руски колега, застапниците на обновениот дијалог тврдат дека Европа, останувајќи настрана, ризикува да биде ништо повеќе од адут за преговарање во евентуално политичко решение за војната во Украина и, пошироко, во обновувањето на односите меѓу САД и Русија.

 

фото/епа

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Украинскиот тим оди во САД за да разговара за безбедносните гаранции

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинската делегација е на пат кон Соединетите Американски Држави за да разговара за безбедносните гаранции и пакет мерки за зајакнување на напредокот на земјата.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, тој изрази надеж дека документите за овие прашања би можеле да бидат потпишани на маргините на Светскиот економски форум во Давос следната недела, објави Ројтерс.

На прес-конференција во Киев, Зеленски, исто така, рече дека украинската делегација се надева дека ќе добие појаснувања од САД за ставот на Русија кон дипломатските напори поддржани од Америка за завршување на војната.

Во понеделникот, најавувајќи го состанокот, Зеленски рече дека го слушнал деталниот извештај на преговарачкиот тим за контактите со американската страна и наредил документот за безбедносните гаранции за Украина да се финализира.

Според него, украинската делегација дефинирала јасен план за дејствување за следните 14 дена, што вклучува подготовка на документи и подготовка за нивно евентуално потпишување, а текстот „достигнува ниво што ќе обезбеди стратешка одбрана на земјата“, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија3 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија6 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија6 часа

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна...

Македонија7 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет7 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ7 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа11 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет11 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет12 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет12 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет12 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет1 ден

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија1 ден

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија1 ден

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија1 ден

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...