Македонија
Тренковски осомничен за двојно платени лекови – штетата 451.000 евра

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ѓорѓи Тренковски, се сомничи дека во текот на 2007 година два пати платил исти лекови, со што ја оштетил државата 27,7 милиони денари
Тренковски и Огненовска се уапсени и треба да бидат изнесени пред истражен судија.Тренковски во својство на директор на Фондот за здравствено осигурување, во содејство со Огненовска во текот на 2007 година со несовесно работење, два пати платил исти лекови, еднаш на добавувачите и еднаш на ПЗУ „Градска аптека“ Скопје, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.Тренковски со тоа овозможил ПЗУ „Градска аптека“ да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 27.764.147 денари, со што го оштетил Фондот, односно Буџетот на Република Македонија.Управата за финансиска полиција соопшти дека Тренковски, во текот на 2007 година потпишал договор со ПЗУ „Градска аптека“ за начинот на плаќање на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, за месец март – април 2007 година, без претходно да склучи спогодба со која залихата на фондовски лекови од Јавна здравствена организација (ЈЗО) „Градска аптека“ Скопје ќе се пренесат како залиха на фондовски лекови на ПЗУ „Градска аптека“ Скопје.Со ова фондовските лекови кои веќе еднаш веќе биле платени на добавувачите за ЈЗО „Градски аптеки“, истите ги платил по втор пат на ПЗУ „Градска аптека“ Скопје во износ од 27.764.147 денари.Пријавената Огненовска, според Финансиската полиција, иако знаела дека фондовските лекови веќе еднаш биле платени од страна на Фондот за здравство на ЈЗО „Градски аптека“ Скопје, бидејќи истата во текот на 2007 година во исто време била директор на ЈЗО „Градска аптека“ и на ПЗУ „Градска аптека“, лековите од Фондот пријавената повторно ги фактурирала доставувајќи ги фактурите преку Фондот за здравствено осигурување со што овозможила ПЗУ „Градска аптека“ Скопје да се стекне со противправна имотна корист во висина од 27.764.147,00 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце се чека околу 10 до 15 минути за излез од државата

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Општина Карпош: Го демантираме другарот на Мицкоски, Сотир Лукровски, дека има нерешени 11 000 предмети за легализација, а тој ќе ги решел за две и пол години

„Општина Карпош во целост го демантира другарот на Христијан Мицкоски, Сотир Лукровски, дека во општина Карпош има нерешени 11 000 предмети за легализација и замислете, тој ќе ги решел за две и пол години. Фактите говорат дека општина Карпош од 2011 до 2018 година има примено вкупно 12688 барања и од нив досега се решени 9385, а останати се уште 3303 барања“, велат од општина Карпош.
„Најголем дел од нив се со нерешени имотно-правни и оставински постапки и се чека на завршување на судска постапка, на друг дел е побарана дополнителна документација, и мал дел се во постапка за решавање.
За кандидатура на градоначалник основен услов за кандидатот е да биде добро информиран и да не кажува лаги. Ако кандидатот во кампања кажува лаги, какво ли ќе биде неговото функционирање како Градоначалник!?
Општина Карпош го замолува г-дин Христијан Мицкоски да го едуцира својот кандидат и го замолуваме да не ги вознемирува директорките на градинките и училиштата“, соопшти општина Карпош.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ викендов организира Саем за отчет на градоначалниците

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, најави дека на 23 и 24 август во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи Саем – Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, на кој градоначалниците од оваа партија ќе го презентираат сработеното во изминатиот мандат.
Настанот ќе почне во сабота во 11 часот со обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во текот на двата дена ќе се одржат повеќе панел-дискусии на кои градоначалниците, поделени по региони, ќе ги претстават реализираните проекти.
Секоја општина ќе има и свој штанд на кој граѓаните и новинарите ќе можат директно да се запознаат со постигнувањата на локалната власт.
Во недела програмата ќе продолжи од 10 часот, со панели посветени на темите: „4 години развој и прогрес“, „инфраструктурни инвестиции“, „вклученост на граѓаните во носењето одлуки“ и „меѓународна соработка“.
„Разликата меѓу општините во 2021 и денес е огромна и мерлива. Ветените и реализирани проекти ја покажуваат посветеноста и одговорноста на нашите градоначалници,“ изјави Сајкоски, додавајќи дека со овој отчет ВМРО-ДПМНЕ ја покажува отчетноста и транспарентноста кон граѓаните.