Скопје
Чисто и зелено Водно, еколошка акција на радио Бубамара
Радио Бубамара, во сабота, прославува 20 години постоење со весела еколошка акција за голем број љубители на природата и на добрата музика.
Радио Бубамара, во сабота, прославува 20 години постоење со весела еколошка акција за голем број љубители на природата и на добрата музика.
Во акцијата ќе се организира собирање и селектирање на пластични шишиња, ќеси, конзерви и друг отпад што се наоѓа околу планинарските патеки на Водно.
Освен Црвениот крст, планинарски и маунтбајк-друштва, здруженија и средни училишта, во акцијата поканети се и вработените од Град Скопје, скопските општини, граѓани, компании, еколошки друштва и рекреативци што ја сакаат природата и го знаат значењето на зелено, чисто и пошумено Водно.
Пакомак ќе постави контејнери за селектирање на отпад на 4 пунктови: кај полициската станица во подножјето на Водно, средно Водно на паркингот кај влезот на жичарата, на паркингот кај Пантелејмон и на врвот кај Милениумскиот крст.
Акцијата почна со симболично садење на дрва и чистење на Водно со поддршка од скопските извиднички друштва, Пакомак и рок-легендите Влатко Стефановски и Парни ваљак, а ќе продолжи со мал еколошко-планинарски концерт, садење на 40 дрва и креирање на цветно паркче.
Пластичните шишиња и ќесите во природата имаат негативно влијание врз почвата и развојот на целата вегетација, а за нивното распаѓање потребни се повеќе од 500 години, затоа сите граѓани кои во следните две недели за време на викендите ќе го посетат Водно или која било планина, нека земат со себе ќесичка и нека соберат барем по десет отпадоци, а отпадот нека го фрлаат во контејнерите на Пакомак, кој покрај Град Скопје и водечките општини е еколошки партнер во оваа акција и ја обезбедува целата логистика и подигање на собраниот отпад. Во акцијат можат да се вклучат сите граѓани, компании и институции , под мотото: Не е време за на улица, време е за во – шума! Да го исчистиме ѓубрето од Водно!/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

