Економија
Хотелиерите контра туристичките агенции
Дури 95 отсто од македонските туристички агенции ги извезуваат домашните туристи и не се подготвени да инвестираат за да се развие туризмот во државата, смета Дончо Танески, претседател на Асоцијацијата на хотелиерите на Македонија (ХОТАМ).
Дури 95 отсто од македонските туристички агенции ги извезуваат домашните туристи и не се подготвени да инвестираат за да се развие туризмот во државата, смета Дончо Танески, претседател на Асоцијацијата на хотелиерите на Македонија (ХОТАМ).
Тој истакна дека македонските агенции не се заинтересирани да закупат кревет во хотелите, поради високата цена, но како што рече „кога ќе се појават агенциите да вложат во домашниот пазар ние сме спремни да работиме“.
„Кога македонските агенции ќе го направат истото што го направи и странскиот тур-оператор, да закупат соби колку што им требаат, тие и ќе добијат цена за тоа. Нашите агенции не се спремни тоа да го направат и не пројавија интерес затоа што треба голема инвестиција од минимум 200.000 евра“, потенцираше Танески.
Од туристичките агенции, пак, велат дека хотелиерите не им доставуваат понуди за цената на собите, а и водат нелојална конкуренција со тоа што нудат пониска цена доколку гостинот сам си резервира, наместо преку туристичка агенција.
Агенциите тврдат дека и на македонските граѓани повеќе им одговара да си најдат на лице место сместување во Охрид, отколку да резервираат преку туристичка агенција, бидејќи на тој начин можат и по поевтина цена да се сместат.
Според информациите од агенциите, хотелите во Охрид нудат стимул од седум отсто од цената за престој, додека хотелите во Грција даваат 30 отсто пониска цена, па потоа агенциите сами да си ја одредат добивката, а нудат и стимул од десет отсто доколку хотелот од таа агенција заработи над 100.000 евра.
„Не се секогаш туристичките агенции виновни за тоа што хотелите се празни. Не знаат да ги работат хотелите. Мал е бројот на хотели од Охрид кои постојано ни нудат поволна цена за сместување. Треба по сезонава да се договориме со хотелите да ни дадат пристојна цена за ние да можеме да ја нудиме на македонските туристи“, истакна Дончо Нацев, директор на туристичката агенција „Арбо Травел“.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во мај 2011 година, во однос на мај 2010 година, е намален за 18,8 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 20,8 отсто. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

