Свет
„Дримлајнерот“ на Боинг принудно слета поради чад во пилотската кабина
Авион од типот Боинг 787 на пробниот лет присилно слета во Тексас поради појава на чад во пилотската кабина.
Познатиот „Дримлајнер“ на Боинг, со 42 експерти, инженери и членови на екипажот пријавиле чад во авионот во моментот кога започнала процедурата за спуштање. Сите патници авионот го напуштиле преку излезот за итни случаи, при што еден од нив бил полесно повреден, соопштуваат од Боинг.
Авионот е еден од шесте Дримлајнери кои се во завршна фаза на тестирање, а воведувањето на ова технички напредно летало во редовен сообраќај доцни повеќе од три години. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

