Македонија
Незадоволен од возачкиот испит се обидел да ја убие комисијата
Во испитниот центар на АМСМ денеска околу 14 часот, 21годишно момче со автоматска пушка се заканил дека ќе ги убие членовите на комисијата бидејќи не бил задоволен од нивната работа.
Во испитниот центар на АМСМ денеска околу 14 часот, 21годишно момче со автоматска пушка се заканил дека ќе ги убие членовите на комисијата бидејќи не бил задоволен од нивната работа.
Момчето било на тестирање за возачки испит во испитниот центар на АМСМ на улица „Никола Вапцаров“ бб, откако ја напуштил просторијата по извесно време се вратил со куфер и од него извадил автоматска пушка заканувајќи и се на комисијата.
Додека еден од членовите се обидувал да го смири момчето, друг успеал да јави во полиција, поради експресната реакција на полицијата на напаѓачот му е одземено оружјето и е приведен во станица, соопштува МВР.
Напаѓачот рекол дека тоа го сторил бидејќи не бил задоволен од резултатите и работата на комисијата во АМСМ.
Моментално тој е во полициска станица каде што се испитува а се претресува и неговиот дом, од МВР најавија дека ќе поднесат соодветна пријава за приведениот./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

