Свет
Ќе се развива нов Руско-Индиски воен авион
Петтата генерација на Руско-Индиски воени авиони би можела да биде развиена до 2015/2016 година, изјавија руските власти.
Петтата генерација на Руско-Индиски воени авиони би можела да биде развиена до 2015/2016 година, изјавија руските власти.Се очекува од Москва и Њу Делхи да потпишат договор за заеднички развој на новиот воен авион во блиска иднина за концептот за дизајнот и за техничките детали кои ќе бидат направени од Индија.„Се надевам дека со здружени сили ќе изградиме петта генерација на воени авиони, во следните пет до шест години,“ изјави Александар Фомин, заменик директор на Федералното Биро за воена и техничка Соработка.Новиот авион најверојатно ќе биде базиран на рускиот прототип Т-50, кој веќе ги направи првите две тест летања и се очекува да и се приклучи на руската авијација во 2015 година.Индиската аеронаутика ќе учествува со 25% во делот на дизајнот и развојот на проектот. /крај/риа/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) По 10 години мистерија: Малезија одобри нова потрага по исчезнатиот авион MH370
Малезиската влада објави дека одобрила продолжување на потрагата по исчезнатиот авион MH370 на Малезија ерлајнс, кој исчезна пред десет години.
И покрај долгогодишните напори да се пронајдат остатоците од Боингот 777, семејствата на многу жртви сè уште бараат одговори, наведува Би-Би-Си.
Малезискиот министер за транспорт Ентони Лок објави дека владата одобрила преговори за нов договор со американската компанија „Оушн Инфинити“, специјализирана за истражување на длабоки мориња.
Оваа компанија ќе ја спроведе потрагата по авионот, со услов плаќањето да се изврши само доколку се најдат остатоците.
Потрагата ќе опфати површина од 15.000 квадратни километри во јужниот дел на Индискиот Океан.
Претходната потрага заврши неуспешно во 2018 година. Исто така, меѓународната потрага, која траеше две години и чинеше 150 милиони долари, заврши во 2017 година без успех.
Летот MH370, со 239 патници, полета од Куала Лумпур во раните утрински часови на 8 март 2014 година, но изгуби контакт со контролата на летање помалку од еден час по полетувањето.
Радарот покажал дека авионот скршнал од планираниот курс.
Иако истрагите покажуваат дека авионот најверојатно се урнал во јужниот дел на Индискиот Океан, останува нејасно што ја предизвикало несреќата.
Делови од остатоците, за кои се верува дека се од авионот, се пронајдени на брегот на Индискиот Океан неколку години по исчезнувањето.
Свет
Орбан смета дека терористичките напади во Европа се поврзани со мигрантската криза
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека постои врска помеѓу миграцијата и нападите на области како што се божиќните базари во Германија.
„Поврзаноста меѓу миграцијата и овие терористички напади мора да се препознае. Во минатото такви напади не се случуваа, но сега се случуваат“, рече Орбан на годишната прес-конференција во Будимпешта.
Унгарскиот премиер истакна дека „треба да се почека неколку дена“ за да се дојде до заклучоци и додаде:
„Мора да се каже дека овие напади се случуваат само од миграциската криза.
Во напад со автомобил на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, во петокот вечерта, според последните информации, загинале четири лица, а повеќе од 200 се повредени.
Орбан се осврна и на односот на, како што рече, „либералната елита од Брисел“ кон Унгарија,
„Во Брисел има либерална елита и има опозиција. Унгарија е дел од таа опозиција и затоа ја казнуваат со милион евра дневно, затоа што ја штити Европа од она што се случи на пример во Магдебург“.
Унгарија го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Шпанија во втората половина на 2024 година, а од 1 јануари 2025 година таа улога ќе ја преземе Белгија.
Свет
Шолц изрази загриженост за состојбата на 40 повредени лица во терористичкиот напад во Германија
Бројот на жртвите во нападот на божиќниот саем во германскиот град Магдебург се искачи на пет, а повеќе од 200 луѓе се повредени, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Тој изрази солидарност и сочувство по нападот на божиќниот базар.
– Ова е ужасен чин, ранувајќи и убивајќи толку многу луѓе со толку многу бруталност – рече Шолц.
За време на обиколката на местото на несреќата во Магдебург, тој ја изразил својата загриженост за 40 лица кои се здобиле со тешки повреди, пишува германскиот весник „Билд“.
Шолц рече дека сторителот, кој беше уапсен по нападот синоќа, ќе биде „детално истражен“.
Канцеларот повика на единство и им се заблагодари на луѓето ширум светот што ја изразија својата солидарност со Магдебург, како и на итните служби кои работеа на местото на нападот, пишува Би-Би-Си.
Истовремено, премиерот на германската покраина Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф, изјави дека утрово е одржан состанок на владата на кој се разговарало за финансиските средства за поддршка на жртвите и нивните семејства.
Тој изрази и надеж дека повеќе нема да има смртни случаи и додаде дека во наредните денови детално ќе се разговара за безбедноста, но дека денеска е „ден за жалост“.