Контакт

Свет

Поштенска банка доби повереник од НБМ

Објавено пред

Гувернерот Петар Гошев вчера во Поштенска банка назначи повереник од супервизијата на НБМ. Причина е што завчера штотуку избраниот директор на Поштенска, Зоран Николовски, одлучи да се повлече од функцијата.

dobivaj vesti na viber

Одлука

Гувернерот Петар Гошев вчера во Поштенска банка назначи повереник од супервизијата на НБМ. Причина е што завчера штотуку избраниот директор на Поштенска, Зоран Николовски, одлучи да се повлече од функцијата. Николовски завчера писмено го известил УО дека се откажува од функцијата. Наводно, тој се премислил поради тоа што Еуростандард банка, каде што е моментно втор директор, како што стојат работите сега, беше најголем фаворит да го купи управувачкиот пакет на Поштенска, односно 66 отсто од акциите на ,,Европа 922и и на ,,Ноелли, но сега изгледите се намалуваат.

Но, банката не се откажува од намерите за купување и преговорите со акционерите официјално ги почнува в понеделник идната недела. Со шанси е и Нова љубљанска банка. Но, покрај нив, во игра останува и бугарската ДЗИ, но значаен кандидат бил и грчкиот бизнисмен Кондоминас.(Н.Н.Ф.)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Братот на новиот папа: Му реков да не го избира Лав

Објавено пред

Братот на папата Лав XIV, Џон Превост по изборот на неговиот помлад брат за 267-ми поглавар на Католичката црква во четвртокот вечерта изјави дека тоа е вистински шок за него.

dobivaj vesti na viber

„Беше шокантен момент. Разговарав по телефон со внука ми и не можевме да веруваме. Потоа мобилниот телефон, iPad-от и домашниот телефон полудеа“, го опиша Превост за медиумите за прв пат моментот кога неговиот 69-годишен брат Роберт беше избран за папа.

Лав XIV, тој е најмладиот од трите деца. Неговиот татко бил просветен инспектор, а неговата мајка библиотекарка во јужните предградија на Чикаго.

„Имавме нормално детство. Малку е чудно, но сите тројца знаевме што сакаме да правиме уште од мали нозе“, рече 71-годишниот поранешен директор на католичко училиште.

„Роб знаеше дека ќе биде свештеник од моментот кога можеше да оди“, се сеќава Џон. „Еден сосед еднаш му рекол дека еден ден ќе стане папа. Добро предвидување, нели?“

Братот на папата рече дека разговарале по телефон ноќта пред почетокот на конклавата и разговарале за тоа кое име ќе го избере доколку биде избран за папа.

„Му реков да не го избира Лео, бидејќи ќе биде 13-ти, но очигледно тој направил некои истражувања за тоа“, рече тој, според Index.hr.

Прикажи повеќе...

Свет

Драма на небото: жена од Шпанија се породила во лет, на 5.500 метри надморска височина

Објавено пред

Млада жена од Шпанија се породила за време на летот од Брисел до шпанскиот град Кастиља на надморска височина од околу 5.500 метри.

dobivaj vesti na viber

Кратко по полетувањето, жената имала породилни контракции, а екипажот на авионот веднаш го известил капетанот, кој решил да слета на најблискиот аеродром, според белгиските медиуми.

Авионот го сменил правецот и слетал во Лимож, Франција, каде што сите медицински служби го чекале патникот.

Сепак, додека авионот слетал, жената веќе се породила и родила девојче.

Мајката и бебето веднаш биле префрлени во блиската болница, а како што објавија медиумите, нивната здравствена состојба е одлична.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Царините од 80 проценти за Кина се фер

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините од 80 проценти за кинеските стоки „изгледаат фер“, додека претставниците на двете земји се подготвуваат за разговори во текот на викендот за ограничување на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.

dobivaj vesti na viber

Американскиот министер за финансии Скот Бесент и главниот трговски преговарач Џејмисон Греет ќе се сретнат со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг во Швајцарија за да разговараат за можните први чекори кон решавање на нивните трговски спорови.

„Кина треба да го отвори својот пазар за САД, би било многу добро за нив. Затворените пазари повеќе не функционираат“ Трамп напиша во објава на својата социјална мрежа Truth Social.

„Царините од 80 проценти врз Кина изгледаат фер. Од Скот Б. зависи (да одлучи)“, рече Трамп.

Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамп ги зголеми царините за увоз од Кина на 145 проценти, покрај оние што ги наметна на многу кинески стоки за време на неговиот прв мандат и царините што ги наметна администрацијата на претседателот Џо Бајден врз Пекинг.

Кина возврати со ограничување на извозот на некои ретки минерали и зголемување на царините за американските стоки на 125 проценти, покрај дополнителните царини за одредени производи, вклучувајќи соја и течен природен гас. Претставници на администрацијата на Трамп ги опишаа разговорите во Женева за време на викендот како чекор кон деескалација на тензиите со Кина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија4 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија5 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија7 часа

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија9 часа

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија9 часа

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија10 часа

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ10 часа

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа11 часа

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет11 часа

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет12 часа

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ12 часа

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет22 часа

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија1 ден

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија1 ден

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија1 ден

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ1 ден

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија1 ден

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија1 ден

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...