Спорт
Марио Мат победник во Банско
NULL
Марио Мат од Австрија е победник на слаломот во Банско. Мат водеше и по првата трка и ја задржа предноста пред Хербст, кој се пласира на второто место со само 4 стотинки заостанување. Трет е Французинот Жан Баптист Гранж (+0,48 сек.), кој што успеа да се пробие до победничкиот пиедестал иако беше осми по првото возење.Во првата трка отпадна поради промашена капија водечкиот во слалом и во генерален пласман Ивица Костелиќ. Крај/хина/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис на пол-позицијата за спринтот во Катар, Макс е во третиот ред
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за последната спринтерска трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, која ќе се вози за Големата награда на Катар.
Британецот на половина пат на патеката „Лусаил“ стигна со време од 1:21.012 минути, со 63 илјадитинки предност пред Џорџ Расел во Мерцедес. Двајцата беа следени од возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој беше десетти зад победникот на минатонеделната трка во Лас Вегас.
Шампионот Макс Ферстапен, кој пред пет дена ја обезбеди четвртата титула, ќе го заземе шестото место во саботниот спринт.
Спорт
Пикси останува селектор на Србија
Драган Стојковиќ Пикси ќе остане селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Ова го потврди генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, Бранко Радујко.
„Разговаравме со Драган Стојковиќ и уште еднаш потврдивме дека останува селектор на А репрезентацијата. Согласно овој и важечкиот договор, ја продолжуваме соработката со заеднички интерес. Понудите се составен дел од тренерската работа, исто како што е природно секоја сериозна организација да има навремени и адекватни решенија во случај на промени. Не сакаме да се занимаваме со шпекулации туку со конкретни теми. Не чека ждрепката за Светското првенство, во март има плеј-оф дуели со Австрија, па многу брзо ќе имаме за што да разговараме кога е А репрезентацијата во прашање“, изјави Радујко.
Пред неколку дена се појави информација дека Пикси добил милион доларска понуда од Азија и дека е блиску до заминување од селекторската функција на Србија, како и дека функцијата ќе ја напушти на почетокот на 2025 година.
Спорт
Верати е подготвен да се врати во Италија
Марко Верати би можел да се врати во Европа по нешто повеќе од една година. Италијанецот го напушти ПСЖ, но за разлика од многу ѕвезди наместо во Саудиска Арабија се пресели во Катар. Шпанскиот весник „Марка, тврди дека во зимскиот преоден рок, Верати ќе се врати во Италија.
Европскиот шампион со Италија во 2021 година, нема поминато ниту една минута на теренот повеќе од еден месец, бидејќи е во втор план кај тренерот Ал Араби, па сосема е извесно дека ќе ја напушти земјата која беше домаќин на последното Светско првенство.
Верари е подготвен да замине и покрај тоа што има годишна плата од 30 милиони евра нето годишно, што е сума која тешко ќе ја добие во Европа.
Договорот на Верати истекува на 30 јуни и тој сигурно би се согласил на нешто помала плата во Европа од онаа во Катар, бидејќи неговата цел е да се врати во националниот тим и да се бори за место во репрезентацијата за Светското првенство во 2026 година.
„Марка“, тврди дека актуелниот првак на Италија, Интер, сака да го донесе Верати во своите редови. Интересно, Верати никогаш не играл во Серија А, во 2012 година во ПСЖ пристигна од второлигашот Пескара.