Македонија
Тодоров: Не се заморувам со притисоци, не се две туку повеќе веледрогерии

Министерот за здравство Никола Тодоров кој деновиве обелодени дека со набавката на лекови и медицински помагала на клиниките и во болниците имало нелегални активности, тврди дека истрагата и натаму продолжува и се проширува.
На прашање дали има или е вознемирен од притисоци од сопствениците на инволвираните компании. Тодоров отсечно вели: „Не се заморувам со тоа дали има притисок и каков притисок ќе имам. Мене ми е битно дали ќе се постигне целта. Мислам дека со самиот факт што забранив ваково однесување и склучување ваков тип договори на сите менаџери во клиничките болници, јас веќе ја постигнав целта”. Тодоров тврди дека проблемот којшто го имало повеќе ќе го нема. „Повеќе нема да може два, три или повеќе понудувачи да одат со иста цена и на тој начин да се склучуваат договори. Тоа ќе донесе зголемување на конкуренцијата”, појасни Тодоров за она што го откри Министерството за здраство. Тодоров вели дека се истражува работата детално на сите клиники и сите набавки. „Не се само две веледрогерии туку работата е што се многу повеќе, а нивното јавно објавување е работа на комисијата за заштита на конкуренција. Ние во текот на оваа недела доставивме многу обемен материјал над десет фасцикли и дополнително ќе бидат доставени нови”, објави министерот Тодоров. Во текот на петокот се добиени нови материјали и докази за работата и набавките во две болници, во Тетово и во Штип, кои се препратени до Комисијата. Од анализите, првични сознанија има, а тие дополнително ќе бидат презентирани и ќе бидат преземени мерки. крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
Македонија
Денеска максималната температура до 38 степени, од утре потопло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.
Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.
Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.