Спорт
Отворено Светското фудбалско првенство во Јужна Африка
Свеченото отворање на 19-от мундијал, кое од петок до 11 јули се одржува во Јужна Африка, мина во знакот на африканската традиција која организаторите на Светскиот куп денеска на стадионот „Сокер сити“ во Јоханесбург
Домаќините на најголемиот фудбалски настан на палнетата во едночасовната програма го истакнаа значењето на африканското единство, сфаќајќи го значењето на организирање на светскиот шампионат кој првпат му е доделен на овој континент. Програмата која беше изведена на полниот стадион на кој во продолжение првенството ќе биде отворено со натпреварот на домаќинот со селекцијата на Мексико а ќе се одигра и финалето на 11 јули, го долови единството на Африканците, но и бројните контрасти и богатсвото на различности на Африка.Точно 270 учесници од сите африкански земји и девет тапанари од градовите домаќини на светското првенство, преку танц и ритам симболично на теренот ја прикажаа радоста и потенцијалите на делот од планетата чии фудбалери се се поуспешни.Африканските претставници на Мундијалот – Нигерија, Алжир, Гана, Камерун, Брегот на Слоновата Коска и селекцијата на домаќинот беа претставени преку музички точки на локални уметници, а функционерите од овие земји ги повикаа навивачите за време на шампионатот да ги поддржат сите тимови од нивниот континент.Домаќините на гостите кои дојдоа од целиот свет им посакаа пријатен престој во нивната држава, послужувајќи го традиционалниот пијалок за добредојде – „калабаш“.Некогашниот престедател на Јужна Африка и добитник на Нобеловата награда за мир Нелсон Мандела поради смртта на правнуката не присуствуваше на свеченоста во Јоханесбург, а на сите љубители на фудбалот и на гостите преку видео порака им порача дека „дарежливоста на човечкиот дух може да го реши секој проблем“.Претседателот на Јужна Африка, Јакоб Зума претходно остакна дека „11 јуни е најзначае датум во историјата на земјата, после 11 февруари 1990 година кога Мандела беше пуштен од затвор”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

