Економија
Глобалната експанзија ги зголеми приходите на Зара

Најголемиот светски синџир на продавници за облека на шпанската компанија „Индитекс“, денеска објави големо зголемување на добивката и приходите во првите шест месеци од годинава, што се припишува на постојаното отворање нови продавници и вработувањето повеќе работници.
Најголемиот светски синџир на продавници за облека на шпанската компанија „Индитекс“, денеска објави големо зголемување на добивката и приходите во првите шест месеци од годинава, што се припишува на постојаното отворање нови продавници и вработувањето повеќе работници.Сопственикот на синџирот продавници на облеката од брендот Zara во шестмесечниот период, заклучно со јуни, остварил нето добивка од 717 милиони евра, што е за 14 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Нето приходот од продажбата, пак, се зголемил за 12 проценти, на 6,2 милијарди евра. Во кусото соопштение на „Индитекс“ се соопштува дека во првите шест месеци од 2011 година компанијата отворила нови 177 продавници, со што вкупниот број продавници на 78 пазари во различни земји во светот е зголемен на 5.221 објект. Во изминатите 12 месеци, заклучно со јуни годинава, отворени се 9.225 нови работни места, така што компанијата сега вработува вкупно 103.201 човек. Додека луксузните брендови облека главно бележат солидни резултати во периодот на криза, многу од брендовите со цени попристапни до поширокиот дел од населението имаа тешкотии со продажбата.Меѓу другите брендови на „Индитекс“, покрај Zara се и Pull&Bear, Massimo Dutti и Berschka.Групацијата, исто така, објaви дека брендот Zara следните месеци планира влез на пазарите во Јужноафриканската Република, Грузија, Тајван, Азарбејџан и Перу./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Министерката по големиот интерес за угарските пари: Јас би застанала тука, да ги искористиме, па да видиме за дополнителни средства

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска за дополнителни средства за компаниите заинтересирани за кредити ќе зборува откога ќе се искористат сегашните 250 милиони евра обезбедени од унгарскиот кредит. Премиерот Христијан Мицкоски вчера извести дека компаниите веќе покажале интерес за вкупно 380 милиони, па добил инспирација да бара дополнителни евтини пари оти, како што рече, бизнисот е гладен.
„Добивме информација од сите банки дека побарувачката е многу поголема од она што го нудиме. Јас би застанала тука. Да ги искористиме средствата, а понатаму ќе видиме во втора фаза за одобрување дополнителни средства и можности за изнаоѓање од каде ќе ги изнајдеме дополнителните средства доколку се договориме за таква втора фаза“, рече министерката Димитриевска-Кочоска.
Таа смета дека сега целиот фокус треба да е на предвидените 250 милиони евра, но драго ѝ е што има интерес за многу повеќе оти додека преговарале, од коморите добила забелешки дека компаниите нема да покажат доволен интерес за кредити.
Домашните компании со проекти може да аплицираат во комерцијалните банки за кредит со каматна стапка од 1,95 процент и рок на отплата до 15 години, максималниот износ за кој може да аплицираат е 10 милиони евра.
Економија
(Видео) Митева: Порастот на БДП и странските директни инвестиции ги одразуваат стабилните економски перформанси

Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8 отсто, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра, објави владината портпаролка, Марија Митева.
„Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2 отсто во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8 проценти. Овие бројки ги одразуваат стабилните економски перформанси, поттикнати од стратешките политики, подобрените деловни услови и континуираните инвестиции во клучните сектори“, рече Митева.
Како што рече, во граадежништвото е забележан значителен раст од 13,2 отсто, а тоа ги потврдува зголемените инвестиции и активност во инфраструктурни проекти. Повеќе јавни и приватни инвестиции, придонесуваат за зголемена активност во градежниот сектор, кој стана водечка индустрија за раст на БДП.
Зголемен е порастот и во стручни, научни и технички дејности, овој сектор пак се покажа како еден од клучните двигатели на економијата, во контекст на зголеменото внимание на иновациите, технолошкиот напредок и дигитализацијата, што директно влијае на продуктивноста и конкурентноста на македонската економија каде има пораст од 10,6 отсто.
Подеднакво значајна вест, рече Митева, е што 2024 година веќе постави историска пресвртница во странските директни инвестиции кои достигнаа 1милијарди и 255 милиони евра, највисока сума во историјата на Македонија. Овој извонреден прилив на инвестиции, додаде таа, е јасен доказ за довербата што ја имаат меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзиниот иден потенцијал.
Економија
Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании од новата кредитната линија за инвестиции и развој.
Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 48 % во градежни, 22 % во опрема, 10 % во обновливи извори на енергија и 20 % инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 3 микро, 25 мали, 11 средни и 8 големи компании во државата. Од оваа транша во најголем дел се поддржани компании од областа на производството со износ од 3 милиони евра.
Првата транша е обработена и исплатена во најбрзо време, со оглед на тоа што рамковните договори со банките се потпишуваа по 31.1.2025 година.
Развојната банка соопшти дека периодов интензивно работи на повлекување на втората транша во согласност со барања за повлекување средства од страна на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и за развој на компаниите.