Економија
„Тојота“ за следната година планира зголемена продажба

Jапонската автомобилска компанија „Тојота“ планира следната година ширум светот да продаде 8,48 милиони возила, а во 2013 уште повеќе, по тешката 2011 година, одбележана со земјотресот во Јапонија и поплавите на Тајланд.
Jапонската автомобилска компанија „Тојота“ планира следната година ширум светот да продаде 8,48 милиони возила, а во 2013 уште повеќе, по тешката 2011 година, одбележана со земјотресот во Јапонија и поплавите на Тајланд.Овогодишната продажба на возилата на „Тојота“ во светот се проценува на 7,9 милиони, што е за шест отсто помалку во однос на минатата година, соопшти денеска компанијата.Водечкиот јапонски производител на автомобили во првата половина на годината ја загуби лидерската позиција во глобалната продажба на автомобили и падна на третото место, зад Џенерал моторс(ГМ) и Фолксваген.ГМ повеќе од седум децении продаваше најмногу возила во светот, но „Тојота“ му ја зема „круната“ во 2008 година.Планираната продажба за 2012 и 2013 година ја исклучува продажбата на возила на компаниите членки на Тојота групацијата, како Дајхатцу моторс и Хино моторс, па заради тоа и не е директно споредлива со плановите на ГМ и Фолксваген.Инаку „Тојота“ бележи пад на продажбата во Северна Америка и Јапонија, но и раст на пазарите кои брзо се развиваат, како што се кинескиот и индискиот.За 2013 година „Тојота“ планираше продажба од 8,95 милиони возила, исто така исклучувајќи ја продажбата на возила од групациите.Во 2012 „Тојота“ планира да произведе 8,65 милиони возила, 24 отсто повеќе отколку оваа година, додека производството во 2013 е планирано на 8,98 милиони.Оваа година производството на „Тојота“ најпрво беше загрозено од мартовскиот земјотрес и цунамито во Јапонија, а потоа и поплавите на Тајланд, заради што беше спречена доставата на делови. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.