Свет
Иранските власти не ги даваат телата на убиените
Иранските власти во понеделник навечер официјално потврдија дека ги чуваат телата на пет лица од убиените за време на демонстрациите во неделата
Според опозициските интернет страници, иранските власти страхуваат дека погребите на убиените демонстранти, може да се претворат во повод за нови протести. Меѓу убиените е и внукот на лидерот на опозицијата Мирхосеин Мусави, Сејед Али Мусави, чиј брат Сејед Реза Мусави ги обвини иранските служби дека го украле телото на брат му за спречат да се органзизра негов закоп кој може да биде иницијална каписла за нови жестоки демонстрации.Светсктие новински агенции пренесуваат дека во понедленик бил нападнат од непознати лица Мехди Каруби, еден од лидерите на иранската опозиција. Нападот, според опозицијата бил извршен кога Каруби со членови на негвото семејство, излегувал од џамија во источниот дел на Техеран, но нема информација дали Каруби или некој од неговото опкружување биле повредени во нападот. Во иранскито главен град во понедленик биел уапсени најмалку осум познати активисти на опозициското движење, . Овие активности на властите, според агенциите, можат да испровоцираат нов бран на протести и насилство. Според западните политички аналитичари, со своите реакции и иранската власти и опозицијата ја минале границата, со што има многу малку простор набрзо да се постигне некој компромиц. За ппоследните шест месеци ова е трета низа од големи демоснтрации на иранската опозиција. Во јуни, десетина дена се протестираше за резултатите од претседателските изброи на кои беше резибран Махмуд Ахмадинеџад на кои исто така имеше жртви, следните беа краткотрајни во септември и од минатата седмица протестите на иранската опозиција ја доживеаја кулминацијата на седмиот ден од жалоста за починатиот најголем дисидент, ајатолахот Хосни Али Монтазери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

