Спорт
НБА: Порази на Лејкерси и Мајами
Поразите на домашен терен на ЛА Лејкерс и Мајами ја одбележаа ноќта во НБА лигата, во која беа одиграни пет натпревари.
Поразите на домашен терен на ЛА Лејкерс и Мајами ја одбележаа ноќта во НБА лигата, во која беа одиграни пет натпревари. Лејкерси во „Стејплс Центар“ загубија од Индијана со 96:98. Индијана, благодарение на тимската игра, во која шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени, ја доби пресметката со „езерџиите“. Хиберт постигна 18, Гренџер 16, Вест 15, Џорџ 13, Колисон 12, а Хил 11 поени. Лејкерси ги предводеше Коби Брајант со 33 поени, 8 скока и 4 асистенции. Индијана по овој натпревар има скор од 11 победи и 4 порази, додека Лејкерси се на 10 победи и 8 порази. Милвоки му го нанесе на Мајами петтиот пораз, во 16-от натпревар сезонава. Брендон Џенингс постигна 23 поени, на кои придодаде по 6 скока и асистенции, а Милвоки победи со 82:91. Кај Мајами, во чии редови го немаше повредениот Двејн Вејд, Леброн Џејмс постигна 28, а Крис Бош 23 поени. На другите три натпревари:ЛА Клиперс-Торонто 103:91Њу Џерси-Шарлот 97:87Вашингтон-Бостон 94:100. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа: Барселона не нè почитуваше кога победуваше, а камоли сега
Помина речиси еден месец од Ел Класико, во кое Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 на Сантијаго Бернабеу. Дербито беше полно со тензии од двете страни, а долгогодишниот голман на Реал, Тибо Куртоа, проговори за она што се се случуваше.
Белгиецот беше вмешан во инцидент со Ламин Јамал, кој претходно се расправаше со капитенот на Реал, Дани Карвахал.
Пред натпреварот, Јамал ја „вжешти“ атмосферата, со изјавата дека играчите на Реал постојано се жалат дека се ограбени. Минатата сезона Реал остана без трофеј, но оваа сезона играат најдобро во првенството и имаат три бода предност пред Барселона.
„Ламин Јамал кажа секакви работи и го разгоре огнот пред натпреварот, а новинарите го искористија тоа. Видов дека разговараше со Карвахал на натпреварот. Секако, ако почне да зборува нешто, ќе реагирам. Веќе споменав дека атмосферата беше напната. Тензиите беа високи, адреналинот работеше. Понекогаш се кажуваат непотребни зборови во такви услови. Ел Класико е такво, ни треба таква атмосфера. Минатата сезона загубивме од Барселона четири пати. Тие се наши ривали. Не нè почитуваа ниту еднаш кога победуваа, не нè почитуваат ниту сега. Немам проблем со Јамал, конфликтите се нешто што се случува на теренот.
Да го видам утре во ресторан, би го поздравил. Нема проблеми меѓу мене и него, но конфликтите понекогаш се случуваат во фудбалот. Она што го направи пред натпреварот беше да додаде масло на огнот. Нè мотивираше во Ел Класико уште повеќе од вообичаено“, изјави Куртоа за КОПЕ.
Спорт
Македонија би можела да одигра неважен и бесмислен пријателски натпревар
Ждрепката за дополнителните квалификации за Светското првенство во 2026 година, вчера се одржа во седиштето на ФИФА во Цирих.
Плејофот ќе се игра во март 2026 година, се игра по еден натпревар во полуфиналето и финалето, по што Европа ќе добие уште четири учесници на Светското првенство.
Македонија во полуфиналето ќе и гостува на Данска на 26 март. Доколку ја победи Данска, во финалето повторно ќе гостува, на 31 март во Чешка или Република Ирска.
Како што известува новинарот Гевин Куни, ФИФА потврди необична одлука: екипите елиминирани во полуфиналето ќе мора да играат меѓусебно на истиот ден кога ќе се играа фналето, иако натпреварот нема никакво значење.
Причината е чисто комерцијална: ФИФА мора да испорача одреден број натпревари според договорот за ТВ права, па затоа ќе добијат четири дополнителни натпревари.
На пример, доколку Македонија биде елиминирана од Данска, а Чешка од Република Ирска, натпреварот за пласман на Светското првенство Данска-Република Ирска би се играл на 31 март, додека Македонија и Чешка, во исто време би одиграле сосема неважна и „најбесмислена пријателска средба“ поради одлука со која повторно профитот е пред спортот.
Европски плејоф, полуфинале:
Патека А: 1. Италија-Северна Ирска , 2. Велс- Босна и Херцеговина
Патека Б: Украина-,Шведска Полска-Албанија
Патека Ц: Турција-Романија, 2. Словачка-Косово
Патека Д: Данска-Македонија, 2. Чешка-Република Ирска
Foto/ EPA
Спорт
Гут Бехрами се повреди на тренинг, во прашање е нејзината кариера
Лара Гут-Бехрами доживеала тежок пад за време на тренинг во Америка. Според „Блик“, 34-годишната Швајцарка има потрес на мозокот, а се сомнева дека се оштетени предните вкрстени лигаменти, како и менискусот. Попладнево ќе биде познат степенот на повредата, по деталните лекарски прегледи во Швајцарија.
Се најавуваше дека девојката родена во Тичин, ќе ја заврши кариерата по олимписката 2026 година.
Откако ги повреди лигаментите во 2017 година, таа изјави дека не сака повторно сериозно да се повреди, но како што стојат работите, токму тоа се случило во среда за време на тренингот во Купер Маунтин.
Според информациите од швајцарските новинари, видливоста на патеката во Колорадо, за време на тренингот на брзите дисциплини, не била баш добра. Според очевидци, Лара ја закачила портата со раката, по што горниот дел од телото ѝ се ротирал и таа сериозно паднала.
Во меѓувреме, Скијачката федерација на Швајцарија ги потврди информациите за овој инцидент, нагласувајќи дека ова била последната сезона на веројатно најголемата ѕвезда во женскиот тим.
Ако Гут-Бехрами сериозно го повредила коленото, тогаш тоа веројатно е крај на една блескава кариера. Лара е поранешна двојна освојувачка на Светскиот куп, освојувачка на седум мали кристални глобуси, олимписка и светска шампионка. Таа оствари 48 победи во Светскиот куп и освои уште безброј медали на најголемите натпреварувања.

