Свет
Во напад на џамија во Индонезија , 30-ина ранети

Најмалку 28 лица се ранети во петокот во Индонезија кога маж активирал експлозивна направа која ја носел на себе во џамија што се наоѓа во полициски комплекс, пренесе AFP
Самоубиецот смртно настрадал во експлозијата која се случила на почетокот на молитвата.Еден од очевидците раскажал дека самоубиецот, чиј идентитет и мотив сè уште не се познати, се молел пред да се разнесе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Финскиот претседател: Русија намерно поставува барања што се неприфатливи за другата страна

Финскиот претседател Александер Стаб верува дека во тековните преговори за завршување на војната, Русија намерно поставува барања што се неприфатливи за другата страна. Во интервју за „Фокс њуз“, Стаб изјави дека Кремљ спроведува „типични руски преговарачки тактики“.
„На почетокот кажувате едно, а потоа почнувате да се повлекувате. Тоа се случува цело време“, предупреди тој. Во гостување на американскиот телевизиски канал, Стаб нагласи дека е многу важно американската публика да разбере што значат руските територијални претензии.
„Ако го земете она што Путин го бара од Украина и го споредите со Соединетите Американски Држави, тоа е безмалку како Соединетите Американски Држави да се откажат од Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Вирџинија, дури и Мериленд, и да создадат еден вид суперавтопат што можете да го користите за напад врз Њујорк. Значи, тоа е сосема неприфатливо. Тој го знае тоа, но продолжува да го бара“, рече тој.
Тој потсети дека Русија се обидува да го окупира целиот Донбас од 2014 година и сè уште не успеала. „Путин има 75% од Донбас, но му требаа 12 години, а 50% од тоа дојде веднаш на почетокот. Значи, тој навистина напредува малку по малку“, рече тој.
Претходно, медиумите објавија дека за време на разговорите во Белата куќа на 18 август, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери го споредија предавањето на дел од Донецката област на Русија со тоа како САД да се откажат од дел од Флорида.
Фото: ЕПА
Свет
Путин ќе помине четири дена во Кина, се шпекулира за можна средба со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе тргне на четиридневна посета на Кина на разговори со кинескиот претседател Кси Џинпинг, објавија руските медиуми.
Се очекува Путин за време на посетата да присуствува и на самитот на Шангајската организација за соработка, кој ќе вклучува „големи разговори“ со поширока делегација, објави рускиот медиум „Вести 1“, цитирајќи го дописникот на Кремљ, Павел Зарубин. Посетата ќе биде најдолгото странско патување на Путин од 2014 година.
Медиумите не прецизираа точни датуми, но дводневниот самит е закажан да започне на 31 август.
Според РТ, Пекинг ќе одржи големи комеморативни настани на 3 септември за да ја одбележи 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.
Путин ја прифати личната покана на Кси да присуствува на комеморацијата, а кинескиот лидер беше во Москва за да го одбележи Денот на победата во мај.
Планираната посета претходно предизвика шпекулации за можна средба меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп додека рускиот претседател е во Кина. Гласини за таква средба се појавија дури и пред самитот Путин-Трамп во Алјаска претходно овој месец, и ниту една страна експлицитно не ја исклучи, според РТ.
„Доколку се случи (Трамп) да биде таму, секако не можеме да исклучиме дека ќе се постави прашањето за оправданоста за одржување на средбата“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кон крајот на јули. Исто така, имаше шпекулации за можна трилатерална средба меѓу Путин-Трамп-Кси, но Москва сигнализираше дека нема информации за тоа.
„Не знаеме ништо за можноста за таква средба“, рече Песков.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин